ФАКТОР НА ДЕНОТ: Семејството на Јованов се појави во јавност и изрази сочувство до Кулакови

Објавено во: Македонија 07 Февруари, 2025 21:43
СЕМЕЈСТВОТО НА ЈОВАНОВ СЕ ПОЈАВИ ВО ЈАВНОСТ
Мајката на Васил Јованов, момчето кое на 29 јануари на Партизанска ја прегази Фросина Кулакова, денеска низ солзи на прес-конференција изрази најдлабоко сочувство до семејството на девојката.
Таа особено се обрати до мајката на Фросина. Кажа дека со несреќата две куќи се затвориле. Рече дека само мајка може да разбере како ѝ е на другата мајка.
„Загубата е ненадоместлива и непрежалива. Како што кажа сопругот, таа вечер се зацрнија два дома. Бремето од оваа ситуација ќе остане да тежи до крајот на нашите животи, на целото наше семејство. Мислам дека само тој што има дете би требало за миг да може да се стави и во нашата кожа и да претпостави колку е страшно, колку е болно и каков товар е ова. Секој ден се молиме на Бога за семејството на Фросина да има сила да ја издржи оваа загуба и смирение да ја прифати. Како мајка стојам на располагање на другата мајка ако со било што можам на било каков начин да се најдам во овој претежок период“, вели Ана Јованова.АПЕЛАЦИЈА ЈА СМЕНИ ОДЛУКАТА ЗА ЈОВАНОВ
Васил Јованов доби 3 години и 10 месеци затвор. Апелација уште во средата му ја сменила казната со која беше испратен во поправен дом и одлучила за трговија дрога тој да одлежи 46 месеци во затвор. Одлуката на сајтот на судот е објавена денеска.
ТРАЈКОВСКИ ДОБИВАЛ ЗАКАНИ ОД ЧЛЕНОВИ НА ДЕСНА
Гоце Трајковски кој денеска сведочеше за двојното убиство за Вања и Панче, кажа дека трпел закани од членови на партијата на првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо, „Десна“.
„Пред да сведочам имав закани од овие психопати од партијата „Десна“ упатени преку социјалните мрежи“, изјави Трајковски на рочиштето за случајот со двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски.
Првообвинетиот во овој случај Палевски, но и останатите обвинети како сторители на делото се членови на оваа партија, а Трајковски вели дека му се заканувале дека ќе падне во бунар ако не внимава што зборува.ПОЧИНА ИГОР ЈУГ
На 54-годишна возраст почина Игор Југ, еден од осудените за случајот „27 април“. Тој беше осуден на 12-години затвор.
Веста најпрво ја потврди директорот на Управата за извршување на санкциите, Александар Пандов. Како што пренесуваат медиумите, на Југ му се слошило додека бил дома поради влошено здравје.
Веста за смртта на Југ ја објави и неговата сопруга.
- Ве известуваме сите роднини и пријатели дека нашиот сакан сопруг и татко Игор Југ почина денеска.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Можеби ќе ве интересира
„ПРИЈАВИВ ДЕКА НОЌЕН КЛУБ СЛУЖИ АЛКОХОЛ НА МАЛОЛЕТНИЦИ ПОСЛЕ ПОЛНОЌ...“ - горчливо искуство на граѓанин од пред две години, еве како завршил

ОДЗЕМЕНИ СЕ 198 ЛИЦЕНЦИ ВО ДЕЛОТ НА ИЗГРАДБАТА НА СТАНОВИ - во Министерството за транспорт се работи и денеска, а и утре

СУДОТ ОДРЕДИ 30 ДНЕВЕН ПРИТВОР ЗА ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ - поранешни градоначалници, министри и директори

„ОВАА БОРБА ЌЕ БИДЕ ДОЛГА И НЕМА ДА БИДЕ РЕШЕНА НИТУ ЗА ЕДНА, НИТУ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ“ - Директорот на ФЗО, Клековски, вели дека сега почнува ризикот од инфекции

НА МИРНИОТ СОБИР ГРАЃАНИТЕ НА КОЧАНИ ИМ ДАДОА ПОДДРШКА НА ЛИЦАТА ОД ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО: „Ги спасувале младите, а наместо да се лекуваат, тие се во притвор“

КАКО И КАДЕ ЌЕ СЕ ВРАЌААТ ПАЦИЕНТИТЕ ПОВРЕДЕНИ ВО ПОЖАРОТ КОИ СЕГА СЕ ЛЕКУВААТ ВО СТРАНСТВО - според Таравари, некои ќе дојдат со комерцијален лет, а за некои ќе треба подолга рехабилитација

НА ЛЕКАР ВО ПРИВАТНА БОЛНИЦА ВО СКОПЈЕ МУ БИЛЕ УПАТУВАНИ ЗАКАНИ ОД 45 ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ - полицијата работи на случајот

„ПРВ ИЗЛЕЗЕ, АМА СЕ ВРАТИ ДА СПАСИ КОЛКУ МОЖЕ ПОВЕЌЕ ЛИЦА“ - другарите раскажуваат и тагуваат за младиот Ице

Митева: Два објекти не ја почитувале одлуката на Владата за денови на жалост, итна реакција и преземени сите мерки
