22 Септември, 2020
0.0203

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се преговара за Влада, СДСМ и ДУИ ги договорија начелата

Објавено во: Македонија 07 Август, 2020

СДСМ И ДУИ ГИ ДОГОВОРИЈА НАЧЕЛАТА НА ИДНАТА ВЛАДА

Договорени се начелата на идната влада помеѓу СДСМ и ДУИ. 

Попладнево од работните групи на двата тима излегоа со заедничко соопштение.

Велат дека имале конструктивна дискусија за потврда на заложбите на сите граѓани на Македонија за мир, стабилност, безбедност и соработка во земјата и регионот, здрави меѓуетнички и соседски односи, економски развој, правна држава, чиста животна средина и општествена благосостојба.

„Разговаравме за парламентарно мнозинство и за коалиција за полн, четиригодишен, стабилен мандат. Потврдивме дека немаме друга алтернатива за интеграција, освен членството во НАТО и во Европската Унија. Посветени сме за просперитет и долгорочна стабилност на Македонија. Целосно сме согласни за почитување на Договорот од Преспа со Грција, Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија и Охридскиот рамковен договор. Посветени сме на социјална кохезија, силно и толерантно општество, владеење на правото и согласни сме да се спротиставиме на сите форми на национализам и омраза. Разговаравме дека евентуалната заедничка владина програма мора да биде во согласност со Уставот, законите и изборните програми на СДСМ и ДУИ. 

Согласни сме дека се неопходни квалитетни, одговорни и отчетни кадри предложени за сите ресори од двете страни, кадри кои се подготвени во целост да ги испорачаат програмските определби и принципите на евентуалниот коалициски договор“, се вели во соопштението.

СДСМ започна сериозни, темелни преговори со претседатели и високи претставници на политички партии кои се дел од новиот собраниски состав, за нов четиригодишен полн мандат на стабилно мнозинство во Парламентот и формирање посветена Влада, која ќе се движи брзо напред по европскиот пат и патот на економијата и на правдата. 

Ова утрово го соопшти партијата на Зоран Заев.

ВО МАКЕДОНИЈА ИМА НОВИ 155 ЗАРАЗЕНИ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1845 тестирања, а регистрирани се 155 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-51, Куманово-11, Дебар-2, Штип-13, Прилеп-4, Тетово-10, Струга-3, Битола-1, Охрид-6, Кавадарци-14, Гостивар-22, Гевгелија-1, Пробиштип-1, Демир Хисар-4, Македонски Брод-5, Виница-2, Кичево-3, Неготино-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 127 оздравени пациенти од: Скопје-40, Куманово-17, Штип-22, Прилеп-6, Велес-2, Битола-2, Гостивар-5, Радовиш-10, Крушево-1, Пробиштип-5, Демир Хисар-1, Македонски Брод-3, Кратово-1, Свети Николе-12.

Починати се 2 лица, пациент од Скопје (80г.) и пациент од Штип (74г.). Пациентите се починати во болнички услови.

ПОСТОЈАТ СОМНЕЖИ ДЕКА ВО БЕЈРУТ СЕ ВМЕШАЛ И СТРАНСКИ ФАКТОР

Постои можност да е вмешан странски фактор во експлозијата во Бејрут, вели претседателот на Либан, Мишел Аун. 

Тој спомена дека е можно да се работи за ракета или бомба. 

Аун денеска изјавил дека за најголемата експлозија во историјата во Бејрут ќе биде покрената истрага и можноста странски фактор да биде вмешан.

Ќе биде истражено дали експлозијата се случила поради невнимателност или станува збор за несреќен случај. Аун претходно изјави дека големиот експлозивен материја бил складиран на пристаништето на небезбеден начин.

Спасувачите ги пребаруваат рушевините за да пронајдат уште некој жив по експлозијата во која пред три дена загинаа 154 луѓе. 

Сеизмичкиот удар се почувствувал во целиот регион.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Голем дел од пациентите кои го прележале вирусот на корона уште долго време остануваат позитивни. По заминувањето од болница веднаш одат во самоизолација, а откако ќе поминат две недели повторно им се зема брис, кој доколку е позитивен наложува останување во изолација уште дополнители две недели.

Платата за извршената работа е основното право на работникот, а државата треба да го штити и да се грижи тој навреме да ја добие, бидејќи тој е послаба страна во односот со газдата. Затоа и со Кривичниот законик е утврдено дека кршењето на ова право се дефинира како кривично дело и треба да се санкционира.

Иван Зафировски, агроном од Битола вели дека вакви обилни дождови во јули и август немало со децении.

Тврди дека во Битола деновиве паднале 100 литри дожд на метар квадратен. Тој самиот врши мерења и ја следи состојбата. Наведува дека овие обилни врнежи ќе бидат позитивни за дел од културите, но за некои ќе имаат негативен ефект.

Денеска е трет ден како тече рокот за обезбедување на парламентарно мнозинство и состав на новата влада. 

Иако не е тајна дека партиите преговараат со цел да обезбедат мнозинство, засега нема сигурна информација дека некој стасал до потребната бројка од 61 пратеник и е пред формирање влада. 

Нов кластер на КОВИД-19 во Скопје е геријатриската установа во Ѓорче Петров, каде има 17 позитивни на коронавирусот, од кои тројца се од вработените, а останатите 14 се штитеници на домот за стари лица.

Како што дознава Фактор, шест од нив се еќе хоспитализирани, и тоа тројца во КОВИД Центарот 2, односно Козле, а другите тројца на Клиниката за инфективни болести. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Имаме „увезени“ случаи на коронавирус од Албанија, можни се рестрикции

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Имаме „увезени“ случаи на коронавирус од Албанија, можни се рестрикции

Театрите, кината, операта и балетот ќе работат според Протоколот за организирање настани

Театрите, кината, операта и балетот ќе работат според Протоколот за организирање настани

На 884 студенти и 347 ученици ќе им се исплаќа месечна сума за трошоците за приватно сместување или превоз

На 884 студенти и 347 ученици ќе им се исплаќа месечна сума за трошоците за приватно сместување или превоз

Koроната се појави и во тетовската градинка

Koроната се појави и во тетовската градинка

Во Европа се враќаат рестрикциите, Македонија размислува за истото

Во Европа се враќаат рестрикциите, Македонија размислува за истото

Топалов за Македонците: Не знам дали ни се браќа, тие ни се веќе братучеди

Топалов за Македонците: Не знам дали ни се браќа, тие ни се веќе братучеди

Никола Димитров: Овие денови ќе пристигнат 40 милиони евра грант

Никола Димитров: Овие денови ќе пристигнат 40 милиони евра грант

ЗА КРАЖБАТА НА МРТОВЕЦОТ ВО СТРУМИЦА: Jавното обвинителство засега го утврди идентитетот на три лица

ЗА КРАЖБАТА НА МРТОВЕЦОТ ВО СТРУМИЦА: Jавното обвинителство засега го утврди идентитетот на три лица

Диме Велковски се враќа во Собранието - ќе биде пратеник и следните четири години

Диме Велковски се враќа во Собранието - ќе биде пратеник и следните четири години