19 Април, 2024
0.0483

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Димитров ја обвини Бугарија дека го прекршила Договорот за добрососедство, граѓаните да се попишат на локации во својата општина

Објавено во: Македонија 24 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

ДИМИТРОВ ВЕЛИ ДЕКА НЕ МОЖЕ ДА ИМА НАПРЕДОК КОГА БУГАРИЈА УЦЕНУВА

Бугарија го прекршила членот 2 од Договор за добрососедство, изјави денеска Никола Димитров, вицепремиерот за европски прашања одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата на која се претстави трилатералниот проект за унапредување на дигитализацијата во Северна Македонија.

Тој вели дека не може да има напредок во разговорите за одблокирање на македонските евроинтеграции, бидејќи Бугарија нè уценува 

„Големиот проблем и во разговорите за историјата и во разговорите за другите аспекти каде имаме разлики е атмосферата на уцена. И македонскиот народ и бугарскиот народ имаат една изрека, ‘со сила нема убавина’. За вистинска блискост и за вистински напредок не може да стане збор ако опстане оваа атмосфера на уцена. Мора да има меѓусебна почит и разбирање на чувствителноста на другиот. Не може да имаме блискост и пријателство кога се уценува“, вели Димитров. 

Тој вели дека Бугарија го прекршила членот 2 од Договорот, според кој Софија ќе не поддржува и ќе ни помага на европскиот пат, а не да нè блокира и да ни одмага. 

ПОПИШЕТЕ СЕ НА ЛОКАЦИИ ВО ВАШАТА ОПШТИНА

Oние што не се попишале ќе можат тоа да го сторат на одредени локации во својата општина. 

Тие граѓани ќе можат да појдат на неколку локации во нивните општини и да се попишат. Локациите ќе бидат објавени на веб страницата на Заводот за статистика наменета исклучиво за пописот.

„Државниот завод за статистика од утре ќе им овозможи на граѓаните да можат да отидат на одредни локации во нивните општини и да ја завршат својата граѓанска и законска должност, со цел никој да не биде пропуштен во пописот“, изјави на денешната прес-конференција Јасмина Ѓоргиева од заводот за статистика.

Оваа можност се однесува на оние граѓани кои поради некоја причина не успеале во изминатите 20 дена да остварат контакт со попишувачот, односно попишувачот не ги нашол дома или не стапил со нив во контакт.

И ДЕНЕС НАД 500 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 3.858 тестирања, а регистрирани се 525 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 268, Куманово – 40, Струмица – 27, Штип – 25, Битола – 23, Охрид –17, Велес и Свети Николе – по 16, Кавадарци – 15, Кичево – 14, Прилеп и Кочани – по 10, Крива Паланка – 9, Гевгелија – 6, Струга – 5, Тетово и Радовиш – по 4, Неготино – 3, Гостивар, Берово, Валандово и Кратово – по 2, Ресен, Виница, Пробиштип, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.

Регистрирани сe 449 оздравени пациенти од: Скопје – 246, Куманово – 30, Струмица – 28, Штип – 20, Кавадарци – 14, Кичево – 13, Гостивар – 12, Велес и Свети Николе – по 10, Битола и Кочани – по 9, Прилеп, Тетово и Радовиш – по 7, Крива Паланка, Гевгелија и Ресен – по 5, Богданци – 4, Кратово и Виница - по 2, Неготино, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: 3 починати лица од Скопје (82г, 83г и 87г), по 2 починати лица од Куманово (75г и 65г) и Тетово (69г и 38) и по едно починато лице од  Прилеп (81г), Демир Хисар (71г), Кичево (70г), Штип (69г) и Делчево (60г).

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Временски период подолг од просечниот човечки живот е потребен за распаѓање на пластичните кеси.

Ефектите од глобалната криза во автомобилската индустрија се поприсутни во домашната економија, тврдат домашни познавачи коментирајќи ги најновите показатели кои укажуваат на силно забавување на производството на автомобили.

Надлежните државни институции мора брзо да им понудат гума за спас и да им укажат на компаниите дека е голем ризикот цената на струјата можеби уште од октомври да ги зголеми цените на нивните производи и услуги. 

На седум дена до финишот на најголемата статистичка операција во земјава, Пописот, веќе се попишани над 1,3 милиони граѓани, говорат вчерашните последни податоци.

Освен Град Скопје оваа фирма има активни договори од вредност од еден милион евра и со Царинска Управа и со МЕПСО

Хируршкиот колектив во ГОБ „8 Септември“ предупреди дека од понеделник нема да ги изведува закажаните неитни опереации, поради, како што денеска хирурзите наведуваат во отворено писмо упатено до директорот Христијан Костов, пациентите кои не се во животозагрозувачка позиција не можат да добијат термин за хируршка интервенција бидејќи во болницата функционираат само две операциони сали од вкупно шест.

Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож