29 Март, 2024
0.0273

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа Самитот за Западен Балкан, испратени пораки до Бугарија и ЕУ

Објавено во: Македонија 14 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

САМИТ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН СЕ ОДРЖА ВО СКОПЈЕ

Вицепремиерот задолжен за евроинтеграции на земјава, Никола Димитров, на самитот на Западен Балкан организиран од Економист, денеска кажа дека освен јасната порака од ЕУ дека регионот треба да се интегрира, недостига конкретно дејствување, акција на терен за тоа и конкретно да се случи. 

Опкружена сум со луѓе кои ја разбираат големата слика, а таа е дека геополитиката никогаш не си замина од Балканот, иако имавме кратка пауза.

Со овие воведни зборови го почна своето излагање на Самитот за Западен Балкан организиран од Економист министерката за одбрана на земјава, Радмила Шекеринска.

Таа нагласи дека оваа констатација е факт, иако се создаваат големи климатски промени, климатска криза, но и напредок на интернет технологијата, и овие прашања сега имаат многу забрзан тренд, иако не се нови. Затоа, потенцира министерката, сега е вистински предизвик каков ќе биде институционалниот одговор на овие промени.

Има впечаток и страв дека регионот е заклучен во ЕУ процесот, а сега најважно е тој процес да се задржи, да продолжи, рече Бујар Османи, министерот за надворешни работи на Самитот на Западен Балкан кој се одржува денеска во Скопје.

ДЕНЕС ИМА НАД 400 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Денес е регистриран 421 нов лабораториски позитивен случај на SARSCoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19 изнесува 195.963.

Оздравени се 395 пациенти –пријавени се 8 починати лица во изминативе 24 часа.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

• Направени се 2.900 тестирања, а регистриран е 421 нов случај на КОВИД-19:

Скопје –211,Куманово – 32, Штип - 26, Велес – 25, Кавадарци – 19, Кочани – 15, Прилеп – 13, Охрид – 12, Македонска Каменица – 9, Гевгелија – 7, Струмица, Кичево и Крива Паланка – по 6, Свети Николе – 5, Гостивар – 4, Битола, Радовиш, Берово, Виница и Демир Хисар – по 3, Кратово и Богданци – по 2, Тетово, Неготино, Ресен, Пробиштип, Валандово и Крушево – по 1.

ДЕЛ ОД АВГАНИСТАНЦИТЕ СИ ЗАМИНАА ОД МАКЕДОНИЈА

Владата информира дека група од 10 граѓани од Авганистан кои привремено беа згрижени во Македонија, по повторното превземање на власта од талибанскиот режим заминала синоќа од Меѓународниот аеродром Скопје. 

„Прибежиште им обезбеди Француската Република, додека чекаат да им се признае правото на азил, како дел од операцијата за помош на граѓани кои работеле за демократските институции и меѓународни организации во Авганистан, а се под закана на новиот талибански режим во земјата“, објави Владата.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

За покрив над глава, граѓаните во европските земји одвојуваат повеќе пари од порано. Во Европа се зголемиле цените на кириите и на куќите. Ова го покажуваат податоците на Евростат.

Според регистарот што го води Државната комисија за спречување на корупција пред локалните избори, може да се заклучи дека АД МЕПСО, операторот за пренос на електрична енергија, ги поседува најновите модели по датум на производство, од елитната германска тројка во индустријата - Мерцедес, БМВ и Ауди, меѓу целокупната државна управа која е должна да ги пријави.

Во минатото, но и денес кандидатите за градоначалници освен решавање на комунални и инфраструктурни проблеми, ветуваат и вработувања, економско заживување на градовите, и задржување на младите во земјава. Дури имало и случаи кога се ветувале и по 2.000 вработувања.

Неговото име како кандидат за градоначалник за скопската општина Аеродром во јавноста дојде како изненадување, се споменуваа други имиња, а многу повеќе се коментираше дека кандидатурата на истакнат партиски член и политичар со добри меѓународни релации за локални избори можеби е многу повеќе уназадување отколку престиж. Тимчо Муцунски од ВМРО ДПМНЕ сега ја финишира предизборната трка и според некои анкети дури има предност пред противкандидатот од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

ЗА УБИСТВОТО ВО ЖЕЛЕЗАРА: До овој момент не се обезбедени докази кои даваат основано сомнение дека лицата лишени од слобода се сторители на делото

ЗА УБИСТВОТО ВО ЖЕЛЕЗАРА: До овој момент не се обезбедени докази кои даваат основано сомнение дека лицата лишени од слобода се сторители на делото

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите