25 Април, 2024
0.0302

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски се сретна со Петков, Радев, Борисов, потпишани се повеќе меморандуми

Објавено во: Македонија 25 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

КОВАЧЕВСКИ НА СРЕДБА СО ДРЖАВНО - ПОЛИТИЧКИОТ ВРВ ВО БУГАРИЈА

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски по потпишувањето на меморандумите на работните групи во рамки на меѓувладината седница со членовите на бугарската влада рече дека се поставени и конкренти рокови во соработката, а еден од нив е во догледно време да има и прва меѓувладина конференција со ЕУ. 

Со оваа изјава Ковачевски на заедничката попладневна прес-конференција со бугарскиот премиер Кирил Петков алудираше на тоа дека извесно е тргнувањето на блокадата од страна на Бугарија со што ќе се отвори патот за добивање на датум за почеток на преговорите со ЕУ.

Тој рече дека, како и на минатонеделната средба во Скопје, и во Софија се отвориле политички теми, но сепак дека  доминирале оние кои ги опфаќаат работните групи, како што се енергетиката, економијата, трговијата, туризмот, природните науки, образованието итн.

Претседателот на ГЕРБ и поранешен бугарски премиер Бојко Борисов на премиерот Димитар Ковачевски му порачал веднаш да ги решат тешките прашања и да не ја направат грешката која тие ја направиле, објави БГНЕС.

Борисов рекол дека целиот демократски западен свет го поздравил потпишувањето на Договорот за пријателство и добрососедство меѓу Бугарија и РСМ во август 2017.

„Не ја одложувајте клучната тема за крај. Тоа беше наша грешка. Мора веднаш да се решат важни прашања поврзани со историјата и јазикот на омразата. Фатete го бикот за рогови. Решете ги веднаш“, рекол Борисов. 

РАШКОВСКИ СЕДНА НА ОБВИНИТЕЛНА КЛУПА

Почетокот на судењето за случајот „Софтвери“ против поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски и шест други лица беше одложено денеска поради отсуство на обвинетата Маја Силјановска

Неговата одбрана се жали на доказите, за кои Рашковски вели дека се прибрани на незаконски начин. Тој тврди дека не стекнал средства на незаконски начин и дека се што поседува сега, поседувал и пред да биде генерален секретар. 

ИСТРАГАТА ВО БУГАРИЈА ЛОЦИРАШЕ ВИНА КАЈ ВОЗАЧОТ НА АВТОБУСОТ НА „БЕСА ТРАНС“

Заменик бугарскиот главен обвинител Борислав Сарафов изјави дека возачот на автобусот на „Беса транс“ е виновен за несреќата на автопатот „Струма“ во која загинаа 45 луѓе. Ова е финален заклучок од истрагата што се водеше во Бугарија.

Обвинителот вели дека по ова, останува да бидат известени роднините на загинатите, кои имаат право да се запознаат со материјалите од истрагата.

ДЕНЕСКА РЕКОРДЕН БРОЈ ЗАРАЗЕНИ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 6.193 тестови, а регистрирани се 2.341 нов случај на КОВИД-19:

Скопје – 1.146, Битола – 185, Кавадарци – 115, Куманово – 101, Велес – 92, Тетово – 74, Прилеп – 72, Гевгелија – 65, Гостивар – 49, Кичево – 45, Охрид и Неготино – по 43, Валандово – 31, Радовиш – 29, Ресен – 28, Кочани – 27, Струмица и Струга  - по 25, Штип – 20, Делчево – 17, Свети Николе – 16, Богданци – 15, Виница – 10, Крива Паланка, Берово и Демир Капија  - по 9, Демир Хисар – 8, Кратово и Пехчево – по 6, Македонски Брод и Македонска Камница – по 5, Крушево – 4, Пробиштип – 3, Дебар и Дојран – по 2.

Од вкупниот број на позитивни (2.341), регистрирани се 308 реинфекции, од кои една втора реинфекција.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Познатите струмички бизнисмени - синот Горан Крстев и таткото Симеон Крстев, продолжуваат да покажуваат сигнали на интерес во бизнисот со електрична енергија. 

Акционерското друштво Национални енергетски ресурси, или скратено АД НЕР, изби на позицијата убедливо најголем должник во државава од јавниот сектор. Ова акционерско друштво во државна сопственост до крајот на минатата година натрупало неплатен долг од дури 83 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

ЗАМИНА УШТЕ ЕДНА ЛЕГЕНДА - почина познатиот менаџер Велибор Џаровски - Џаро

ЗАМИНА УШТЕ ЕДНА ЛЕГЕНДА - почина познатиот менаџер Велибор Џаровски - Џаро

ГРАЃАНИТЕ ГО ОТПИШАА СДСМ, ДА ЗАПНЕМЕ СИТЕ ЗАЕДНО ДА ГИ ОТПИШЕМЕ И ДУИ: Ангелов вели сега или никогаш

ГРАЃАНИТЕ ГО ОТПИШАА СДСМ, ДА ЗАПНЕМЕ СИТЕ ЗАЕДНО ДА ГИ ОТПИШЕМЕ И ДУИ: Ангелов вели сега или никогаш

„Ако ЕУ барем малку нѐ почитува, ќе забрани азил на македонски функционери“: еве што вели доктор Беќаровски

„Ако ЕУ барем малку нѐ почитува, ќе забрани азил на македонски функционери“: еве што вели доктор Беќаровски

„Ај честито влез во БРИКС во комбинација со нова преговарачка рамка со ЕУ“: Колозова распали по изборните резултати, еве што вели

„Ај честито влез во БРИКС во комбинација со нова преговарачка рамка со ЕУ“: Колозова распали по изборните резултати, еве што вели

МАКСИМ ПОБЕДИ ВО КУМАНОВО, ЈАКИМОВСКИ ГО ЗАГУБИ КАРПОШ, ТАРАВАРИ СО ТЕСНА ПОБЕДА ВО ГОСТИВАР: Попрецизна анализа на изборниот исход

МАКСИМ ПОБЕДИ ВО КУМАНОВО, ЈАКИМОВСКИ ГО ЗАГУБИ КАРПОШ, ТАРАВАРИ СО ТЕСНА ПОБЕДА ВО ГОСТИВАР: Попрецизна анализа на изборниот исход

„НАБРГУ ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА СЕ САМО НОВО ПАКУВАЊЕ НА ИСТА МАТРИЦА“: Ванковска вели дека изборот е социјализам или варварство

„НАБРГУ ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА СЕ САМО НОВО ПАКУВАЊЕ НА ИСТА МАТРИЦА“: Ванковска вели дека изборот е социјализам или варварство

„ПРОФЕСОРКАТА СИЛЈАНОВСКА ГО ПРЕГАЗИ СТЕВО КАКО АВТОБУС“: Со коментар на изборите се јави и Грчева

„ПРОФЕСОРКАТА СИЛЈАНОВСКА ГО ПРЕГАЗИ СТЕВО КАКО АВТОБУС“: Со коментар на изборите се јави и Грчева

ВО НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 28 СТЕПЕНИ: Доаѓа очекуваното затоплување

ВО НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 28 СТЕПЕНИ: Доаѓа очекуваното затоплување

ДИК ГИ КОМПЛЕТИРАШЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ: Гордана убедливо најмногу гласови, еве ги точните бројки

ДИК ГИ КОМПЛЕТИРАШЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ: Гордана убедливо најмногу гласови, еве ги точните бројки