ФАКТОР НА ДЕНОТ: Невреме зафати делови од Македонија, има поплави во Гостивар

Објавено во: Македонија 25 Мај, 2023
НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА
Невреме со пороен дожд денеска имаше во Велес и Гостивар. Во Гостивар, паѓаше и град со големина на лешник.
Најмногу пријави за штети стигнаа од јужниот дел на општината Гостивар, од населбите Бањешница, Циглана и селото Беловиште. До поплавувањата дошло од надојдената вода во еден канал за наводнување.
Според информациите од ЦУК на бројот за за итни повици биле примени повеќе пријави за поплавување на улици и куќи.АРАЧИНОВО СТАВИ КЛУЧ НА ВРАТА
Поранешниот градоначалник на Арачиново, Брахим Ајвази, се јави со изјава за ТВ21 откако општината денеска стави клуч на врати и актуелниот градоначалник Ридван Ибрахими пред медиумите рече дека нема услови за работа по претрпените закани.
ИВАНОВСКА ВЕЛИ ФАЛАТ ДЕЛОВИ ОД ДОГОВОРОТ БЕХТЕЛ И ЕНКА
Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска, денеска пред медиумите рече дека недостасуваат делови од договорот со изведувачот Бехтел и Енка што на „Антикорупциска“ и го достави Владата.
Првиот човек на ДКСК вели дека сите членови на нејзината комисија поседуваат безбедносни сертификат и затоа очекувале да им биде доставен целосниот договор со американско-турскиот конзорциум кој ќе ги гради автопатите од коридорите 8 и 10д.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Скопје е град со модерни трговски центри во кои секој може да ја почувствува магијата на купувањето.
фото МИА
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Aко нема уставни измени, државата ќе влезе во изолација

Змија е фотографирана на паркинг во центарот на Скопје

(ВИДЕО) Пристигнаа новите оклопни возила набавени од САД

Ковачевски: Ако не се случат уставните измени, наместо интеграција ќе имаме изолација

Министерот за здравство ги повика хирурзите да работат во недела за да се намали листата на чекање

Гостиварец платил 10.000 евра со цел неговото семејство да не дознае дека има љубовница

Благој Бочварски казнет со 150 евра за вработувањето на сопругата и нејзината сестра во болницата во Штип
