29 Март, 2024
0.0582

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија протерува руски дипломат, во меѓувреме се појавија нови снимки од конгресот на СДСМ

Објавено во: Македонија 18 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

МАКЕДОНИЈА ПРОТЕРУВА РУСКИ ДИПЛОМАТ

Дипломат од амбасадата на Русија во Скопје е прогласен за непожелна личност и треба да ја напушти Македонија за седум дена, информира Министерството за надворешни работи. 

„Министерството за надворешни работи, согласно член 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи, одлучи да прогласи еден дипломат на Амбасадата на Руската Федерација за непожелна личност во Република Северна Македонија. Во оваа насока, на 14 мај 2021 година, во просториите на Министерството за надворешни работи беше повикан Амбасадорот на Руската федерација, при што беше врачена нота со која се наложува на посочениот дипломат да ја напушти територијата на Северна Македонија во рок од седум дена, информираат од МНР.

СЕ ПОЈАВИЈА НОВИ СНИМКИ ОД КОНГРЕСОТ НА СДСМ

Нови аудиоснимки од затворениот дел на Конгресот на СДСМ кој се одржа во неделата излегоа денеска во јавноста. По објавата на аудиото од говорот на екс заменичката Радмила Шекеринска и на Владимир Митревски, вчера, сега на нова страница на фејсбук поставени се делови од обраќањата на Максим Димитриевски, градоначалникот на Куманово и на  Хазафер Амруловски од Центар Жупа. Се поставуваат на страницата „Оставка на Заев“ откако вчера наеднаш исчезна страницата „Реформи во СДСМ“, каде беа аудијата од Шекеринска и Митревски. 

Димитриевски вели дека некои општински организации се претвориле во здруженија на мали групи и дека има примери со кои партијата наликува на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ОСТАНУВА

Активните мерки за ограничување на движењето поради КОВИД-19 се продолжени. Полицискиот час останува на сила до 1-ви јуни. 

На денешната 71-ва седница, на препорака на Комисијата за заразни болести, Владата донесе заклучок активните мерки за ограничување на движењето наместо до 18 мај, да продолжат со важност до 1 јуни 2021 година.

ДЕНЕС ИМА 83 НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 2.704 тестирања, а регистрирани се 83 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 40, Прилеп – 8, Куманово и Охрид – по 6, Тетово и Радовиш – по 5, Битола – 3, Струга и Кичево – по 2, Кавадарци, Струмица, Свети Николе, Берово, Демир Хисар и Пехчево – по 1.

Регистрирани се 259 оздравени пациенти од:

Скопје – 128, Куманово – 25, Битола – 21, Тетово и Струмица – по 10, Виница – 9, Прилеп – 8, Штип – 7, Кичево – 6, Велес – 5, Гостивар – 4, Ресен, Радовиш и Дебар – по 3, Кавадарци, Кочани, Гевгелија, Неготино, Берово и Пробиштип – по 2, Охрид, Свети Николе, Крива Паланка, Богданци и Демир Хисар – по 1.

Пријавени се вкупно 2 починати лица: 1 лице од Скопје (67г) и 1 лице од Кавадарци (80г). Од пријавените, двете лица се починати во болнички услови.

ВЛАДАТА ДАДЕ НЕГАТИВНО МИСЛЕЊЕ ЗА ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА

Владата дала негативно мислење за Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик со кој треба да се воведе една изборна единица и на тој начин помалите партии да имаат погоплеми шанси за повеќе пратенички места доколку настапуваат независно.

Предлогот на законското решение е поднесен од: пратениците на ЛДП, Моника Зајкова и Боби Мојсоски, на ДС, Павле Трајанов, ДОМ, Маја Морачанин и Мирослав Богдановски, на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, на ВМРО-НП, Љупчо Балкоски и на пратеникот од Коалицијата предводена од СДСМ, Панчо Минов.

ДПИ ДОБИ НОВ ДИРЕКТОР

Владата назначи нов директор на Државниот пазарен инспекторат. 

На предлог на Комисија за именување, Владата  ја именуваше Анета Симеска Димоска за в.д. директор на Државниот пазарен инспекторат. 

Таа  е дипломиран инженер технолог и магистер по бизнис администрација со специјалност за комерцијална ревизија на финансиски извештаи во услови на примена на информациските технологии. Има 28 годишно работно искуство, од кои 19 години како државен пазарен инспектор, а од 2017 до 2020 година беше пратеник во Собранието. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Матичните лекари секојдневно се соочуваат со низа прашања од страна на нивните пациенти во однос на вакцинацијата против Ковид-19. Велат дека во последнава недела, дел од пациентите кои се над 60 години, а кои во март се вакцинираа во Србија, бараат од нив, како матични лекари да им обезбедат термин за ревакцинација во јуни, како што впрочем е и нивниот термин во Ниш или Белград, па и во некој од останатите вакцинални пунктови низ градовите во соседна Србија.

Лани 10 милиони евра повеќе потрошени за лекови во болниците и поликлиниките, помалку во аптеките

Ги најавуваше на голема врата, но лани не успеа никому да му го довери статусот на мега стратешки инвеститор, односно ниту еден проект не успеа да стане стратешки инвестициски проект.

Граѓани со денови се обидуваат да добијат слободен оператор и да закажат термин за сликање и апликација за нов документ. 

Се уште се предмет на дебата промените во партиското раководство кои се случија на конгресот на СДСМ во неделата. 

Во Македонија дел од лекарите патуваат  и по 60 километри за да стигнат на работното место во соседниот град.

Осум домашни ланци самопослуги лани заедно оствариле приходи од продажба вредни над 680 милиони евра. Секоја од овие компании имала приход поголем од 50 милиони евра. Очигледно дека корона кризата на овој бизнис се одразила позитивно затоа што кај седум од нив продажбата расте, а кај пет расте и добивката

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење