28 Март, 2024
0.0270

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Maкедонците сега можат да патуваат во Грција, Пендаровски не го потпиша указот за Законот за дивоградби

Објавено во: Македонија 14 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

СЕ ОТВОРИ ЈУЖНАТА ГРАНИЦА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ

Се отвори конечно грчката порта за македонските граѓани, откако многу Макледонци уште рано утринава тргнаа, но не можеа да стасаат во Герција, бидејќи не беше дозволен влез. 

Оваа радосна вест за македонскиоте граѓани ја соопшти МВР.

„Денеска (14.05.2021 – петок), од страна на грчките гранични служби добивме известување дека од 13 часот е дозволен е влез во Република Грција на граѓаните  од ЕУ, трети земји и граѓани од Република Северна Македонија преку  ГП ,,Евзони“.  Според протоколот за влез, граѓаните од ЕУ, од трети земји и од Репубика Северна Македонија ќе може да оставарат влез во Република Грција преку ГП ,,Евзони“ со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или Сертификат за примени две дози вакцини (14 денови поминати од втората доза вакцина), при што ќе бидат признаени сите сертификати за извршена вакцинација, додека за деца до 5 години не е потребен ПЦР тест. Исто така, останува обврската за електронска пријава на сајтот www.travel.gov.gr (ден пред патување) за обезбедување на ПЛФ (Passenger Locator form) документ.

Оваа мерка ќе се применува до 24.05.2021 година (понеделник), при што  граѓаните ќе може да остварат влез во периодот од 07.00 до 23.00 часот (по грчко време), или од 06.00 до 22 часот (по наше време), a за излез од Грција нема ограничувања и ГП Евзони ќе работи 24 часа.Протоколот за товарниот сообраќај останува ист“, се вели во соопштението од МВР. 

ПЕНДАРОВСКИ НЕ ГО ПОТПИША УКАЗОТ

Претседателот Стево Пендаровски го извести претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, дека одлучи да не го потпише Указот за прогласување на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти.

Еве што му напиша Пендаровски на Џафери. 

Врз основа на член 75, став 1 од Уставот на Република Северна Македонија, а во врска со член 38, став 2 од Законот за Собранието на Република Северна Македонија, Ве известувам дека одлучив да не го потпишам Указот за прогласување на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 11 мај 2021 година.

30 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ И 16 ПОЧИНАТИ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 1.658 тестирања, а регистрирани се 30 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 14, Куманово – 4, Тетово и Кочани – по 2, Битола, Велес, Охрид, Струмица, Кичево, Радовиш, Виница и Пробиштип - по 1.

Регистрирани се 359 оздравени пациенти од:

Скопје – 163, Куманово – 31, Битола – 26, Тетово – 16, Велес и Кичево – по 12, Кочани, Гостивар и Кавадарци – по 11, Ресен – 10, Штип – 9, Виница, Прилеп и Свети Николе – по 6, Струмица –5, Неготино и Берово – по 4, Радовиш и Гевгелија – по 3, Крива Паланка и Дебар – по 2, Струга, Делчево, Валандово, Богданци, Демир Хисар и Демир Капија - по 1.

Пријавени се вкупно 16 починати лица: 8 од Скопје (61г,62г,69г,72г, 75г,80г, 82г и 82г), две лица Битола (65г,82г) и по едно лице од Куманово (80г), Струмица (76г), Охрид (68г), Гостивар (73г), Ресен (69г) и Струга (72г). Од пријавените, еден е починат во домашни, а останатите во болнички услови.

ВАКЦИНИРАНИ СЕ СКОРО 180.000 ГРАЃАНИ

Во Македонија се вакцинирани 150.000 граѓани со прва доза од вакцината против корона вирусот и уште 30.000 граѓани кои се ревакцинирани, информираше денеска министерот за Здравство Венко Филипче, кој нагласи дека вакциналниот процес се одвива непречено и на вакциналните пунктови за масовна имунизација, како и во здравствените домови. Истовремено, министерот го најави денешнопто пристигнување на нови 40.000 дози вакцини од АстраЗенека преку Ковакс механизмот, како и утрешната донација од 100.000 вакцини на Синофарм од кинеската армија.

-Продолжуваме да ставаме акцент на вакцинацијата на повозрасните граѓани, кои дополнително се пријавија, односно по 30.април, кога го направивме тој пресек и до кога имаше 140.000 пријавени. Сега се околу 160.000 пријавени на сајтот vakcinacija.mk, истакна Филипче.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

„Гранит“ по неконсолидираниот биланс 2020 година ја заврши со оперативна загуба. Добивката е резултат на дивидендата исплатена лани од акциите во „Комерцијална банка“. 

Државата започна да му го исплаќа на Град Скопје сопственичкиот удел во А1 Арена „Борис Трајковски “ Скопје, откако на крајот на април Министерството за финансии ги префрлило првите 60 милиони денари на сметката на центарот.

Иван Туџаров, првиот човек на Реплек е продавачот на 300 акции во друштвото. Тој ги продаде во две блок трансакции на берза, една во средата, другата во вторникот. Со продажбата впрочем оттуѓи 1,16 порценти од вкупните акции на Реплек, а за нив купувачот му платил над 27 милиони денари односно речиси 440.000 евра.

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, најверојатно ќе биде заменик на претседателот на СДСМ Зоран Заев во новото раководство на партијата кое ќе биде избрано по одржувањето на Конгресот закажан за недела односно за 16 мај.

Студен туш за македонските граѓани кои на првиот „слободен“ ден за Грција, уште од утрово поитаа да ја посетат таа држава.

Ниту еден друг директор не одбил да распореди од „рамковно вработените“ граѓани во државната институција со која раководи, тврдат за Фактор од Владата, на нашето прашање дали сега разрешениот директор на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, не е единствениот кој одбил безрезервно да ги прифати вработените од К5 програмата.

Можеби ќе ве интересира

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?