20 Април, 2024
0.0269

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Филипче најави дека ќе се ограничуваат цените во приватните болници, на повидок е решение и за Законот за државјанство

Објавено во: Македонија 12 Април, 2021

Добивај вести на Viber

ЌЕ СЕ ОГРАНИЧАТ ЦЕНИТЕ ВО ПРИВАТНИТЕ БОЛНИЦИ ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА КОВИД ПАЦИЕНТИ

Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека на утринскиот состанок на Кризниот штаб бил прифатен прелогот да се направи измена на Законот здравствена заштита со која на приватните болници ќе се ограничи висината на финансиските средства за време на кризата, а тоа ќе се однесува само на лекување на ковид пациенти.

Како што изјави Филипче, главниот координативен кризен штаб утре до Владата ќе поднесе измени на Законот за здравствена заштита.

- Се донесе одлука да се направи измена во Законот за здравствена заштита со кој на приватниите болници ќе се направи ограничување висината на наплата на финански средства за времетраење на кризата, поточно за лекување на коронавирус. Го слушнавме апелот на граѓаните, и веќе утре на Владата ќе го поднесеме предлог законот за здравствена заштита, изјави Филипче.

ЗАЕВ ВЕЛИ ДЕКА НАШОЛ РЕШЕНИЕ СО СЕЛА И ГАШИ

Премиерот Зоран Заев по средбата со лидерите на коалицијата Алијанса и Алтернатива - Зијадин Села и Африм Гаши, објави дека до крајот на неделата ќе се оформи нов законскиот текст за државјанствата, а следната недела ќе се изјасни Собранието, без да дава повеќе детали.

Со тоа, премиерот најави дека ќе следува повлекување на амандманите за законите за петиот пакет на економски мерки од страна на опозициската коалиција.

- Станува збор за опфат на 2.727 барања за државјанство за 3.200 граѓани, од кои преку 1.500 се граѓани кои не живеат овде, туку само дошле, рече Заев и дополни дека најмногу од барањата се преку склучување на брак.

Тој додаде дека ќе следува анализа која ќе се прави до петок и дека нема да биде прифатен ниту еден законски прелдог од тековните поднесители, туку ќе се креира сосема нов.

ДЕНЕС ИМА 34 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 1.192 тестирања, а регистрирани се 193 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 110, Прилеп – 16, Кавадарци – 15, Куманово – 12, Штип -9, Тетово – 7, Кочани и Кичево – по 4, Велес – 3, Битола, Струга и Дебар – по 2, Охрид, Струмица, Неготино, Гевгелија, Свети Николе, Валандово и Македонски Брод - по 1.

Регистрирани се 1.014 оздравени пациенти. 

ПРЕМИЕРОТ ТВРДИ ДЕКА ЗАКОНОТ ВАЖИ ЗА СИТЕ

Премиерот Зоран Заев рече дека уапсениот Александар Ушилковски, кај кого била пронајдена поголема количина на пари и оружје, по акцијата на МВР за заплена на канабис во вредност од 800.000 евра на Плетвар, не е вработен во фирмите на неговата фамилија, ниту дека му бил возач на братучедот и бизнисмен Трајче Заев.

„Мојот прв братучед имаше јавен коментар и јас разговара со него Лицето Александар не работи за фирмите на Заеви ниту комбето е наше, тоа е со грчки регистарски таблички. Александар можел да дружи со мојот братучед, но законоот важи за сите. Заврши таа табу-тема, дали го има на фотографии и дали со некого пие кафе, но ако прекршил закон, ќе ја сноси одговорноста“, рече Заев.

МАРИЧИЌ Е ГОРД НА „ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА“

Бојан Маричиќ, министерот за правда, на денешната панел-дискусија за петгодишнината од формирањето на „Шарената револуција“ рече дека од денешен аспект е горд на тоа што никогаш на протестите организирани од ова движење не било користено насилството и тие останале доследни.

„Особено сум горд на повеќемесечните протести, кои во ниту еден момент не се приклонија кон насилство. Протестите кои пак кулминираа со 27 април сакаа да го легитимираат насилството“, рече министерот во дискусијата.

ВЛАДАТА ГИ ОБЈАВИ ХОНОРАРЦИТЕ

Листата професионални соработници потврдува дека нема „тајни хонорарци“, туку транспарентно ангажирани стручни лица за извршување задачи за Владата преку кои институциите им служат на граѓаните, велат од Владата. 

Од списокот се гледа дека добиле надомест од 20.000 до 60.000 денари. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Државата со околу 180 милиони евра севкупно ги помогнала претпријатијата, односно стопанството, во справувањето со Ковид-19 во текот на 2020, доколку се земат посебните ставки за доделување на државна помош што ги објави Комисијата за заштита на конкуренцијата во годишниот извештај.

Акцијата на фармацевтската компанија „Реплек“ очигледно дека влегува во фокус на инвеститорската јавност. 

Ниту еден акционер не побара разрешување на Управниот и на Надзорниот одбор на Реплек, тврдат денеска од компанијата во дополнување на известувањето во врска со годишното собрание на акционери.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите