27 Септември, 2023
0.0359

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Инфлацијата ќе продолжи, а минималецот ќе порасне идната година

Објавено во: Економија 23 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

ИНФЛАЦИЈАТА ЌЕ ПРОДОЛЖИ И ВО 2023 ГОДИНА

Следната година домашната економија ќе порасне за 2,3 проценти, а во 2023 година се очеквуа раст од 2,6 отсто. Инфлациајта пак се очекува да биде и понатаму висока, просечна годишна стапка од 14,3 проценти за 2022 година, а намалување во 2023 година. Ова го соопшти Народна банка на денешната конференција по редовната седница. 

- Изгледите за растот на домашната економија се коригирани надолу. Во услови на исклучително голема променливост на претпоставките и висока неизвесност, изготвени се две сценарија. Според основното сценарио, стапките на раст изнесуваат 2,3% и 2,6% за 2022 и 2023 година, соодветно, поддржани од домашните фактори поврзани со најавените инфраструктурни инвестиции и инвестициите за проширување на капацитетите кај дел од извозниот сектор. Доколку оваа поддршка биде послаба од очекувањата, имајќи го предвид понеповолното надворешно окружување, во второто сценарио економските изгледи ќе изнесуваат 2 отсто и 1,8 проценти за оваа и за следната година. На среден рок, се предвидува зголемување на растот на БДП на 3,6 отсто во 2024 година и на 4 проценти во 2025 година.Ризиците околу проектираната патека на растот се надолни и ќе зависат главно од надворешното окружување - прецизираше гувернерката Анита Ангеловска - Блажеска. 

ИДНАТА ГОДИНА ЌЕ ПОРАСНЕ МИНИМАЛЕЦОТ

За неколку месеци ќе имаме зголемување на минималната плата. Сегашните 300 евра се премалку за задоволување на потребите. 

„Веќе во март следната година ќе имаме ново зголемување на минималната плата и ново покачување на пензиите“, изјави денеска пратеничката од СДСМ Даниела Колева на прес-конференција во Собранието.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2022 година, изнесувала 32.553 денари.

ВЛАДАТА ПОЧНА ПОСТАПКА ЗА ОДЗЕМАЊЕ НА ДРЖАВЈАНСТВОТО НА ОНИШЧЕНКО

Владата иницира постапка за одземање на државјанството на Александр Онишченко.

Владата ја информира јавноста дека во согласност со членот 14 од Законот за државјанство на Република Северна Македонија, побара да започнат активности за поништување на решението за прием во државјанство на Северна Македонија за лицето Александр Онишченко.

„Владата го иницираше барањето за одземање на државјанство на Онишченко, по одржаната владина седница на којашто Агенцијата за национална безбедност информираше за случајот“, соопштија од Владата. 

НАПАДИ ВО УКРАИНА, А ПОЛА МОЛДАВИЈА Е БЕЗ СТРУЈА

Половина Молдавија остана без струја по руските напади на Украина. 

Вицепремиерот Андреј Спину кажа дека руските ракетни напади врз енергетската инфраструктура на Украина предизвикаа прекин на испорака на струја во половина Молдавија. Полицијата и молдавската компанија која снабдува електрична енергија на југот и центарот на земјата побараа од луѓето да останат смирени.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Поради инфлацијата во Европа, жителите на многу земји мораат да си ги пуштат нозете колку што им е долга чергата.

Директорот на Топланата Скопје Север, Куштрим Рамадани, за Фактор потврди дека таа топлана користи комбинирано и гас и мазут, но нагласува дека мазутот првенствено се употребува за проверка на постројките, за во случај топланата да не може да обезбеди гас за своето работење. Според него, проверките мора да се направат, бидејќи топланата одамна го нема користено мазутот како енергенс.

Од почетокот на оваа и од крајот на минатата недела со работа започнаа виртуелните производители на електрична енергија во земјата, откако операторот на пазарот МЕМО ги запиша првите учесници во регистерот.

Владата со пет милиони евра во следните три години ќе субвенционира авиолетови. Согласно последната програма за определување средства потребни за доделување финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Македонија на домашни и странски превозници за периодот 2023 до 2025 година, за оваа намена се издвојуваат 312.420.000 денари или пет милиони евра.

Тимот што победува не се менува! Менаџерите на „Алкалоид“ добија нов 6 годишен мандат и дадоа отчет за сработеното досега при што особено се истакнува тоа што профитот е удвоен, а консолидираната продажба зголемена за 60 отсто. И што е најважно за инвеститорите дивидендата од 2015 до 2021 година растеше просечно годишно со стапка од 12 отсто!

Белите дробови на 45 годишниот Благојче Иливески од Битола едвај му овозможуваат да земе здив. Ретката болест, цистична фиброза, речиси целосно му ги нагризала овие органи, но  мултисистемското заболување со кое цели 10 години се бори Илиевски освен што го уништува неговиот респираторен систем, тешки последици остава и на дигестивниот систем, органите за варење и жлездите со внатрешно лачење.

Можеби ќе ве интересира

„Десфа“ е избрана за надзорник на изградбата на гасоводот помеѓу Македонија и Грција

„Десфа“ е избрана за надзорник на изградбата на гасоводот помеѓу Македонија и Грција

ПРАЗНИТЕ КЕСИ НЕ СЕ ПОЛНАТ НИТУ СО НАМАЛЕНИ ЦЕНИ: Граѓаните негодуваат, повтинувањата се минорни

ПРАЗНИТЕ КЕСИ НЕ СЕ ПОЛНАТ НИТУ СО НАМАЛЕНИ ЦЕНИ: Граѓаните негодуваат, повтинувањата се минорни

СВЕТОТ ЗА ОВА НЕ Е ПОДГОТВЕН: Глобално предупредување

СВЕТОТ ЗА ОВА НЕ Е ПОДГОТВЕН: Глобално предупредување

Турската лира колабира во однос на доларот

Турската лира колабира во однос на доларот

Пијалоците од утре поевтинуваат за 10 отсто

Пијалоците од утре поевтинуваат за 10 отсто

Владата ги ограничи профитните маржи за овошјето и зеленчукот

Владата ги ограничи профитните маржи за овошјето и зеленчукот

Македонија2025 собра 1,3 милиони долари на гала вечера во Чикаго – македонската дијаспора со поддршка за развој на лидерство, едукација и македонските бизниси

Македонија2025 собра 1,3 милиони долари на гала вечера во Чикаго – македонската дијаспора со поддршка за развој на лидерство, едукација и македонските бизниси

ПОЧНАЛА БЕЗ КУНА ВО ЏЕБОТ, А ДЕНЕСКА ПРОИЗВЕДУВА 120 ИЛЈАДИ ЛИТРИ ПИВО ГОДИШНО - успешна приказна на една задруга

ПОЧНАЛА БЕЗ КУНА ВО ЏЕБОТ, А ДЕНЕСКА ПРОИЗВЕДУВА 120 ИЛЈАДИ ЛИТРИ ПИВО ГОДИШНО - успешна приказна на една задруга

ГЕРМАНИЈА ЌЕ ГРАДИ 400.000 НОВИ СТАНОВИ ГОДИШНО, 100.000 ЌЕ БИДАТ СОЦИЈАЛНИ: Владата инвестира 45 милијарди евра

ГЕРМАНИЈА ЌЕ ГРАДИ 400.000 НОВИ СТАНОВИ ГОДИШНО, 100.000 ЌЕ БИДАТ СОЦИЈАЛНИ: Владата инвестира 45 милијарди евра