29 Септември, 2024
0.0557

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нови сигнали за македонско - бугарските односи, Трифонов има ново барање

Објавено во: Македонија 03 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

НОВИ MОМЕНТИ ЗА МАКЕДОНСКО - БУГАРСКИТЕ ОДНОСИ

Специјалниот претставник на македонската Влада, Владо Бучковски, како посебен момент од најавата за циклусот преговори помеѓу новите влади во Македонија и Бугарија ја издвои изјавата на бугарскиот премиер Кирил Петков дека не можат да се занемарат македонските црвени линии.

- Ќе се продолжи таму каде што се стигна, а тоа е отворен дијалог за пакетот понуден од бугарска страна пет плус еден. Тоа што мене ме храбри е интервјуто на премиерот Петков во кое што споменува дека треба и мора да се почитуваат и македонските црвени линии кои се преточени во резолуцијата која беше усвоена во нашиот парламент, вели поранешниот македонски премиер во денешното интервју за Радио Слободна Европа.

Се надевам дека нема да има импровизирани изјави за Македонија, порача потпретседателот на 47. Народно собрание на Бугарија и поранешен министер за надворешни работи Кристијан Вигенин.

На средбата помеѓу бугарскиот премиер Кирил Петков и македонскиот Димитар Ковачевски  ќе се утврди динамиката на разговорите. 

Ова го најави Петков  за БТВ. Тој зборуваше дека добрососедството е услов за напредок и очекува компромис. Посетата на Петков во Македонија се планира за крајот на месецов.

Дека во интерес на Бугарија е Македонија да биде дел од ЕУ, тврди бугарскиот министер за иновации Даниел Лорер. 

TРИФОНОВ ИМА НОВО БАРАЊЕ

Прво САД кои толку инсистираат на членство на Македонија во ЕУ, да ја стават Бугарија на листата земји чии граѓани без визи ќе може да патуваат на нивна територија, па Бугарија да стане полноправна членка на шенген зоната на Европската Унија, дури тогаш, Македонија ќе може да стане членка на ЕУ, смета Слави Трифонов, новинарот кој влезе во политичка кариера во Бугарија, лидер на парламентарната партија Има таков народ. 

242 ПОЗИТИВНИ

Направени се 3.561 тестирања, а регистрирани се 242 нови случаи на КОВИД-19, информира Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа.

Скопје – 173, Прилеп – 12, Битола – 10, Кавадарци – 9, Куманово – 6, Гевгелија – 5, Велес – 4, Тетово, Гостивар, Охрид, Струмица и Струга – по 3, Кочани и Делчево – по 2, Кичево, Крива Паланка ,Дебар и Валандово – по 1.

ПОЧИНА МАРЈАН ДОДОВСКИ

Синоќа на државната клиника почина Марјан Додовски, поранешниот функционер на ВМРО-ДПМНЕ и професор на отсекот географија на Природно-математичкиот факултет.

Веста ја соопшти неговата поранешна сопруга Иванка Василевска, актуелна пратеничка во Собранието.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Мерита Дема ќе биде нова членка на Регулаторната комисија за енергетка, институцијата во државава која го регулира формирањето на цените на струјата, парното и нафтените деривати.

Што може да се очекува од пандемијата на корона вирусот кај најмладата популација, дали децата треба да се вакцинираат или не, како и тоа кои се основните разлики меѓу симптомите на грип и ковид кај децата, Фактор разговараше до д-р Ангелчо Андоновски, специјалист педијатар, кој смета дека период што следува ќе има појава и на грипот, респираторните вируси, настинки и ќе треба да правиме правилна дијагностика и правилна дистинкиција за да знаеме со што ќе се справуваме.

Договорот на БЕГ преку ТЕ-ТО да купи природен гас за парно греење од 70 милиони евра на два дена пред Нова Година е најголемата јавна набавка остварена во 2021. Тендерот е склучен по сума од 4,32 милијарди денари, а за овие пари ќе се купат 38 милиони нормални кубни метри гас.

Два мали стана, еден деловен простор, два депозита во банка, кои се прилично солидни и се всушност нешто највредно во нејзината пријавена имотна состојба, два кредита, акции и една гаража. 

Балкан енерџи груп (БЕГ) компанијата која ги топли скопјани преку мрежата од Топланата Запад, Топланата Исток и Топланата 11 октомври склучи договор со ТЕ-ТО за набавка на гас. Договорот е вреден дури над 70 милиони евра и објавен е само ден пред истекот на 2021 година.

Можеби ќе ве интересира

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала