24 Јануари, 2025
0.0342

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полициски службеници по наредба на ОЈО влегоа во Судскиот совет

Објавено во: Македонија 12 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

ПОЛИЦИЈАТА ПО НАРЕДБА НА ОЈО ВЛЕЗЕ ВО СУДСКИОТ СОВЕТ

Обвинителството влезе во Судскиот совет, се бараат докази за евентуално извршени кривични дела. 

Полициски службеници по наредба на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје попладнево влегле во Судскиот совет, за да обезбедат докази односно два записници кои треба да се проверат поради сомнежи за евентуално сторено кривично дело поврзано со мандатот на претседателката во заминување, Весна Дамева, потврди Јавното обвинителство.

ПОВТОРНО ЌЕ МУ СЕ СУДИ НА СОПСТВЕНИКОТ НА „БЕСА ТРАНС“

Сопственикот на „Беса транс“, Беким Хаџиу, ќе добие ново судење за лажната лиценца на неговата транспортна компанија, откако Апелациониот суд ги прифатил жалбите на обвинетите и ја поништил првостепената одлука.

Сопственикот на Беким Хаџиу е осуден на 20 месеци затвор за лажната лиценца за автобуски превоз во случај беше отворен откако во Бугарија изгореа 45 патници. Овој случај не е директно поврзан со причините за трагичната автобуска несреќа, туку со фалсификувањето на потврдата за сообраќајна дозвола за автобуска несреќа.

ИСЧЕЗНА ДЕТЕ ВО СКОПЈЕ

12 годишниот Сабах Сулејмани исчезнал денеска во Скопје, откако се качил во погрешен автобус. 

Детето е од Злокуќани, носело тегет јакна и зелен ранец. Исчезнувањето е пријавено во полиција. Роднините молат ако некој има некаква информација да им јави или да се јави во полиција. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Годинава отпус од македонско државјанство добиле 775 полнолетни и 160 малолетни лица, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи(МВР) за Фактор. Оваа година бројот на оние кои побарале отпус од државјанство е помал во споредба со 2023 година.

Две блок трансакции поминале вчера со акции на тетовскиот комбинат „Тетекс“ на Македонската берза.

За акционерите на УСЈЕ ќе се распредели аванс на дивиденда во вкупна сума од 22 милиони евра или 2.404 денари бруто по акција. 

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска е жена која инспирира. Со години е успешна како менаџер, експерт за енергетика, а образованието, посветеноста и меѓународните искуства ѝ го трасирале патот во професионалната кариера. 

„Тотал инженеринг“ кој е мнозински сопственик на двете компании (за трговија и конфекција н.з.) „Герас Цунев“ даде понуда за откуп на сите слободни акции по највисока годишна цена за таа акција постигната на Македонската берза. Доколку ги откупи сите акции фирмата на Вице Заев ќе плати 208.500 евра.

Продолжува тенденцијата на раст на одобренијата за градба издадени за објекти кои ќе се градат во Западна Македонија. Иако, главниот град и понатаму е омилен за градежната фела, намалувањето на слободните парцели, но и растот на трошоците за градба се повеќе ги насочуваат градежните сили кон останатите градови во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Томовски: Зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура ќе се доградат, но не во барок стил

Томовски: Зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура ќе се доградат, но не во барок стил

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Кривичен ја уважи амнестијата за Ристевски, Вељаноски, Атанасовски и Јанакиески за настаните од 27 април

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Кривичен ја уважи амнестијата за Ристевски, Вељаноски, Атанасовски и Јанакиески за настаните од 27 април

Мицкоски се огласи, но не појасни: Суштината е мојата посета, а не поканата за инугурацијата на Трамп

Мицкоски се огласи, но не појасни: Суштината е мојата посета, а не поканата за инугурацијата на Трамп

БОНЕВА, СТАВРЕСКИ И ТРЕНОВ: Тројца видни членови на ВМРО-ДПМНЕ на иста маса, едниот веќе доби функција

БОНЕВА, СТАВРЕСКИ И ТРЕНОВ: Тројца видни членови на ВМРО-ДПМНЕ на иста маса, едниот веќе доби функција

Повредените од верижниот судир кај Смилковско езеро се во стабилна состојба

Повредените од верижниот судир кај Смилковско езеро се во стабилна состојба

КАВАДАРЦИ: Ќерка ја нашла мајка си мртва со повреди

КАВАДАРЦИ: Ќерка ја нашла мајка си мртва со повреди

Јаневска: Пронајдени бројни неправилности кај Европскиот универзитет на Мерко

Јаневска: Пронајдени бројни неправилности кај Европскиот универзитет на Мерко

АХМЕТИ ДО МАКЕДОНЦИТЕ: Некој треба да оди во Бугарија, друг во Албанија, но на кого ќе му ја оставиме оваа земја?

АХМЕТИ ДО МАКЕДОНЦИТЕ: Некој треба да оди во Бугарија, друг во Албанија, но на кого ќе му ја оставиме оваа земја?

Тримесечно бебе пронајдено починато

Тримесечно бебе пронајдено починато