28 Март, 2024
0.0678

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Има решение за парното греење, радијаторите остануваат топли до крајот на грејната сезона

Објавено во: Македонија 14 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

ИМА РЕШЕНИЕ ЗА ПАРНОТО ГРЕЕЊЕ

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи изјави дека почна процесот за решавање на пробелемот со парното греење. 

Вели дека Владата го заштити интересот на граѓаните. 

„Радијаторите ќе останат топли до крајот на грејната сезона“, рече тој. 

Министерот за економија, Крешник Бектеши вели дека проблемот е решен и ќе има непрекината испорака на парно греење. Донесена е уредба за прогласување на кризна состојба, и Владата ќе обезбеди средства за субвенции на сметки за топлинска енергија. Владата преку ЕСМ ќе го стабилизира пазарот. 

„ТЕ-ТО ќе произведе дополнителна топлинска енергихја, покрај електричната, со што ќе се обезбеди квалитетно и исплатливо снабдување“, рече министерот. 

Ќе има деловно техничка соработка помеѓу БЕГ и ЕСМ.

Претседателот на Регулаторната комисија на енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски изјави дека во наредниот период ќе има одлука за реалната цена на топлинската енергија. Владата ќе помогне, а се надева дека и Град Скопје и општините ќе дадат поддршка и ќе покажат елементарна солидарност. 

ВИСОКА БРОЈКА НА ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 6.928 тестови, а регистрирани се 1.732 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 788, Битола – 159, Прилеп – 95, Куманово – 79, Охрид – 57, Кавадарци – 47,

Велес – 45, Кичево – 38, Тетово – 35, Штип – 34, Струмица – 33, Ресен – 31, Гостивар – 30, Неготино – 29, Гевгелија – 27, Кочани – 26, Радовиш – 24, Делчево и Крушево – по 20, Струга – 18, Валандово – 16, Демир Хисар – 14, Свети Николе – 13, Берово – 12, Богданци – 11, Крива Паланка – 10, Пробиштип – 5, Дебар, Виница и Кратово – по 3, Македонски Брод, Демир Капија и Македонска Каменица – по 2, Пехчево - 1 .

БЕБЕ ПОЧИНАЛО ОД КОРОНА

ИЈЗ денеска во извештајот доставен до МЗ, пријави починато дете на шест месечна возраст, кое во регистарот Мој Термин е заведено дека починало на 03.01.2022. Според податоците добиени од Клиниката за детска хирургија, станува збор за дете со вродена аномалија на черепот. Доенчето е примено на Клиниката за Неврохирургија заради оперативна интервенција. По добивање на ковид позитивен тест, детето е ставено во изолација на респираторна машина и е ординирана соодветна терапија. Со цел постоперативно третирање детето е хоспитализирано на Клиника за детска хирургија. По континуиран период на лоша општа состојба (со настаната респираторна и хепатална инсуфициенција и тестови со наод во прилог на дисеминиранта интраваскуларна коагулопатија) во текот на престојот на Клиниката, на 03.01.2022 доаѓа до дополнително влошување на општата состојба. Лекарите на Клиниката ги превземале сите мерки за интензивно лекување и реанимација, но и покрај тоа малиот пациент почина. 

67 АВГАНИСТАНЦИ СТИГНАА ВО МАКЕДОНИЈА

На Меѓународниот аеродром Скопје денеска пристигна група од 67 граѓани на Авганистан, вработени во организациите Национален демократски институт (NDI) и Националната фондација за демократија (NED) и членови на нивните семејства.

Од Владата велат дека продолжувајќи ја својата активна улога на солидарна земја, Северна Македонија им обезбеди привремен престој до заминување во трета држава. Ова е дел од меѓународната операција за помош на демократското авганистанско население кое е во опасност од талибанските власти.

МИЈАЛКОВ ПОВТОРНО ЗАРАЗЕН СО КОВИД

Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, денеска не присуствуваше на рочиштето за случајот „Плацеви на Водно“ откако неговата одбрана пријави дека бил позитивен на Ковид-19.

На 14 октомври 2020 објавено беше дека е позитивен за рочиштето во случајот „Таргет Тврдина“, а во меѓувреме на крајот од февруари 2021 рече дека не сакал да бега од земјата, туку дека бил во изолација од здравствени причини.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Никола Димитров имал државни функции во речиси сите македонски влади во досегашната историја вклучувајќи ги премиерите Црвенковски, Георгиевски, Груевски и Заев. Единствено новиот мандатар Ковачевски немал доверба во овој вечен функционер.

Владата во донесената програма за задолжителна имунизација за 2022 наведува дека потребни се уште 15 милиони евра за подмирување на обврските кон производителите Фајзер, институтот Гамалеја и Ковакс-механизмот за набавката на вакцините против Ковид-19 според склучените договори во текот на изминатата година.

Нов свеж капитал за спас на АД Водостопанство на Македонија. Државното акционерско друштво ќе издаде хартии од вредност по пат на приватна понуда. Третата емисија веќе ја одобри Комисијата за хартии од вредност, а според проспектот ќе бидат издадени 93.000 обични акции во вкупна вредност од 93 милиони денари или 1,5 милиони евра.

Професионалноста пред сè и високата стручност на целиот тим на ПЗУ „Срце“ составен од експерти од повеќе гранки на медицината, а предводен од д-р Горан Николов, се примарни кај илјадниците пациентите кои за здравствените услуги, но пред се за хуманиот пристап ги даваат највисоките оценки на Центарот за внатрешни болести „СРЦЕ”.

ТЕЦ Неготино произведува струја по цена од околу 150 евра за мегаватчас. Таа струја ЕСМ ја продава на ЕВН Снабдување за 40 евра за мегаватчас.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење