19 Март, 2025
0.0350

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Промена на грбот ќе има, но Касами говори дека и химната треба да се смени

Објавено во: Македонија 13 Февруари, 2025 21:31

Добивај вести на Viber

КАСАМИ ВЕЛИ ДЕКА И ХИМНАТА ТРЕБА ДА СЕ СМЕНИ

Oткако премиерот Христијан Мицкоски вчера кажа дека со Вреди разговараат за промена на државниот грб, Билал Касами од БЕСА вели дека и химната треба да се менува. 

Toj вели дека и албанскиот јазик треба да влезе во Уставот. 

„Сакаме да го отсликаме новото време, а тоа е Македонија да биде дел од европското семејство. Ќе бевме подготвени да разговараме за пакет каде што секако ќе се разгледуваше грбот, прашањето за химната, но и прашањето за другите уставни измени поврзани со унапредувањето на албанските права или прашањето за несоодветното дефинирање на албанскиот јазик во Уставот, како јазик на 20 отсто“, Касами.

ДАЛИ ВЛАТКО ЃОРЧЕВ МОЛЕЛ СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ ДА НЕ ЈА УРИВА ВЛАДАТА НА ГРУЕВСКИ?

Според неофицијални сознанија на Фактор, Македонецот кој ги молел властите во САД да не ја рушат  Владата во Македонија чиј премиер беше Никола Груевски, е Влатко Ѓорчев кој долги години беше пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. 

Тој одговара на објаснувањето кое го дава Кетрин О Нил, поранешна вработена во Стејт департментот.

ПОРАДИ ОГРАНИЧУВАЊЕТО НА МАРЖИТЕ МОЖЕ ДА СЕ ЗАТВОРАТ ПРОДАВНИЦИ И МАРКЕТИ

Во врска со намалувањето на маржите за 10 отсто, до сите медиуми со голем писмен допис се обрати Стопанската комора на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалоци и тутун.

Тие, како што пишуваат до медиумите, доставиле и до Владата барање за итна средба за состојбите во врска со одлуката за ограничување на маржите.

А, оваа комора, како што велат, е основана практично сега, односно на 10 февруари годинава, на основачко Собрание, токму откако Владата ја донесе одлуката за ограничувањето на маржите до 30 април, со опфаќање на основните прехранбени продукти, детергентите и бебешката храна. Таа комора е во фаза на упис во Централниот регистар, со едногласно донесени одлуки за основање. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Некои заразни болести, кои до неодамна речиси беа заборавени во модерното општество, повторно се враќаат во загрижувачки размери. Во 21 век, ерата на напредната медицина и брзиот развој на нови терапии, сексуално преносливите инфекции бележат драстичен пораст, а најмногу ги погодуваат младите. 

Од златарниците се жалат дека младите скоро и да не купуваат златен накит за подарок за Свети Валентин, за Денот на вљубените и додаваат цените растат, со што златото станува луксуз.

Подготвен е Нацрт законот за административни службеници, а овој обемен законски текст се најде и на платформата ЕНЕР. Станува збор за огромно законско четиво, а дел од законските одредби пренесуваме и во оваа анализа на Фактор.

Драган Тевдовски, првиот министер за финансии во владата на поранешниот премиер Зоран Заев, ќе се обиде своето знаење и искуство да го пренесе деловнички на клиенти со основање на фирмата „Даталитикс ОРГ“.

Можеби ќе ве интересира

Уапсен сопственик на кабаре во Куманово, поседувал пиротехника

Уапсен сопственик на кабаре во Куманово, поседувал пиротехника

„ИМИЊАТА НА ОВИЕ ДЕЦА ТРЕБА ДА СТАНАТ СИМБОЛ НА БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА И АЛЧНОСТА“: Зошто треба да се пренесува погребот на жртвите

„ИМИЊАТА НА ОВИЕ ДЕЦА ТРЕБА ДА СТАНАТ СИМБОЛ НА БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА И АЛЧНОСТА“: Зошто треба да се пренесува погребот на жртвите

„БЕЗ ПАУШАЛНИ ОБВИНУВАЊА, САМО ПРАВНО АРГУМЕНТИРАНО!“: Апасев до министерот за внатрешни Тошковски

„БЕЗ ПАУШАЛНИ ОБВИНУВАЊА, САМО ПРАВНО АРГУМЕНТИРАНО!“: Апасев до министерот за внатрешни Тошковски

Таравари најави истрага откако кумановец почина од предизвикана алергија во болница

Таравари најави истрага откако кумановец почина од предизвикана алергија во болница

СЕГА ИСТИОТ ТОЈ ОБВИНИТЕЛ Е НАЗНАЧЕН ЗА ИСПОМОШ ВО ОЈО КОЧАНИ, СЕ ШТО ТРЕБА ДА СЕ СМУТИ И ЧИЈА ТРАГА ТРЕБА ДА СЕ ОДБЕГНЕ ЌЕ ВИДИМЕ: екс обвинителката Кадриу со скандалозно сведоштво

СЕГА ИСТИОТ ТОЈ ОБВИНИТЕЛ Е НАЗНАЧЕН ЗА ИСПОМОШ ВО ОЈО КОЧАНИ, СЕ ШТО ТРЕБА ДА СЕ СМУТИ И ЧИЈА ТРАГА ТРЕБА ДА СЕ ОДБЕГНЕ ЌЕ ВИДИМЕ: екс обвинителката Кадриу со скандалозно сведоштво

ВИДЕО: ОВОЈ ФИЛМ СТАНА ТАЖНАТА ПРИКАЗНА НА КОЧАНИ: Серија страшно потсетува на хоророт во „Пулс“

ВИДЕО: ОВОЈ ФИЛМ СТАНА ТАЖНАТА ПРИКАЗНА НА КОЧАНИ: Серија страшно потсетува на хоророт во „Пулс“

„НА СИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ ДОСЕГА ИМ КАЖАВ, АКО ВАКА ПРОДОЛЖИМЕ, ОДИМЕ ВО БЕЗДНА“ - Пивоваров за Фактор: Корупцијата нѐ убива

„НА СИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ ДОСЕГА ИМ КАЖАВ, АКО ВАКА ПРОДОЛЖИМЕ, ОДИМЕ ВО БЕЗДНА“ - Пивоваров за Фактор: Корупцијата нѐ убива

„ВРИЕ“ ОД НЕПРИЈАВЕНИ ОГНОМЕТИ: Пиротехничар вели дека тоа е куршум кој може да убие, само стручни лица смеат да ги организираат

„ВРИЕ“ ОД НЕПРИЈАВЕНИ ОГНОМЕТИ: Пиротехничар вели дека тоа е куршум кој може да убие, само стручни лица смеат да ги организираат

„ВДИШУВАЊЕТО НА ВРЕЛ ВОЗДУХ И ТОКСИЧНИ ГАСОВИ ЈА ПРАВАТ КЛИНИЧКАТА СЛИКА ПОСЕРИОЗНА“: Лекарите очекуваат компликации кај некои од пациентите

„ВДИШУВАЊЕТО НА ВРЕЛ ВОЗДУХ И ТОКСИЧНИ ГАСОВИ ЈА ПРАВАТ КЛИНИЧКАТА СЛИКА ПОСЕРИОЗНА“: Лекарите очекуваат компликации кај некои од пациентите