ФАКТОР НА ДЕНОТ: Десет повредени од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

Објавено во: Македонија 18 Јуни, 2025 22:30
ПОВРЕДЕНИ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ ПРИМИЈА ПРП ТЕРАПИЈА БЕЗ ДА ОДАТ ВО СКОПЈЕ
Во Општата болница во Кочани е воведена ПРП терапија (терапија со плазма збогатена со тромбоцити), која се примени кај 10 пациенти повредени во пожарот во март. Медицинската интервенција ја изведе тим од болницата „Св. Наум Охридски“ од Скопје. Ова го соопшти директорот на ФЗО, Сашо Клековски.
„Ова е огромен чекор напред за здравствениот систем во регионот. ПРП терапијата од сега ќе може да се примени и во Кочани, без потреба пациентите да патуваат до Скопје“, соопшти Клековски.ТУФЕГЏИЌ БАРА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ТАТКОТО НА ВАЊА
Обвинението против Александар Ѓорчевски е во целост неосновано, неаргументирано, паушално и засновано на претпоставки кои не наоѓаат своја поткрепа во доказите на обвинителството. Одбраната докажа дека токму неосновано обвинетиот Александар како татко на детето Вања е жртва и оштетен во оваа постапка заедно со мајката Зорица и неговото семејство и докажа дека тој во критичниот период постапил на начин на кој би постапил секој родител во ситуација кога се трага и бара неговото исчезнато дете, порача во завршен збор бранителот на таткото на Вања, адвокатот Владимир Туфегчиќ, и побара Судот да го ослободи од обвинение.
Според одбраната, клучната теза и теорија на случај на застапникот на обвинението не е докажана, а тоа е мотивот, да се дадат парични средства на обвинетите за откуп на детето, ниту пак е изведен доказ во насока на дејствија на таткото за давање откуп или со кои се докажува негова комуникација и поврзаност со Љупчо Палевски.ВЕНКО КРСТЕВСКИ ПОДНЕСЕ КРИВИЧНИ ПРОТИВ УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ
ТРАМП НЕ ОДГОВОРИ ПРЕЦИЗНО ДАЛИ САД БИ ГО НАПАДНАЛЕ ИРАН
Можеби ќе го нападнам Иран, можеби и не, вели американскиот претседател Доналд Трамп.
„Не знаете дали воопшто ќе направам нешто. Не знаете. Можеби ќе го направам. Можеби нема“, им рече тој на новинарите.
Додаде дека Иран има многу проблеми и сака да преговара.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Можеби ќе ве интересира
Левица ќе го тужи Петар Богојески и ќе му поднесе кривична пријава

ВО ЗИМА ДИШЕМЕ ЗАГАДЕН ВОЗДУХ: Каква е состојбата во лето кога ќе пламнат пожарите?

„ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА НА СКОПЈЕ Е ЕПТЕН ФОКУСИРАНА САМО НА ОПШТИНА ЧАИР“: Дафина Стојановска вели дека таа игра туѓа политичка агенда, но го осуди насилството врз Арсовска

НИ МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО НЕ ЗНАЕ КОЛКУ ЛЕКАРИ РАБОТАТ БЕЗ ЛИЦЕНЦА: „Ако еден се појавил ги има и во други градови“

АРСОВСКА МУ ВОЗВРАТИ НА МЕЏИТИ: „Ќе ви се сруши врз глава криминалов, буквално!“

БРЗ ПРОДОР НА ПОСВЕЖА ВОЗДУШНА МАСА ОД СЕВЕР: Очекувајте невреме

Американската православна црква ја призна на МПЦ – Охридска архиепископија
