25 Април, 2024
0.1007

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Русија ќе се насочи кон ослободување на Донбас, а го објавија и бројот на загинати војници

Објавено во: Свет 25 Март, 2022

Добивај вести на Viber

РУСИЈА ЌЕ СЕ НАСОЧИ КОН ДОНБАС

Русија ја менува стратегијата и ќе се фокусира на ослободување на Донбас. 

Шефот на руската војска, Сергеј Рудској изјави дека ќе се фокусираат на „целосното ослободување“ на источниот регион Донбас.  Како што велат од Министерството за одбрана, тоа била една од првичните две опции на „специјалната воена операција“, при што втората се однесувала на целата Украина.

Државните медиуми навестуваат можно намалување на руските воени активности во Украина. 

Сергеј Рудској, шефот на главниот оперативен оддел на генералштабот на руските вооружени сили, кажа дека 93 отсто од регионот Луганск и 54 отсто од регионот Доњецк се под руска контрола.

РУСИЈА ОБЈАВИ КОЛКУ НИВНИ ВОЈНИЦИ ЗАГИНАЛЕ ДОСЕГА

Загина уште еден руски генерал во Украина, тврдат Украинците. 

Од канцеларијата на претседателот Володимир Зеленски соопштија дека украинската армија убила уште еден руски генерал, пренесува „Киев Индипендент“.

Рускиот генерал Јаков Рјезанцев е убиен во Чорнобаивка северно од Керсон, каде што се водат жестоки борби меѓу Украинците и Русите, тврди Олексеј Арестович, советник на украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

„Украинските сили го убиле командантот на 49-та руска армија на Јужниот округ, генерал Јаков Рјезанцев, во напад на Чорнобаивка кај Керсон“, истакна Арестович.

Оваа информација засега не е потврдена од руска страна. Ако се потврди дека е точно, ова е шести руски генерал кој загина во Украина за период од еден месец откако почна војната.

Русија јавува за 1.351 руски војник загинат во Украина, и тоа е многу под западните проценки кои говореа дека има над 10.000 загинати. 

ДИЗЕЛОТ ПОСКАПУВА

Како што објави Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), дизелот поскапува од полноќ. 

Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за два денари по литар, а цените на останатите горива остануваат исти. Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,85 отсто.

ДЕНЕС ИМА 332 ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.246 тестови, а регистрирани се 322 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 178, Битола – 31, Кавадарци – 19, Велес – 17, Куманово – 12, Прилеп – 11, Струмица и Кочани – по 9, Делчево – 8, Охрид и Кичево – по 6, Гевгелија и Ресен – по 3, Неготино, Радовиш, Берово и Богданци – по 2, Валандово и Пехчево – по 1.

ТУПАНЧЕВСКИ И ФЕТАИ САМИ СИ ПЛАТИЛЕ ЗА ПАТУВАЊЕТО

Министерот за правда, Никола Тупанчевски, во изјава за Фокус истакна дека на свој трошок бил во Италија.

Тој беше прозван во јавноста, откако беше забележан како заедно со вишата јавна обвинителка, Фатиме Фетаи, и претседателот на Основниот суд Кавадарци, Лазар Нанев, вчера беа во ложата на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо. Aнтикорупциска бараше одговор кој ги платил патувањата. Дека сама си платила потврди и Фетаи. 

ГРАЃАНИТЕ ГИ ДОЧЕКАА ФУДБАЛЕРИТЕ ВО СКОПЈЕ

Светско чудо во Палермо, трагедија на Италија, епска победа на Македонија, европскиот првак шокиран, Македонија ја елиминираше Италија. Ова се само дел од насловните страници на спортските медиуми ширум Европа. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Сите приватни фирми, државни институции, јавни претпријатија и министерства кои се обврзале од снабдувачи да купуваат струја по цена од берзата ХУПЕКС во март ќе платат струја поскапа над 40 отсто од февруарската сметка

Ако во јануари малку стивна, во февруари повторно во банките имало „јагма“ за станбените кредити. Тоа го покажуваат податоците на Народна банка на Македонија за движењето на монетарните агрегати во вториот месец од годинава.

Ретко каде жената има толку впечатлива улога и печат во функционирањето на компанијата како во Ново Нордиск. Залагањата за урамнотежена  родова застапеност  не се едноставни во средина со длабоко вкоренети предрасуди и стереотипи, но  во овој случај се одамна преточени во неверојатен успех сам по себе, бидејќи меѓу вработените 49  отсто  се жени,  од кои 43 %  се на  лидерски позиции и 36%  на високи раководни позиции.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек