Добивај вести на Viber
МАРГАРИТА ЦАЦА НИКОЛОВСКА Е ИЗБРАНА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ГРУПАТА ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ
Работната група за подготовка на предлогот за уставни измени ја одржа првата уставна седница, за нејзин претседател е избрана Маргарита Цаца Николовска, поранешен судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. За потпретседател е избран Бајрам Положани, поранешен судија во Уставниот суд и професор по уставно право. .
Предлагач на статутарните измени е Владата, која го задолжи Министерството за правда да ја формира работната група. Работната група ќе има задача да го подготви предлогот за иницијативата за потребата од промена на Уставот. По изготвувањето на предлогот, ќе биде доставен до Владата, која ќе треба да ја достави иницијативата до Собранието. Предлозите ќе поминат од сите работни тела во рамките на Собранието.
РОДИЛКАТА ОД БИТОЛА ЧИЕ БЕБЕ ПОЧИНА ТВРДИ ДЕКА НЕМА ОТПУСНО ПИСМО
Родилката од Битола, Марија Крстеска, чие бебе почина на 10 април, само два часа по породување, на својот Фејсбук профил напиша дека нема отпусно писмо и по 12 дена откако била пуштена дома.
„Во која нормална држава, со нормални услови и КАДЕ ШТО ПАРТИИТЕ и "Ко је јачи у парама" не се водечката каписла, се дозволува 12 дена да си дома, а сеуште да не си испишан од болница и да се водиш таму!? А ИСТОТО ТРЕБА ДА Е ВЕДНАШ, КОГА СИ ОДИШ ОД БОЛНИЦА!!!
Ете јас после 12 дена СЕУШТЕ немам отпусно писмо.
ЈАВНОСТА ВО СРБИЈА Е БЕСНА ОТКАКО МЕДИЦИНСКА СЕСТРА ОБЈАВИ ВИДЕО ОД ЦАРСКИ РЕЗ
Вработената во српската болница „Народни фронт“ која снимала жени за време на операција и директно емитуваше вршење царски рез од операциона сала, се исклучила од социјалните мрежи.
Пред да се исклучи, објаснила зошто снимала.
„Видеото е создадено ненамерно. Во ноќната смена, сите сме свесни дека употребата на мобилни телефони е забранета во салата, но кога нѐ повикаа на итен царски рез, јас само го оставив телефонот потпрен на држачот за ракавици, несвесна дека камерата е вклучена и се емитуваше во живо на Тик Ток. Пред повикот во салата, го гледавме Тик Ток и тоа беше последното нешто што остана. Од снимката се гледа дека никој во салата не знаел дека од телефонот се емитува во живо. Видеото е создадено спонтано“, рече таа.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Како да се направи нешто поразлично и да се покрене економијата, како до идеја за нешто поинаку, но и упорност при реализацијата и покрај неуспесите. Отстранување на корупцијата од сите државни и владини тела и нејзино елиминирање. Ова се мал дел од советите на панелистите кои земаа учество на денешниот Самит на Македонија 2025.
Профитот на најголемата банка за првите три месец во најголема мерка се должи на силниот раст од приходите од камати и тоа во комбинација со намалените трошоци за резервации на пласмани
Фактор анкетираше повеќе граѓани, при што сите го делат ставот дека наместо државата да увезува работници од странство, треба на пазарот на труд да се активираат луѓето кои долги години се невработени и се во евиденцијата на Агенцијата за вработување.
Единствената државна компанија за пренос на природен гас АД Номагас, што започна со работа на почетокот на оваа година, во 2023 ќе стартува со буџет од 4,176 милијарди денари, или околу 68 милиони евра.
Акцијата на „Адинг“ уште еднаш се покажа како фаворит од сенка во споредба со акцијата на многу поголемата компанија од градежната оператива. Затоа што акцијата на „Адинг“ носи принос од 4 отсто на последната пазарна цена. Со овој принос акцијата е многу конкурентна и на банкарските камати за депозити и штедни влогови. Особено затоа што „Адинг“ има беспрекорна и континуирана дивиденда историја
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.