22 Март, 2025
0.1461

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Росица Кулакова ги повика медиумите да не објавуваат видео со кое Дукоски ќе сака да го очовечи убиецот на Фросина

Објавено во: Македонија 06 Февруари, 2025 21:45

Добивај вести на Viber

СЕСТРАТА НА ФРОСИНА ВЕЛИ ДЕКА ДУКОСКИ ЌЕ ОБЈАВИ ВИДЕО ОД НЕСРЕЌАТА

Росица Кулакова, сестрата на загината Фросина, вели дека добила информација дека утре Сашо Дуковски, адвокатот на обвинетиот Васил Јованов, ќе објави видео на кое се гледа како Васил плаче над мртвото тело.  Таа ги повика медиумите да не го објавуваат видеото.

„Познавајќи го неговото минато и адвокатски стил, јасна е целта на Дукоски: да го очовечи убиецот на сестра ми. Да покаже како вришти затоа што му е жал за Фросина, а тој всушност вришти затоа што знае што следи и што го чека него! Вришти затоа што знае што го чека со оглед на неговото криминално минато. Испраќам апел до сите медиуми видеото да не биде објавено, прво од почит кон починатата, а потоа и кон семејството како и кон целата јавност што е веќе доволно згрозена од оваа трагедија. Па не ли беше доволно хорор…“, се вели во писмото на Росица Кулакова.

ПЕЦЕ МИРЧЕВСКИ ДОБИ 30 ДЕНА ПРИТВОР

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основно јавно обвинителство за определување мерки за обезбедување против едно лицe поврзано со истрагата за Службата за општи и заеднички работи при Влада на РСМ, по произнесување на осомничениот во присуство на негов бранител и Јавниот обвинител, донесе решение со кое:

Се прифаќа предлогот на Јавниот обвинител и на осомничениот П.М. му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165 ст.1 т. 1 и 2 односно Опасност од бегство и Можност да ја попречи истрагата со влијание врз сведоците. Воедно прифатен и предлогот за определување мерки за претпазливост против Г.П. согласно чл. 146 ст. т1,2,3 и 6 односно Одземање на патната исправа и забрана за издавање нова, Забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, Обврска да се јавува во судот, Забрана за воспоставување комуникација со други лица поврзани со кривичното дело.

ГОБ „8-МИ СЕПТЕМВРИ“ ЌЕ БИДЕ РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР

Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ се планира да биде трансформирана во регионален центар за лекување на пациентите од главниот град, како и од Велес и Куманово. Оваа информација денеска ја соопшти директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски, на прес-конференција на која беше презентиран буџетот на ФЗО за 2025 година, наречен „План 2025“. 

Клековски истакна дека Владата размислува да ја стави во мирување иницијативата за изградба на нов Клинички центар. Причините, според него, се двојни – прво, демографскиот пад и намалувањето на населението, а второ, неискористените капацитети на ГОБ „8 Септември“, кои можат значително да помогнат во намалување на притисокот врз Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

За летните одмори, дел од српското население до Грција ќе патува преку Македонија, а дел преку Бугарија, соседна земја која неодамна влезе во шенген зоната. По тој повод прашавме повеќе српски граѓани, кој пат ќе го изберат за да стигнат до Грција и зошто.

Со непроменети цени цели 17 години, осигурителните компании продолжија да продаваат полиси за осигурување на возила и покрај енормните поскапувања во сите сектори кои го засегаат овој бизнис.

Компанијата „Гоце Делчев“ Тиквеш од Кавадарци отповикува еден свој член на Управниот одбор, а за тоа ја извести инвеститорската јавност преку Македонската берза. 

Дали е последица на случувањата во светот и на сите економски „потреси“ кои со себе ги „донесе“ новиот американски претседател Доналд Трамп, дали се должи на домашни фактори и на своевидно благо ладење на инвеститорите после ланската фантастична берзанска година, но деновиве Македонската берза сериозно засвети во црвена боја.

Градежниците, иако дефицитарни скоро и да не добиле покачување на платите изминатава година, а меѓу големите губитници, кога се платите во прашање, според статистика се и воздухопловците чии плати значително се намалиле. 

