18 Април, 2024
0.2557

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Не го дочека лекот трикафта, почина Благојче Илиевски

Објавено во: Македонија 08 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

ПОЧИНА БЛАГОЈЧЕ ИЛИЕВСКИ ЧЕКАЈЌИ ГО ЛЕКОТ ТРИКАФТА

Најтешко болниот пациент од реткото заболување цистична фиброза, Благојче Илиевски, почина. Жалната вест за Фактор ја потврдија од Здружението за цистична фиброза, а нашиот медиум утринава објави тема под наслов  “ТРИКАФТА – КОГА И ЗА КОГО? За некои од пациентите може да биде и предоцна“.

Во овој текст Благојче ја даде неговата последна изјава полна со надеж дека ќе биде меѓу првите осум пациенти кои ќе го добијат овој лек.

-Јас верувам дека сум во онаа група од осум пациенти кои сме во најтешка здравствена состојба и дека први би го добиле, но образложението дека процедурата ќе биде подолга додека се случи набавката, некако нè обесхрабри. Од последниот пат кога разговаравме, а тоа беше кон крајот не ноември, јас уште еднаш бев хоспитализиран. Повторно 12 дена на Клиниката за пулмологија, го чистат белодробието до секретот, но верувајте состојбата не ми се подобрува, и сега ме слушате како едвај дишам, како не можам да искашлам...Ми останува навистина само да се надевам дека ќе дочекам да почнам терапија со „Трикафта“, ова се последните зборови на Благојче.

Пациентите од Асоцијацијата за цистична фиброза утре во 14 часот ќе бидат пред Владата. 

ДВА БРАЧНИ ПАРА ГО КАМЕНУВАЛЕ МАКЕДОНСКИОТ КЛУБ

Македонскиот клуб во Благоевград го каменувале два брачни пара. Двајцата мажи кои полицијата ги приведе поради каменувањето на Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ викендов, се вработени во општинското комунално претпријатие „Озеленување“. 

Двете жени кои се уапсени за инцидентот заедно со нив се нивните сопруги, објави „24 Часа“. Приведените, кои се на возраст од околу 40 години и кои немаат претходно криминално досие, го признале делото. Градоначалникот на Благоевград Илко Стојанов вели дека санкционирање на извршителите на делото е во надлежност на Судот, а тој како работодавач може да преземе мерки кон двајцата вработени во комуналното претпријатие само во согласност со Кодексот за работни односи. Градоначалникот условува и бара реципроцитет. 

ВО ТУРЦИЈА И СИРИЈА НАД 11.000 ЗАГИНАТИ

Во Турција шест луѓе се спасени од под урнатините каде поминале 60 часа. 

Меѓу нив има и две деца на возраст од 4 и 7 години,  јави Си-Ен-Ен Турк. На снимката се гледаат здравствени службеници како трчаат кон урнатините во градот Кахраманмараш. Неколку минути подоцна тие покажаа член на спасувачкиот тим како носи дете со кратка, кадрава коса.

Во соседната Сирија семејство е спасено од под урнатините. Во двете земји има над 11.000 жртви. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

СДСМ е на чекор да го стабилизира парламентарното мнозинство и најверојатно да  обезбеди мирно привршување на мандатот на премиерот Ковачевски. Но, паднатиот рејтинг на партијата влева сомнеж дали актуелната политика на власта е исправна и колку има целосна поддршка од гласачкото тело кое и даде доверба да формира Влада. 

Градбите кои се изградени во нашата земја по 2014 година се посигурни бидејќи се градат според нови законски одредби кои бараат придржување кон построги правила за градба, и кои се контролирани за отпорност при потреси. Ова го истакна Михаил Гаревски, директор на Институт за сеизмички отпорни гради и климатски промени (ИСОГКП). 

Познат е износот на еврообврзницата која сака да ја издаде земјава на меѓународниот пазар, а за која завчера се претстави пред инвеститорите. Според информациите на Фактор, Владата во Службен весник објавила дека ќе се задолжи преку еврообврзница на сума не повисока од 800 милиони евра.

Конзорциумот „Бехтел и Енка“ кој ќе ги гради новите автопатски делници од Коридорот 8 и Коридор 10-д во Македонија, ќе треба да им купи најмалку 40 нови автомобили на надзорниците на консултантот ИРД.

Во својот финансиски план „Тетекс“ најави дека очекува финансиски приходи годинава од речиси 800.000 евра. Од тоа половина би можело да биде од дивидендата на неговите акции во ТТК Банка што пак значи дека може да се очекува бруто износ од едно евро дивиденда за акција

Долгите процедури за набавка на лекот Трикафта кој значи нормален живот на луѓето со реткото заболување цистична фиброза ги става во тешка агонија и единствено што им останува на пациентите е да се надеваат дека во скоро време нивните бели дробови ќе бидат ослободени од „стегите“ што им ги создава болеста.

Некои луѓе се плашат од војна, некои не, вели за Фактор, Корина Ершов, фриленс преведувач кој работи на конференции и проект менаџер во локална добротворна невладина организација во Молдавија.

Можеби ќе ве интересира

„ПРОЛЕТ ВО МАВРОВО“: Снежно утро на Бистра

„ПРОЛЕТ ВО МАВРОВО“: Снежно утро на Бистра

„ВЕНКО, ЗОШТО ПАК ВО ПОЛИТИКА, МЕСТОТО НА ДОКТОРИТЕ Е ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ?“: Филипче одговори на прашањето што сите си го поставуваат

„ВЕНКО, ЗОШТО ПАК ВО ПОЛИТИКА, МЕСТОТО НА ДОКТОРИТЕ Е ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ?“: Филипче одговори на прашањето што сите си го поставуваат

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

„ОВА НЕ Е НОРМАЛНО ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СКОПЈЕ“: Кејот под мостот Гоце Делчев претворен во паркинг!

„ОВА НЕ Е НОРМАЛНО ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СКОПЈЕ“: Кејот под мостот Гоце Делчев претворен во паркинг!

„АКО ИМЕТО ЗАПАДЕН БАЛКАН ВИ ЗВУЧИ ПОГРДНО, ЗАГАДЕН БАЛКАН Е 100 ПРОЦЕНТИ ТОЧНО“: Д-р Нико Беќаровски објави поразувачка листа, Македонија втора во Европа по загаден воздух

„АКО ИМЕТО ЗАПАДЕН БАЛКАН ВИ ЗВУЧИ ПОГРДНО, ЗАГАДЕН БАЛКАН Е 100 ПРОЦЕНТИ ТОЧНО“: Д-р Нико Беќаровски објави поразувачка листа, Македонија втора во Европа по загаден воздух

НАЈАВЕНИТЕ ПРОГНОЗИ СЕ ОСТВАРУВААТ: Снегот пристигна и во Македонија, еве каде паѓаше

НАЈАВЕНИТЕ ПРОГНОЗИ СЕ ОСТВАРУВААТ: Снегот пристигна и во Македонија, еве каде паѓаше

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ВЧЕРА ВО КОЧАНИ: Поплавени улици во градот, возилата едвај возеа

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ВЧЕРА ВО КОЧАНИ: Поплавени улици во градот, возилата едвај возеа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во Национални шуми штрајкуваа, во меѓувреме не стивнуваат реакциите за Сребреница

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во Национални шуми штрајкуваа, во меѓувреме не стивнуваат реакциите за Сребреница

АПАСИЕВ: Во историјата на независна Македонија, само трипати имало избори во работен ден

АПАСИЕВ: Во историјата на независна Македонија, само трипати имало избори во работен ден