28 Март, 2024
0.1618

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Рашковски поднесе оставка, Заев прифати

Објавено во: Македонија 14 Април, 2021

Добивај вести на Viber

РАШКОВСКИ СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

Драги Рашковки поднесе неотповиклива оставка од функцијата во Владата - секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата на Владата и на стратешките проекти.

„Почитуван Претседател на Владата, кога политиката (политикантството) ќе станат погласни од природните науки, тогаш работната атмосфера станува непогодна за некој кој е научен во се да ја бара логиката. Токму заради тоа до вас го доставувам ова неотповикливо повикување од функцијата. 

Мојата улога и со оваа функција и со претходната како генерален секретар беше да му дадеме една нова динамична димензија на општествениот живот. Секретар, каков и да е, може да е обичен писар, но може да е и еден од главните двигатели....“, пишува меѓу другото Рашковски.

ДЕНЕС ПОМАЛКУ ОД 1.000 ЗАРАЗЕНИ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 3.610 тестирања, а регистрирани се 949 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 357, Битола – 85, Куманово – 69, Прилеп – 43, Велес – 39, Охрид – 36, Тетово – 34, Струмица и Кочани – по 29, Гостивар – 28, Штип – 26, Кавадарци – 25, Кичево – 21, Гевгелија – 14, Свети Николе – 13, Струга – 11, Ресен и Радовиш – по 10, Делчево и Виница – по 9, Неготино, Берово и Валандово – по 7, Крива Паланка – 6, Богданци – 5, Дебар и Македонски Брод – по 4, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 3, Пробиштип и Пехчево – по 2, Крушево и Демир Капија – по 1.

Регистрирани се 737 оздравени пациенти.

ВМРО-ДПМНЕ ПРЕДЛАГА РЕФУНДИРАЊЕ ЗА ОНИЕ КОИ БИЛЕ НА ЛЕКУВАЊЕ ВО ПРИВАТНИТЕ БОЛНИЦИ

ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи законското решение кое беше усвоено вчера на владината седница со кое ќе се ограничат цените за лекување од Ковид-19 во приватните клиники до 5.000 евра и ќе предложи амандман со кој ќе се рефундираат средства на оние кои веќе ги користеле овие услуги.

Ова денеска го потврди лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Стопанската Комора за Информатички Технологии – МАСИТ.

- Не само што ќе даде, туку и ќе предложи тоа да се прошири и на оние пациенти, кои и досега ги користеа услугите на приватните болници, односно доколку имаат соодветен доказ да го приложат и државата е должна на тие луѓе да им ги рефундира трошоците. Затоа што 14 месеци потоа, 4.000 починати луѓе, повеќе од 130.000 заболени луѓе и денеска им текнува дека треба да ги ограничат услугите во приватните болници. Тоа требаше на почеток да се случи. Но, кога веќе не се случи на почеток, дајте барем на овие да им помогнеме како држава и да им ги рефундираме трошоците што досега ги направија, рече Мицкоски.

ЌЕ СТИГНАТ НОВИ ДОЗИ ОД ФАЈЗЕР ВАКЦИНИТЕ


Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска пред пунктовите за вакцинација пред спортскиот центар А1 Арена „Борис Трајковски“ најави дека врќе од понеделник ќе има нови пратки вакцини во Македонија. Првично се очекуваат 20.000 дози од производителот Фајзер/Бионтек, пратка која е дел од директните преговори со оваа фармацевтска компанија. 

-Првата пратка од 10 илјади би требало да стигне на 19 април, а на 26 април и другата пратка од уште 10 илјади вакцини. Во тек е и комуникација со кинеската и руската амбасада од каде што се чека поголема количина пратки, а до крајот на месецот се очекуваат уште 76 илјади од „Астра Зенека, истакна министерот.  Во текот на утрешниот ден почнува вакцинацијата на граѓаните од 73 и 74 години. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Агенцијата за енергетика, носител на Законот за енергетска ефикасност, иако требаше, изминатата година поради пандемијата не успеала да ги подготви правилниците во законските рокови.

Куба е земјата која во време на пандемија се покажа како многу солидарна, со тоа што нивни лекари ширум светот помагаат во борбата со коронавирусот.  Тие не се присутни на Балканот, затоа што такво нешто не е договорено со властите во регионот, но се на првата линија на фронтот од Италија, до Јужна Африка, Азербејџан, Мали и многу други држави.

Како што и најави, Владата го подготви и го достави до Собранието законското решение со кое ќе им го отвори патот на фирмите оваа година да го зголемат регресот за годишен одмор за своите вработени.

Нема да е бетонско чудовиште туку урбан комплекс со многу јавно зеленило - инвеститорите денеска го презентираа проектот наречен „Гранд“ кој е планирано да се гради на парцелата 1.1 на локацијата спроти скопскиот хотел Холидеј Ин. 

Можеби ќе ве интересира

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов