29 Септември, 2024
0.0270

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ја испраќаме 2021, во новата година граѓаните ќе плаќаат поскапо за парното

Објавено во: Македонија 31 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

ПОЛИТИЧАРИТЕ ЈА ЧЕСТИТАА НОВАТА ГОДИНА

Политичарите ја честитаат Новата година на граѓаните со желби за среќа, добро здравје и успех. 

Општество кое сите ќе бидеме еднакви пред законот и ќе се грижиме за послабите, во кое ќе се вреднуваат и наградуваат доблесните, а во кое младите ќе сакаат да останат, посака претседателот на државата,  Стево Пендаровски. 

Во неа тој прави и осврт на 2021 велејќи дека испраќаме уште една година што ја поминавме со пандемијата која одзеде многу животи и година во која во две големи несреќи загубивме многу наши сограѓани – загуби какви што одамна не паметиме.

ПАРНОТО ПОСКАПУВА

Парното ќе поскпи за 14 отсто. Со ова се враќаме на ниво на цена на топлинската енергија од 2018 година. 

За истиот процент ќе се зголеми цената и на топланите Скопје Север и Железара, бидејќи енермно е зголемен трошокот за природен гас и за овие топлани.

Ова на денешната пресконференција го соопшти Марко Бислимовски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

РКЕ не може да прифати високи ценовни шокови за граѓаните, рече тој, наведувајќи дека цената на гасот на светските берзи е многу повисока, но се направиле нпори овој ценовен товар да не биде многу висок за кориснците на топлинска енергија.

ЗА 24 ЧАСА ИМА НАД 500 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Во последните 24 часа се направени се 5.990 тестирања, а регистрирани се 542 нови случаи на КОВИД-19, информира Министерството за здравство.

По градови во Скопје има 280 нови случаи, Битола – 52, Охрид – 32, Кавадарци – 31, Прилеп – 28, Струмица – 20, Куманово – 13, Гевгелија – 11, Кичево – 9, Штип и Ресен – по 8, Валандово – 7, Велес – 6, Струга и Неготино – по 5, Тетово и Радовиш – по 4, Кочани – 3, Крива Паланка, Делчево, Демир Хисар, Македонски Брод и Демир Капија – по 2, Гостивар, Свети Николе, Пробиштип, Кратово, Богданци и Македонска Каменица – по 1.

Регистрирани сe 298 оздравени пациенти, а во текот на изминатите 24 часа починале 7 лица. Од починатите од Скопје се тројца на 57г, 64г и 81г), две починати лица од Битола (46г и 80г) и по едно починато лице од Охрид (76г) и Прилеп (73г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Посетите на високите странски делегации на земјава - претседатели, премиери, министри, но и други значајни претставници на меѓународни организации, покрај официјалните прес конференции и формални изјави, речиси секогаш имаат и една поведра и позабавна страна.

Многу предизвици успеавме да надминеме, уште многу се пред нас. Какви се очекувањата за 2022 година на едни од најуспешните луѓе во земјава, прашуваме во деновите кога истекува 2021 година. Драгољуб Арсовски, претседател на УО и Генерален директор на ТТК банка вели дека банката ќе продолжи да ја спроведува својата деловна стратегија, издржливо и цврсто и втемелена на фокусот кон потребите на клиентите

Добитник на наградата Акција на годината по избор на јавноста е издавачот Алкалоид. Наградата ја одбра токму инвеститорската јавност, но и воопшто граѓаните кои учествуваа на он лајн анкетите кои одвоено беа поставени на веб страниците на Македонска берза и интернет порталот Фактор кој беше партнер на берзата во доделувањето на оваа награда.

Тие се личности кои секако имаат белег, свој придонес за процесите во земјава во 2021 година. Но за Фактор одговараат кои се според нив тројцата кои ја одбележаа годината што изминува - можеа да се личности ама може да се и компании, институции. Ова е изборот на Христијан Мицкоски претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните на Македонија денеска ќе го прослават доаѓањето на Новата 2022 година без строги антиковид мерки. Ќе се слави и во локалите, кафулињата, рестораните, како и на плоштадите.

Владата на 24 декември вонредно им исплати 2,6 милиони евра на акционерските друштва во државна сопственост Железници на РСМ Транспорт и Водостопанство.

Откако почна пандемијата на коронавирусот, се чувствува и намалување на еуфоријата по повод празниците кои ни претстојат.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала

„Гледаме дека претседателот на Собранието има двојни стандарди“: Спасовски за законот за бранители - време е да се затвори ова прашање

„Гледаме дека претседателот на Собранието има двојни стандарди“: Спасовски за законот за бранители - време е да се затвори ова прашање

ПРЕТРЕСИ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ НИЗ ОХРИД - едно лице зад решетки поради изнуда и лихварство

ПРЕТРЕСИ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ НИЗ ОХРИД - едно лице зад решетки поради изнуда и лихварство