29 Септември, 2024
0.0286

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Има над 1.300 заразени, детектирани се 33 случаи на омикрон и 3 на флурон

Објавено во: Македонија 05 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

ИМА НАД 1.300 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 7.188 тестирања, а регистрирани се 1.375 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 852, Битола – 135, Прилеп – 70, Куманово и Кавадарци – по 38, Охрид и Штип – по 25, Струмица – 21, Ресен – 18, Тетово и Гевгелија – по 14, Неготино – 13, Гостивар, Велес и Радовиш – по 10, Валандово – 9, Пробиштип, Демир Хисар и Крушево - по 8, Кичево и Богданци – по 7, Делчево и Крива Паланка – по 6, Кочани –  5, Струга, Виница, Македонски Брод и Свети Николе – по 3, Дебар, Кратово и Пехчево  – по 2.

33 СЛУЧАИ НА ОМИКРОН И 3 НА ФЛУРОН

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје се направени анализи за детекција на сојот Омикрон на вирусот SARS CoV2. 

„Од изработени 56 примероци позитивни на SARS CoV2, 33 се позитивни на  Омикрон варијантата на вирусот, што изнесува 59% од позитивните примероци. Оваа варијанта е детектирана кај 16 пациенти од Скопје, 10 од Охрид, 4 од Тетово, 2 од Кавадарци и 1 од Кочани. Кај тројца пациенти од Скопје истовремено е детектирана комбинација од двата вируса Influenza A i SARS CoV 2“, стои во соопштението.

ПОЛИТИЧКИ ПОРАКИ ОД БУГАРИЈА

За Бугарија, иднината на Европа ја исклучува опцијата „Европа со две брзини“ Преговарачката рамка за Република Северна Македонија мора да содржи гаранции дека Договорот од 2017 година ќе биде имплементиран и во однос на опфатот на зедничката историја во учебниците и во поглед на - како што никој не може да го оспори правото на некои од денешните граѓани на РС Македонија да се самоидентификуваат како Македонци, така не е прифатливо да се оспорува самоопределувањето на нивните предци како Бугари. Плашејќи се од историската меморија на нејзините граѓани, не ја достигна потребната демократска зрелост за да ги започне преговорите за членство во ЕУ. Коридорот 8 не е само транспортен проект туку и геополитичка порака.

Ова во интервју за БГНЕС го изјави амбасадорот на Бугарија во Обединетото Кралство, Марин Рајков, премиер и министер за надворешни работи во 2013 година.

Треба да ги ставиме сите дискусии на сите вин-вин ситуации меѓу двете земји, вели бугарски премиер Кирил Петков во интервју за ТВ Блумберг. 

Toj ветува дека ќе го прекине дипломатскиот ќорсокак околу пристапните разговори на Македонија со Европската унија. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

За време на празниците, кога имаме полни трпези со секакви јадења, граѓаните често знаат да претераат со храна и алкохол.

Акционерите на„7 Ноември“ донесоа одлука за продажба на половина од уделите во фирмата-ќерка „Гепластик“! Почетната цена за продажба на половина од сите удели на најголемиот производител на пластични гајби во земјава е 194.000 евра

Регулаторната комисија за енергетика нема ингеренции, согласно Законот за енергетика, да ги казни или да преземе било какви мерки против снабдувачите со електрична енергија, кои сега, во налетот на растот на цените на струјата на светските берзи, еднострано им ги раскинуваат договорите на компаниите кои претходно ги склучиле на подолг период. Со тоа овие компании се оставени буквално на цедило, и се уценувани од тој снабдувач дека доколку сакаат од него да набавуваат струја, мораат да прифатат тој да ги снабдува по пазарни цени.

Електрани на Северна Македонија подружница Енергетика склучиле на 23 декември минатата година рамковна спогодба со скопската компанија Флекс повер вредна 1,2 милиони евра без претходно објавување на оглас за јавна набавка. За таа сума фирмата се ангажира да прави сервисирање на гасните мотори.

Периодот на настинки и грипови им донесе полни раце работа на матичните лекари. Дополнително на ваквата состојба, бројот на новозаразени со корона вирусот бележи огромен скок, а последните бројки коиндицираат со огромниот број новогодишни прослави, неконтролирани собирања со исклучително лабави антиковид мерки. 

Владата во последните денови од изминатата година ги исплати договорените проценти како поврат за инвестирањата што ги вложија домашните и странските претпријатија и покрај ковид-кризата.

Можеби ќе ве интересира

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО