ФАКТОР НА ДЕНОТ: Mинистерката за култура порача да се твори тоа што ќе го развесели народот, а потоа објасни дека е против цензура

Објавено во: Македонија 05 Август, 2022
ИЗЈАВА НА МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА ПОТТИКНА РЕАКЦИИ
Mинистерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на својот Фејсбук профил се доојаснуваше за изјавата која претходно ја даде, а која поттина реакции.
Таа зборуваше дека треба да се создаваат дела си повреди содржини, на што граѓани и уметници реагираа. Некои коментираа со доза на сарказам, а други сметаат дека министерката треба да знае дека уметноста е своевиден бунт.
Министерката тврди дека нема да има цензура во ниту еден проект поддржан од Министерството за култура.
„Како министерка, се додека сум јас на тоа место, нема да има цензура во ниту еден проект поддржан од Министерството за култура. Исто така, сакам да сум апсолутно јасна, додека сум јас министерка, нема да има простор да се ограничува или насочува кој било уметник на кој било начин, тоа е против сите мои лични и пред сѐ професионални уверувања“, објави Костадиновска-Стојчевска.ЕУ СЛЕДИ АМА НЕМА ДА СЕ МЕША ВО СЛУЧАЈОТ СО РУСКОВСКА КОЈА СЕ ПОЖАЛИ НА ПРИТИСОК
Европската Унија(ЕУ) одговори по повикот на обвинителката Вилма Русковска која се пожали на притисоци.
Велат дека следат што се случува, ама нема да се мешаат во караницата меѓу шефицата на обвинителството за борба против организиран криминал, Вилма Русковска и директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми.
Од ЕУ за државната агенција МИА изјавија дека внимателно ја следат ситуацијата, но дека тоа прашање треба да го решат надлежните органи.КСЗД ИЗРАЗИ НЕЗАДОВОЛСТВО ЗАТОА ШТО БУГАРСКИОТ КОНЗУЛ БИЛ ПРИ КОНТРОЛА НА „ИВАН МИХАЈЛОВ“
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) изрази незадоволство од присуството на генералниот конзул на Бугарија, Димитар Иванов, за време на вчерашната контрола на работата во просториите на Културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола.
Комисијата тоа го доживува како обид за влијание врз нејзината работа за време на најавениот увид во просториите на Центарот во Битола по пријава за дискриминација од засега непознато здружение на граѓани. Од Комисијата додаваат и дека единствено одговараат за својата работа пред Собранието на РСМ.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
foto Vlada.mk
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Aко нема уставни измени, државата ќе влезе во изолација

Змија е фотографирана на паркинг во центарот на Скопје

(ВИДЕО) Пристигнаа новите оклопни возила набавени од САД

Ковачевски: Ако не се случат уставните измени, наместо интеграција ќе имаме изолација

Министерот за здравство ги повика хирурзите да работат во недела за да се намали листата на чекање

Гостиварец платил 10.000 евра со цел неговото семејство да не дознае дека има љубовница

Благој Бочварски казнет со 150 евра за вработувањето на сопругата и нејзината сестра во болницата во Штип
