28 Септември, 2024
0.0411

ФАКТОР НА ДЕНОТ: МНР го одби барањето на Бугарија за учество во уставните измени, тоа е внатрешно прашање

Објавено во: Македонија 05 Април, 2023

Добивај вести на Viber

УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ВНАТРЕШНО ПРАШАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

Министерството за надворешни работи(MНР)  информира дека процесот на уставни измени претставува внатрешно прашање на Република Северна Македонија, која како обврска е поврзана со пристапните преговори за членство во Европската унија. 

„Се очекува Собранието да ја донесе таквата одлука, суверено и согласно долгорочните интереси на граѓаните на Северна Македонија, претставени во парламентот и во тој контекст, не постои можност ниту политичка волја за вклучување на граѓани и институции од странство, вклучително од Република Бугарија. Такво барање ниту е пристигнато, ниту е разговарано меѓу министрите Османи и Милков. Северна Македонија останува посветена на продолжување на политичкиот дијалог со Бугарија, во духот на добрососедството и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, за што се надева на што поскоро формирање на новата бугарска Влада“, велат од МНР. 

Инаку, соседна Бугарија сака да учествува во процесот. Како што рече министерот за надворешни работи, Николај Милков, Бугарија сака да биде консултирана за уставните измени кои треба да се случат во Македонија. 

Имаме и македонски модел за уставни измени, изјави премиерот Димитар Ковачевски за тоа дали е прифатлив хрватскиот модел. 

ВНИМАВАЈТЕ НА СМС ПОРАКА СО ИЗМАМА

Управата за јавни приходи информира дека кон граѓаните се испраќаат СМС пораки со кои се бара да извршат задолжителна пријава на лажна веб страница https: ujp-gov.mk/potvrda.

"ГРАЃАНИ, НИКАКО НЕ ОТВАРАЈТЕ ЈА ОВАА ЛАЖНА ВЕБ СТРАНИЦА, БИДЕЈЌИ ОД ВАС БАРА ДА ПОПОЛНИТЕ ПОЛИЊА СО ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ, ПОДАТОЦИ ОД ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА, И ДА ПРИКАЧИТЕ СЛИКА ОД ВАШАТА ЛИЧНА КАРТА."

Споделувањето на Вашите лични податоци преку оваа лажна веб страница може да предизвика нивна злоупотреба.

ОБВИНИТЕЛОТ ПРЕЗЕНТИРАШЕ СНИМКА ОД ТЕПАЊЕТО НА ПЕНДИКОВ

Објавена е снимка од тепањето на Христијан Пендиков кое се случи во Охрид на 19-ти јануари годинава. 

Видео снимката од безбедносните камери ја презентираше обвинителот. На снимката се гледа како две лица го тепаат Пендиков, додека трето лице гледа што се случува.

Обвинетиот во случајот е  Илија Спасески, кој е инаку наставник по професија. Тој се товари за напад од омраза со тешки повреди. Спасески се изјасни за невин. Спасески наводно му рекол на Пендиков „Не ти е срам да се пишуваш Бугарин“.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Универзитетот Јорк, еден од водечките британски универзитети, Сити Колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк претставува меѓународна институција со седиште во Грција, и со дисперзирани активности во осум земји. 

Интересот за купопродажба на недвижности и во втората половина од минатата година не покажува знаци на забавување.

АЕ Солар Инвест доби привремена лиценца за производство на електрична енергија од фотонапонска централа од Регулаторната комисија за енергетика која ќе биде прва што ќе се изгради во некоја од индустриските зони во земјата и при тоа струјата ќе може да се продава на слободниот пазар.

УНИБанка поставува стандарди и тоа е впечаток на бројни претставници на инвеститорската заедница. Сите искажуваат респект за потегот на раководството на УНИБанка со кое дивидендата се зголеми за 29 отсто, односно едно евро повеќе во споредба со претходната година. Приносот по акција? Солидни 5,2 отсто на последната пазарна цена

Откако пред околу еден месец државата се задолжи за 600 милиони евра преку еврообврзница, сега изгледа дека повторно ѝ требаат пари.

Македонците јадат најмалку месо во Европа, а Шпанците најмногу. Нашите граѓани, Албанците, Турците и Молдавците најмалку консумираат месо, покажува мапата за потрошувачката на месо по држави во Европа, која ја објави „Landgeist“. Годишно жителите на овие земји консумираат по 39 килограми месо.

Можеби ќе ве интересира

Македонката која исчезна во Германија e пронајдена мртва

Македонката која исчезна во Германија e пронајдена мртва

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Орбан се нуди да посредува меѓу Македонија и Бугарија, но Бугарите одбија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Орбан се нуди да посредува меѓу Македонија и Бугарија, но Бугарите одбија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

„Заев и Филипче лажеа дека Македонија ги почнала преговорите“: Митева од ВМРО вели „само СДС и ДУИ се апстрахираат од одговорност“

„Заев и Филипче лажеа дека Македонија ги почнала преговорите“: Митева од ВМРО вели „само СДС и ДУИ се апстрахираат од одговорност“