24 Април, 2024
0.0729

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Има промени во разговорите меѓу Русија и Украина, Зеленски вели дека компромисите би оделе на референдум

Објавено во: Свет 21 Март, 2022

Добивај вести на Viber

НОВИ МОМЕНТИ ВО РАЗГОВОРИТЕ МЕЃУ РУСИЈА И УКРАИНА

Сите компромиси со Русија ќе треба да бидат ставени на референдум во Украина, вели украинскиот претседател Володимир Зеленски. 

Коментарот Зеленски го даде за време на интервју за украинскиот радиодифузер Суспилне. 

„Украина не може да прифати никакви руски ултиматуми за запирање на војната“, изјави Зеленски во интервју за украинската радио телевизија.

Вели дека Москва, на пример, сакаше градовите Харков, Мариупол и Киев да се предадат. 

„Но, ниту жителите на Харков, ниту оние на Мариупол, ниту оние на Киев, ниту јас како претседател, не можеме да го сториме тоа“, нагласи тој.

Зеленски во вторник ќе се обрати пред италијанскиот парламент преку видео врска, а во среда пред францускиот парламент.

Напади имаше во Одеса, Киев, Запорожје. 

Руските сили погодија автобус со цивили. 

Гувернерот на украинската област Запорожје, Олександр Старух денеска изјави дека во одвоени инциденти повредени се четири деца.

Има промени во преговорите меѓу Русија и Украина. 

„По 26 дена војна, има одредени промени во мировните преговори“, изјави украинскиот преговарач Михајло Подољак за Би-Би-Си. 

Вели дека отпорот на Украина ја принуди Русија поадекватно да ја процени реалноста на ситуацијата, што помогна да се поттикне некој вид дијалог. 

БЕЛОРУСИЈА МОЖЕ ДА ЈА НАПАДНЕ УКРАИНА?

Висок разузнавач на НАТО вели дека Белорусија, близок руски сојузник, наскоро би можела да ја нападне Украина и се подготвува да и дозволи на Русија да распореди нуклеарно оружје на белоруска територија. 

Официјалниот претставник, кој сакаше да остане анонимен, истакна дека Алијансата е загрижена дека белоруски трупи би можеле да се приклучат на борбата во Украина.

ДЕНЕС ИМАМЕ ПОМАЛКУ ОД 100 ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 965 тестови, а регистрирани се 64 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 50, Прилеп и Кавадарци – по 5, Битола, Тетово, Крива Паланка и Виница – по1.

Од вкупниот број на позитивни (64), регистрирани се 12 реинфекциии.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Дарина Фес, украинска уметница, за да се спаси од војната, прво го напуштила главниот град на Украина, Киев, потоа заминала во Лавов, за да на крај отиде во Унгарија заедно со својата свекрва, каде сега почнала да работи со цел да си помогне себеси и на семејството.

Како Европа и поголем дел од светот ќе се справат со огромните кусоци на пченица, пченка, сончогледово масло? И како ќе се соочиме со најсилниот удар врз проиводството на храна кој ќе го диктира целосната забрана за увоз на вештачки ѓубрива (фертилизатори) во комбинација со изгор-скапиот природен гас кој е неопходен во производството на уреа?

Ќе има нови вработувања во Министерството за одбрана. Во таа институција објавен е оглас за прием на шест нови кадри, чии плати ќе се движат од 22 до 33 илјади денари.

Алија Камбероски, поранешен пратеник на владеачката коалиција од изминатиот состав, стана в.д.директор на Дирекцијата за радијациона сигурност на местото на Светислав Ѓорѓевиќ со решение од Владата.

Од една криза, светот влезе во уште поголема неизвесност откако Русија почна инвазија на Украина. Сведочиме на раст на цените на енергенсите, на електричната енергија, но и на многу неизвесности за кои тешко може да се предвиди колку ќе се длабоки и колку ќе траат.

Денеска и официјално почнува караванот за вакцинација против корона вирусот, а целта на здравствените власти е што поголем процент на вакцинирано население. Сепак, граѓаните кои и досега не успејаа со ништо да ги убедат да се вакцинираат, велат дека во ситуација на се постабилна епидемиолошка состојба, нема логика да го сторат тоа.

Можеби ќе ве интересира

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница