17 Април, 2024
0.1745

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Потврдени казните за Јанева и Боки 13, Aпелација ги отфрли жалбите

Објавено во: Македонија 21 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

АПЕЛАЦИЈА ГИ ПОТВРДИ КАЗНИТЕ ЗА ЈАНЕВА И БОКИ 13

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Рекет“, донесе одлука со која жалбите на обвинетиот Бојан Јовановски од Скопје, обвинетата Катица Јанева од Скопје и на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди, соопштија денеска од Судот.

Информираат дека вака донесената одлука ќе биде објавена во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.

Бојан Јовановски-Боки 13 и Катица Јанева беа прогласени за виновни во случајот „Рекет“ во јуни лани. Јовановски доби затвор од 9 години за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, а Јанева 7 години за злоупотреба на службената положба и овластување.

ДЕНЕС 15 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 2.550 тестирања, а регистрирани се 15 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 10, Куманово и Дебар – по 2, Тетово –  1.

Регистрирани сe 6 оздравени пациенти од:  Скопје – 5 и Тетово – 1.

Не се регистрирани починати лица.

Направени се 2.550 тестови преку: ИЈЗ-120, ЦЈЗ Скопје-34, ЦЈЗ Битола-40, ЦЈЗ Прилеп-16, ЦЈЗ Тетово–5, ЦЈЗ Куманово–24, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-8, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-62, Авицена-147, Биотек-95, Систина-66, лабораторија Лаор-0, Синлаб-145, Ремедика-5, Плодност–23, Генеа–3, Никоб лаб-465, ВФВ Медикал-11, Ели Медика-1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.280.

ДЕЛТА СОЈОТ СЕ ШИРИ ВО РЕГИОНОТ

Секој трет заразен со коронавирусот во Бугарија е од делта сојот. 

Главниот здравствен инспектор Ангел Канчев, на денешниот брифинг во Министерството за здравство на Бугарија, изјави дека има промена во трендот на ширење на вирусот, јави дописникот на МИА од Софија. Канчев изјави дека е запрено намалувањето на новозаразени и дека сега секое трето лице е заразено со делта сојот. Постепено ќе го зголемуваат бројот на случаи во јули, а многу побрзо во август.

Доколку се почитуваат рестриктивните мерки при граничната контрола, може да се забави ширењето на делта сојот, што веќе доминира во повеќе од 50 проценти од случаите во Европа.

Тој истакна дека меѓу земјите со најголема инциденца во моментот земјите со активен туризам – Кипар, Шпанија, Португалија и Грција.

Заразата зема замав во соседна Грција, каде во еден ден имаат повеќе од 3.500 заразени. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Атмосферската појава во Битола е метеоролошка појава која е позната под името тромба или пијавица и е еден вид на торнадо,  но со слаб интензитет, вели метеорологот Пеце Ристевски, за она што се случи во селото Живојно.

Скопски обвинител четири години го држи предметот во кој МВР, по пријава од Централниот регистар (ЦР), споредувајќи ги базите на податоци на ЦР и на „Таргет груп“ утврдил индиции на криминал опишан во член 251 од Кривичниот закон. Според МВР има индиции дека „Таргет груп“ неовластено навлегувал во системот на Централниот регистар.

Во новиот закон за легализација кој сега го подготвува Министерството за транспорт и врски откако еднаш годинава под притисок на јавноста и откако утврди дека е неуставен, претседателот Стево Пендаровски не го потпиша указот, ќе се опфатат објекти кои се изградени од март 2011 до пред јануари 2021 година, односно во последните десет години.

Христо Кондовски, еден од најпознатите бизнисмени во Битола е во потесниот круг на СДСМ за избор на кандидат за градоначалник на градот, дознава Фактор од свои извори. Нашите соговорници коментираат дека ако се случи ова, ќе значи дека СДСМ за Битола одлучила да игра на сигурна карта, затоа што Кондовски во градот го сметаат за бизнис икона. 

Можеби ќе ве интересира

Владата донесе одлука за унапредување на статусот на специјализантите

Владата донесе одлука за унапредување на статусот на специјализантите

ФАКТОР НА ДЕНОТ: За една година се затворени 14 училишта

ФАКТОР НА ДЕНОТ: За една година се затворени 14 училишта

(ВИДЕО) СЕ ОГЛАСИ ЗАЕВ: Упати порака до граѓаните

(ВИДЕО) СЕ ОГЛАСИ ЗАЕВ: Упати порака до граѓаните

ОСМАНИ: Од семејни здравствени причини ќе ги прекинам денешните активности во кампањата

ОСМАНИ: Од семејни здравствени причини ќе ги прекинам денешните активности во кампањата

Данела Арсовска: Универзална сала изгоре по еден месец откако е под Министерството за култура

Данела Арсовска: Универзална сала изгоре по еден месец откако е под Министерството за култура

УБАВА, ИНСПИРАТИВНА, ВО ЦРНО - обвинителката Фатиме Фетаи во свој стил го прослави 39 роденден

УБАВА, ИНСПИРАТИВНА, ВО ЦРНО - обвинителката Фатиме Фетаи во свој стил го прослави 39 роденден

Среќна сум што НЛБ Банка го препозна потенцијалот на нашиот проект во момент кога тоа ни е можеби најпотребно: Ксенија Николова за „Better Women Better World“

Среќна сум што НЛБ Банка го препозна потенцијалот на нашиот проект во момент кога тоа ни е можеби најпотребно: Ксенија Николова за „Better Women Better World“

„СЕВЕРНОМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е ТРГНАТА, ГРЕШКАТА Е ИСПРАВЕНА“ - се огласи МНР по пропустот на Европскиот парламент

„СЕВЕРНОМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е ТРГНАТА, ГРЕШКАТА Е ИСПРАВЕНА“ - се огласи МНР по пропустот на Европскиот парламент

Пад на бројот на ученици,затворени 14 училишта

Пад на бројот на ученици,затворени 14 училишта