29 Март, 2024
0.0257

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Лажна дојава за бомба во МНТ, полицијата го бара лицето кое пријавило

Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

ЛАЖНА ДОЈАВА ЗА БОМБА ПРЕДИЗВИКА ПАНИКА 

МВР ги направи потребните проверки и утврдено е дека пријавата за напад е лажна. 

„Се преземаат мерки за утврдување на пријавата и преземање на соодветни мерки и санкции против личноста која лажно пријавила. Им благодариме на граѓаните за трпението, и на медиумите за професионалниот однос кон ситуацијата“, велат од полицијата. 

Попладневно МНТ и околните институции беа евакуирани по дојава за бомба. 

БУГАРСКА МИНИСТЕРКА ГИ СООПШТИ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД УВИДОТ ЗА АВТОБУСКАТА НЕСРЕЌА

Министерката за регионален развој на Бугарија, Виолета Комитова, како што и се очекуваше, денеска ги соопшти резултатите од увидот на патот Драгичево-Долна Дикања, каде се случи тешката автобуска несреќа во која загинаа 45 лица.

Според неа, заштитната ограда во која удри автобусот е според стандардите кои важеле во 2002 година, кога се реконструирал патот, а денеска авто-магистрала, „Струма“.

„Во 2021 година има нови норми за поставување на заштитната ограда, но тие важат за тие кои ќе се градат од 2021 година па наредните години“, вели Виолета Комитова која додава дека единствената промена на патот е во знаците, меѓу кои е и оној за брзината која била ограничена на 90 километри на час, а потоа зголемена на 120 километри на час“, рече министерката.

Комитова тврди дека ова не е причина за несреќата, иако веднаш предложиле за намалување на брзината во тој дел на патот.

НОВИ 460 СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.424 тестирања, а регистрирани се 460 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 185, Прилеп – 54, Битола – 45,Кавадарци -28, Берово - 20, Куманово – 15,Гевгелија – 11, Велес – 10, Тетово, Охрид, Радовиш и Делчево – по 9, Кочани и Крива Паланка – по 7, Кратово – 5,  Неготино и Валандово – по 4, Струга, Виница и Македонски Брод – по 3, Струмица , Ресен, Крушево, Македонска Каменица , Пехчево и Дојран – по 2, Гостивар, Штип, Кичево, Свети Николе, Дебар, Богданци, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.

ОМИКРОН СЕ ШИРИ ВО СВЕТОТ

Омикрон, новиот вид на коронавирусот, може да биде божикен подарок, ако навистина се покаже дека предизвикува поблага клиничка слика, тврди германскиот епидемиолог Карл Лаутербах.

Д-р Лаутербах, кој најверојатно ќе биде следниот министер за здравство на Германија, рече дека „според првите достапни податоци, омикрон би можел да биде подарок за Божик, што може дури и да го забрза крајот на пандемијата“.

Сојот омикрон ги полни болниците во Јужна Африка, каде има три пати повеќе пациенти.

До 330 отсто повеќе граѓани на Јужноафриканската Република завршиле на болничко лекување во последните недели во провинцијата Гаутенг.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во земјава многу луѓе имаат потешкотии да најдат работа по струка, и да го работат она за што се образувале.

Ако правилно се искористат сончевите денови во Македонија и се овозможи секое семејство и претпријатие да инсталира соларни панели, последиците од актуелната енергетска криза ќе беа далеку помали.

Народната банка на земјава, во чии трезор се чува дел од монетарното злато и други вредни богатства кои и припаѓаат на државава, сака да ја зајакне својата безбедност. Односно, НБМ решила да вработи четворица пожарникари и двајца чувари, иако бара нивниот ангажман да биде на определено време, од една година.

Локалните избори одржани минатиот месец се најскапите во историјата на земјата, а Државната изборна комисија во еден ден - на 26 ноември се раздолжи со исплата на 9 милиони евра, поточно 541,4 милиони денари. Една недела претходно, на 18 ноември еднократно му бил исплатен целосниот договор од 52 милиони денари на печатницата „Киро Дандаро“.

Ако треба да издвои три работи кои се најклучни и најпотребни да ги знае еден добар менаџер, Глигор Цветанов генералниот директор на една од најуспешните македонски компании "Макпрогрес“ од Виница има интересен одговор. Вели прво треба да се сврти кон себе, да биде сам свој консултант и да се запраша што се може да стори за подобрување кај себе лично, но  и во компанијата што ја води.

Можеби ќе ве интересира

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор