ФАКТОР НА ДЕНОТ: Повторно сообраќајка во Скопје, загина повозрасен човек

Објавено во: Македонија 26 Јануари, 2022
УШТЕ ЕДНА СООБРАЌАЈКА СО СМРТНИ ПОСЛЕДИЦИ СЕ СЛУЧИ ВО СКОПЈЕ
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид и презема дејствија за утврдување на фактите за настаната тешка сообраќајна несреќа во близина на мостот „Гоце Делчев“ во центарот на Скопје, соопшти Обвинителството.
„Првичните сознанија упатуваат дека до несреќата дошло кога автомобил марка БМВ со кумановски регистарски ознаки удрил во пешак кој ја преминувал улицата во непосредна близина на мостот.Мајката на младата Јелена Филиповиќ од Куманово која загина во сообраќајка во 2020 година учествувала со сообраќајката што се случи денеска кај мостот „Гоце Делчев“, каде е прегазен пешак на возраст од 76 години.
Извори на Фокус од институциите, неофицијално потврдуваат дека автомобилот „БМВ“ со кумановски регистерски таблици го управувала четириесет и двегодишната Гордана Филиповиќ.
И ДЕНЕС ИМА НАД 2.000 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТМинистерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 6.119 тестови, а регистрирани се 2.019 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 968, Битола – 150, Кавадарци – 104, Куманово – 75, Тетово – 71, Прилеп – 64, Велес – 62, Струмица – 61, Гевгелија – 48, Кочани – 45, Охрид – 41, Штип – 38, Гостивар и Ресен – по 33, Неготино – 31, Радовиш – 27, Струга – 26, Кичево – 24, Свети Николе и Делчево – по 18, Валандово – 13, Берово – 12, Виница и Богданци – по 10, Крива Паланка – 9, Крушево, Демир Хисар и Македонски Брод – по 5, Кратово – 4, Пробиштип, Пехчево и Дојран – по 2, Дебар, Македонска Каменица и Демир Капија – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (2.019), регистрирани се 254 реинфекции, од кои две се втора реинфекција.ОД 1 ФЕВРУАРИ ЌЕ ИМА НАСТАВА СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО
Учениците за неколку дена ќе се вратат во училиштата и ќе продолжат со наставата.
Наставата во основното и средното ќе започне на 1 февруари со физичко присуство. Oва е одлука од 7-та седница на Владата.
Одлуката е донесена врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести и согласно препораките на УНИЦЕФ, а Владата повикува на доследно придржување и спроведувањето на протоколите за одржување настава со физичко присуство.ПЕРИОДОТ НА ИЗОЛАЦИЈА Е СКРАТЕН
Владата донесе одлука со која се намалува периодот на изолација или карантин на 7 дена.
Владата на денешната 7-ма редовна седница донесе одлука за намалување на периодот на изолација за лицата кај кои лабораториски е утврдено присуство на КОВИД-19 како и периодот на самоизолација/карантин на лицата кои биле во близок контакт со потврден случај со КОВИД-19.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
foto Sitel
Можеби ќе ве интересира
ДОДЕКА СЕ СУДИМЕ, ДЕЦАТА ЌЕ ПОЧНАТ ДА ОДАТ ВО ШКОЛО: Како ќе се решава проблемот со градинките, неизвесноста се поголема

ПОПЛАДНЕ ОЧЕКУВАЈТЕ НЕВРЕМЕ: Времето денес и за викенд

Кај украинските бегалци расте интересот за изучување на македонскиот јазик

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ВМРО-ДПМНЕ поднесува интерпелација за Џафери, Левица ќе даде поддршка

Го прегазиле, го ограбиле и го оставиле во слепа улица по што починал

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека обвинителството не можеше да најде ништо спорно кај Мицкоски

Славчо Попоски најавува невреме и можни локални поплавувања

КОЛКУ Е БОГАТ ШЕФОТ НА КАБИНЕТОТ НА ПРЕМИЕРОТ - Мартин Попов пријавил две куќи, но на родителите, а има и возило, два депозити, но и кредит
