10 Декември, 2025
0.0396

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ниту еден бегалски шатор нема да има, СДСМ ја отвори петицијата

Објавено во: Македонија 09 Декември, 2025 22:27

Добивај вести на Viber

МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА НЕМА ДА ИМА МИГРАНТИ ВО МАКЕДОНИЈА

Oпозицијата тврди дека Македонија ќе прими мигранти од Британија, а премиерот Христијан Мицкоски негира дека тоа ќе се случи. 

Вели дека во никој случај нема да прифати такво нешто. 

„Ги гледам овие салта и гимнастики кои ги прави опозицијата. Не само што не е вистина, туку за мене претставува чудно во отсуство на било каква идеја, која може да мобилизира или да придонесе во рамките на општестениов живот, вие за таа тема да вадите ваква кампања и тоа против партија од каде почива фундаменталната тема на политиките да се бориме против илегалната миграција“, рече премиерот. 

Тој за СДСМ вели дека немаат идеја, се обидуваат да се мобилизираат и да растураат пердуви

СДСМ ЈА ОТВОРИ ПЕТИЦИЈАТА ПРОТИВ ПРИЕМ НА МИГРАНТИ

СДСМ ја отвори онлајн петицијата против како што тврдат плановите на власта за носење мигранти од Британија во Македонија, а потпишувањето ќе трае 30 дена. 

Со отворањето на веб-страницата, граѓаните треба да остават име и презиме, телефонски број или електронска адреса или, пак, може да ја одберат опцијата да се потпишат анонимно. Можат да остават и коментар. 

„Одбраната на Македонија почнува сега. Ги повикуваме граѓаните да нè поддржат во одбраната на Македонија, да го спречиме ова антидржавно и антинационално однесување на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението од СДСМ испратено попладнево.

ВЛАДАТА МУ ПРЕДЛОЖИ НА СОБРАНИЕТО ДА ГО РАЗРЕШИ КОЦЕВСКИ

Портпаролката на Владата, Марија Митева денеска изјави дека на седница е усвоен предлогот за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски. 

Вели дека причините се јавно познати. Додава дека Коцевски направил крупни професионални грешки, неовластено изнесувал информации за судски предмети, го нарушил личниот и угледот на обвинителството. 

„Беше усвоен предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски од функцијата јавен обвинител со што ја продолжуваме постапката која согласно законските ограничувања беше привремено стопирана во изборниот период. Причините за оваа иницијатива се јавно познати повеќепати до сега ги имаме образложено како Влада, доследно, транспарентно и во интерес на заштита на институционалниот интегритет и одговорност. Нашата цел останува недвосмислена. Јакнење на правната држава и обезбедување на непречено функционирање на органите во служба на граѓаните“, изјави Митева. 

РОДИТЕЛИТЕ НА ЗАГИНАТИТЕ ОД КОЧАНИ ГИ ПРАШАА ВЛАСТИТЕ ШТО БИ ПРАВЕЛЕ АКО СЕ РАБОТЕШЕ ЗА НИВНО ДЕТЕ

На комисијата во Собранието за трагедијата во Кочани денеска имаше прашања до премиерот Христијан Мицкоски и државниот врв како тие би се однесувале доколку би се нашле  во една таква ситуација, но и кој ќе понесе одговорност за пожарот во дискотеката „Пулс“. 

Вакви прашања упатија родителите. 

„Како не ви е срам да се препукувате пред родителите уште пред да почне седницата? Родителите чекаат девет месеци, вие барате еден час пауза“, рече коосновачот на иницијативата „Супорт Кочани“ Иван Ивановски. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување преку јавен оглас бара раководител за правна служа, а лицето кое ќе ја добие оваа позиција ќе има солидна плата, особено имајќи ги предвид платите во земјава. 

Министерството за финансии конечно ги објави резултатите од работењето на националните јавни претпријатија и акционерски друштва за второто тримесечје од оваа година, во чии рамки може да се потврди дека АД ЕСМ за еден квартал повторно направи голема загуба - ввој пат од 32 милиони евра.

Да се расте дете во Македонија  родителите ги чини од 150.000 до 200.000 денари годишно, што значи од 12.000 до 16.000 денари месечно, соопштија неодамна од „Центарот за еднаквост и правда“, откако анкетирале 650 родители со деца на различна возраст.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

СДСМ ја отвори онлајн петицијата за мигрантите, граѓаните се потпишуваат

СДСМ ја отвори онлајн петицијата за мигрантите, граѓаните се потпишуваат

Коцевски за анкетната комисија: Tреба многу да се внимава за да не се компромитираат докази и сведоци

Коцевски за анкетната комисија: Tреба многу да се внимава за да не се компромитираат докази и сведоци

Како ќе постапевте ако беше ваше дете во прашање - родителите од Кочани до власта

Како ќе постапевте ако беше ваше дете во прашање - родителите од Кочани до власта

Советот на јавни обвинители доби нов претседател

Советот на јавни обвинители доби нов претседател

Митева: Владата му предлага на Собранието да го разреши од функцијата јавниот обвинител Љупчо Коцевски

Митева: Владата му предлага на Собранието да го разреши од функцијата јавниот обвинител Љупчо Коцевски

Мицкоски: Додека сум јас премиер, ниту еден бегалски шатор нема да никне во Македонија

Мицкоски: Додека сум јас премиер, ниту еден бегалски шатор нема да никне во Македонија

ОБВИНИТЕЛОТ ХАЈРАЛУХИ НЕ Е ПОВЕЌЕ ОБВИНИТЕЛ: Советот на јавни обвинители одлучи да му престане функцијата

ОБВИНИТЕЛОТ ХАЈРАЛУХИ НЕ Е ПОВЕЌЕ ОБВИНИТЕЛ: Советот на јавни обвинители одлучи да му престане функцијата

Родителите на загинатите деца од Кочани во Собранието, анкетната комисија започна со работа

Родителите на загинатите деца од Кочани во Собранието, анкетната комисија започна со работа

„БРИТАНИЈА ЌЕ И ИСПЛАЌА НА МАКЕДОНИЈА 20 ИЛЈАДИ ФУНТИ ПО ДЕПОРТИРАН МИГРАНТ“: Филипче вели дека ова е недозволиво

„БРИТАНИЈА ЌЕ И ИСПЛАЌА НА МАКЕДОНИЈА 20 ИЛЈАДИ ФУНТИ ПО ДЕПОРТИРАН МИГРАНТ“: Филипче вели дека ова е недозволиво