Можеби ќе ве интересира

„ПРИЈАВИВ ДЕКА НОЌЕН КЛУБ СЛУЖИ АЛКОХОЛ НА МАЛОЛЕТНИЦИ ПОСЛЕ ПОЛНОЌ...“ - горчливо искуство на граѓанин од пред две години, еве како завршил

„ПРИЈАВИВ ДЕКА НОЌЕН КЛУБ СЛУЖИ АЛКОХОЛ НА МАЛОЛЕТНИЦИ ПОСЛЕ ПОЛНОЌ...“ - горчливо искуство на граѓанин од пред две години, еве како завршил

ОДЗЕМЕНИ СЕ 198 ЛИЦЕНЦИ ВО ДЕЛОТ НА ИЗГРАДБАТА НА СТАНОВИ - во Министерството за транспорт се работи и денеска, а и утре

ОДЗЕМЕНИ СЕ 198 ЛИЦЕНЦИ ВО ДЕЛОТ НА ИЗГРАДБАТА НА СТАНОВИ - во Министерството за транспорт се работи и денеска, а и утре

СУДОТ ОДРЕДИ 30 ДНЕВЕН ПРИТВОР ЗА ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ - поранешни градоначалници, министри и директори

СУДОТ ОДРЕДИ 30 ДНЕВЕН ПРИТВОР ЗА ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ - поранешни градоначалници, министри и директори

„ОВАА БОРБА ЌЕ БИДЕ ДОЛГА И НЕМА ДА БИДЕ РЕШЕНА НИТУ ЗА ЕДНА, НИТУ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ“ - Директорот на ФЗО, Клековски, вели дека сега почнува ризикот од инфекции

„ОВАА БОРБА ЌЕ БИДЕ ДОЛГА И НЕМА ДА БИДЕ РЕШЕНА НИТУ ЗА ЕДНА, НИТУ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ“ - Директорот на ФЗО, Клековски, вели дека сега почнува ризикот од инфекции

НА МИРНИОТ СОБИР ГРАЃАНИТЕ НА КОЧАНИ ИМ ДАДОА ПОДДРШКА НА ЛИЦАТА ОД ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО: „Ги спасувале младите, а наместо да се лекуваат, тие се во притвор“

НА МИРНИОТ СОБИР ГРАЃАНИТЕ НА КОЧАНИ ИМ ДАДОА ПОДДРШКА НА ЛИЦАТА ОД ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО: „Ги спасувале младите, а наместо да се лекуваат, тие се во притвор“

КАКО И КАДЕ ЌЕ СЕ ВРАЌААТ ПАЦИЕНТИТЕ ПОВРЕДЕНИ ВО ПОЖАРОТ КОИ СЕГА СЕ ЛЕКУВААТ ВО СТРАНСТВО - според Таравари, некои ќе дојдат со комерцијален лет, а за некои ќе треба подолга рехабилитација

КАКО И КАДЕ ЌЕ СЕ ВРАЌААТ ПАЦИЕНТИТЕ ПОВРЕДЕНИ ВО ПОЖАРОТ КОИ СЕГА СЕ ЛЕКУВААТ ВО СТРАНСТВО - според Таравари, некои ќе дојдат со комерцијален лет, а за некои ќе треба подолга рехабилитација

НА ЛЕКАР ВО ПРИВАТНА БОЛНИЦА ВО СКОПЈЕ МУ БИЛЕ УПАТУВАНИ ЗАКАНИ ОД 45 ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ - полицијата работи на случајот

НА ЛЕКАР ВО ПРИВАТНА БОЛНИЦА ВО СКОПЈЕ МУ БИЛЕ УПАТУВАНИ ЗАКАНИ ОД 45 ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ - полицијата работи на случајот

„ПРВ ИЗЛЕЗЕ, АМА СЕ ВРАТИ ДА СПАСИ КОЛКУ МОЖЕ ПОВЕЌЕ ЛИЦА“ - другарите раскажуваат и тагуваат за младиот Ице

„ПРВ ИЗЛЕЗЕ, АМА СЕ ВРАТИ ДА СПАСИ КОЛКУ МОЖЕ ПОВЕЌЕ ЛИЦА“ - другарите раскажуваат и тагуваат за младиот Ице

Митева: Два објекти не ја почитувале одлуката на Владата за денови на жалост, итна реакција и преземени сите мерки

Митева: Два објекти не ја почитувале одлуката на Владата за денови на жалост, итна реакција и преземени сите мерки