18 Април, 2024
0.0280

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почнува првата фаза од пописот, оние кои се во странство може да се самопопишат

Објавено во: Македонија 27 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

ЛУЃЕТО КОИ СЕ ВО СТРАНСТВО МОЖЕ ДА СЕ САМОПОПИШАТ

Од понеделник почнува првата фаза на пописот. Ќе се попишуваaт иселениците, вработените во ДКП, затворениците и бездомниците. 

Eден месец пред официјалниот старт на Пописот на населението, домаќинствата и становите, почнува попишувањето на вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и нивните семејства, на дијаспората, припадниците на армијата во странство, затворениците и бездомниците. МНР ќе спороведе медиумска кампања за мотивирање на лицата за самопопишување/саморегистрација, отсутни во странство. Самопопишувањето ќе се одвива преку веб апликација, која е лесно достапна и ендоставна. Потребно е граѓаните само да се најават со својата веб е-меил адреса. Ќе може да се пристапни само од странство, а безебедноста личните податоци е осигурана. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи рече дека МНР како одговорно за диајспората, преку ДКП ќе биде вклучено во информирањето на иселениците и другите наши граѓани во странство за да се попишта онлјан преку веб страницата на ДЗС.

„На сајтот на МНР веќе има линк за комуникација со телефонски броеви што ќе функциони ра 24 часа и ќе биде се достапен за граѓаните за информации и појаснувања. Веќе се јавуваат граѓани и прашуваат за процедурата“, рече Османи.

Симовски посочи дека МНР и сите дипломатско-конзуларни претставништва на Северна Македонија во странство ќе ги искористат сите можни канали за споделување на информации за Пописот и самопопишувањето. Се препорачува да се искористат сите контакти со здруженија на граѓани, верски здруженија, здруженија на студенти, со цел колку што е можно поголем број на државјани на Северна Македонија кои престојуваат во странство да се самопопишат. Целта на оваа активност е да се добијат податоци за лицата кои се отселиле, како и нивната демографска, образовна и економско-социјална структура, од каде се иселиле и во кој период.

„Овие податоци се од исклучителна важност за анализа и изработка на стратегии и политики за спречување или барем намалување на емиграциониот бран и планирање на развојни политики кои ќе овозможат услови за нивно враќање во татковината“, изјави директорот на ДЗС.

Самопишувањето на лицата во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во странство, се врши преку  пописната апликација до која може да се пристапи преку следниве веб-страници:

ДЕНЕС НАД 700 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.816 тестирања, а регистрирани се 721 нов случаj на ковид-19 во:

Скопје – 334, Прилеп – 56, Кавадарци – 52, Неготино – 34, Велес – 26, Охрид – 24, Битола – 23, Куманово –22, Тетово – 18, Струмица – 16, Гевгелија – 15, Крива Паланка – 14, Гостивар – 13, Струга – 10, Богданци – 9, Кичево и Делчево – по 8, Крушево – 7, Штип – 6,  Кочани и Ресен по 5,  Свети Николе – 3, Дебар, Пробиштип,  Виница, Валандово и Кратово – по 2, Берово, Демир Хисар и Пехчево – по 1.

Регистрирани се 171 оздравени пациенти од:

Скопје – 71, Кавадарци – 20, Прилеп –18, Куманово – 14, Тетово – 12, Велес – 6, Кочани – 5, Гевгелија  и Битола – по 4, Штип, Струмица и Неготино  – по 3, Гостивар и Кратово – по 2, Ресен, Охрид, Делчево и Валандово – по 1. 

Пријавени се вкупно 7 починати лица. Починати се по 2 пациенти од Скопје (68г,81г) и по еден пациент од Тетово (49г), Прилеп  (73г), Струмица (76г), Кочани (72г) и Делчево (43г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

СЕ БАРА ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ДЕМОНСТРАНТИ

Се бара притвор за двајца учесници на протестот за случајот Монструм. Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица за кривично дело „учество во толпа која ќе изврши кривично дело“ во согласност со член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничените, на возраст од 22 и 19 години, учествувале на вчерашниот јавен собир на граѓани во Скопје – протест за пресудата во предметот Монструм. По завршувањето на говорот на организаторот на протестот, осомничените и повеќе други лица почнале да фрлаат со камења, бекатон плочки, метални шипки и други предмети по полицајците во обид да го пробијат полицискиот кордон. Како резултат на ова, со тешки телесни повреди се здобил новинар присутен на местото на настанот, а повредени биле и 11 полициски службеници.

Бидејќи постојат околности кои упатуваат дека осомничените би можеле да избегаат или да го повторат делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

МАЛОЛЕТНИКОТ КОЈ ГО УДРИ ДОКТОР ЈОТА ДОБИ КУЌЕН ПРИТВОР

Куќен притвор доби малолетникот кој со автомобил го удри лекарот Ѓорѓи Јота. 

Основниот суд Скопје определи мерка куќен притвор од 15 дена за малолетникот кој го прегази лекарот. Јавното обвинителство побара од Судот мерка куќен притвор и одземање на пасошот. Во соопштението на Јавното обвинителство стои дека до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднеселе барање за поведување подготвителна постапка спрема дете во ризик постаро од 14 години, за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ како и кривично дело „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“.

На 25 февруари, детето во ризик, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, не се придржувал кон сообраќајните прописи и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот и телото на луѓето.

РАСТУРЕНА ПРОСЛАВА ВО СТАЈКОВЦИ

Полицијата соопшти дека од угостителски објект во Стајковци се приведени 18 луѓе за непочитување на мерките за заштита. 

Претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов за „360 степени“ потврди дека вчера заедно со Миленко Неделковски и Александар Митовски биле на прослава по повод пензионирањето на Неделковски. 

„Точно е дека јас и мојата партнерка бевме во локалот по повод пензионирањето на Неделковски. Јас на себе немав часовник, но мислам дека беше околу 21:25 часот или можеби и 21:30 часот и веќе бевме надвор пред локалот кога полицијата нè повика да отидеме да дадеме изјава. Беа сосема коректни во односот, ние отидовме дадовме изјава и тоа беше тоа. Јас првпат влегувам во полициска станица, претходно сум немал вакво искуство“, вели Пандов за „360 степени“.


ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во земјава има повеќе од 2.000 луѓе кои навршиле 100 години. Во моментов во државата има 2.040 државјани стогодишници, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи.

Можеби ќе ве интересира

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан