30 Септември, 2024
0.0262

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Серија земјотреси во Битола, ќе се проценуваат штети

Објавено во: Македонија 10 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

ПОВЕЌЕ ПОТРЕСИ ИМАШЕ ВО БИТОЛА

Во околината на Битола попладнево повторно имаше земјотрес. 

Станува збор за потрес со јачина од 3.1 степени, со епицентар на 18 километри од Битола. ЕМСЦ објави дека земјотресот бил на длабочина од 1 километар. 

Во текот на денот повторно имаше земјотреси во Лерин, Грција. Од синоќа се тресе и градот Битола. 

Во Лерин службите се подготвени и имаат поставено шатори за секој случај доколку има нов потрес. 

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, по седницата на Кризниот штаб објави дека нема пријавени повредени од синоќешниот земјотрес во Битола, но дека владее многу паника помеѓу граѓаните.

- Затекнавме паника, што е нормално во вакци ситуации, излезени граѓани од висококатниците,. Се информиравме во итна брза помош и немало повици за повредени, но и нема големи материјални штети, рече Коњановски.

ИМА 813 ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД ЗА 24 ЧАСА

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 5.165 тестови, а регистрирани се 813 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 549, Битола – 49, Куманово – 40, Кавадарци – 25, Охрид – 20, Струмица – 17, Прилеп – 16, Штип – 11, Струга – 10, Гостивар и Велес – по 9, Гевгелија – 7, Кочани – 6, Ресен и Виница – по 5, Крива Паланка, Радовиш, Делчево и Пробиштип – по 4, Тетово, Кичево, Неготино, Берово и Дебар – по 3, Демир Хисар – 2, Свети Николе и Валандово – по 1.

РКЕ СЕ ОГЛАСИ ЗА ПАРНОТО

Во Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги пристигнати се над 50 индивидуални приговори во однос на квалитетот на греење од страна на потрошувачи за БЕГ.

Согласно Правилникот за снабдување со топлинска енергија прва инстанца каде потрошувачите треба да поднесат приговор доколку не се задоволни од квалитетот на услугата - се снабдувачите, од каде екипи мора да излезат на терен и да спроведат мерење, по што должни се да изготват писмен извештај за фактичката состојба и истиот да го достават до потрошувачот, согласно пропишаните рокови во Правилникот за снабдување.

Доколку потрошувачот не е задоволен од одговорот, односно од писменото известување од снабдувачот за квалитетот на испорачаната топлинска енергија, потрошувачот во втора инстанца може да поднесе приговор до РКЕ. 

СДСМ ЗАСЕДАВА

Новото лидерство на СДСМ има капацитет да го понуди најдоброто за партијата и за државата, вели Костадин Костадинов, член на СДСМ и актуелен градоначалник на Струмица, пред почетокот на состанокот на Извршниот одбор во седиштето на СДСМ. 

Тој изјави дека не би било принципиелно, како што рече, да ги шпекулира имињата предложени за членови на влада пред тие да бидат соопштени во телата и органите на партијата. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Актуелниот директор на Здравствен дом-Скопје, д-р Виктор Исјановски ќе биде нов директор на Фондот за здравствено осигурување, ексклузивно дознава Фактор.

Битолчани велат дека по серијата земјотреси кои синоќа го зафатија ова подрачје, ноќта имало невидена раздвиженост, луѓе на улиците, а голем дел од нив со автомобили заминале надвор од градот, по што утрово Битола е „мртов град“. Ваквата слика ја забележале оние кои утрово се упатиле на своите работни места. 

Вечерва ќе се знае дефинитивно дали поранешната пратеничка Славица Грковска, ќе стане новиот вицепремиер во Владата на Димитар Ковачевски за борба против корупцијата, место кое сега го држи Љупчо Николовски. 

Големиот производител на македонски челик во голем стил ја заврши 2021 година. Успеа да ја искористи конјуктурата на глобалната побарувачка за новоизградени карго бродови која фантастично ја подигна побарувачката на челик. Заклучно со крајот на 2021 година „Макстил“ го намали својот долг кон „Дуферко Скоп“ С.А. за 40 отсто (исплати 4 годишни рати). Корона кризата очигледно за „Мастил“ отвори добра бизнис перспектива...

Владата преку одлука за превземање на итни мерки на крајот од минатата година со вбризгување на средстава спасувала од финансиска криза неколку јавни претпријатија и акционерски друштва во државна сопственост.

Зад нас е уште една пандемска година, а веднаш на прагот на новата 2022 светот има нов предизвик. До кога? Едноставно прашање кое речиси секојдневно провејува во мислите на секој човек. До кога?-Ниту најголемите умови на денешницата немаат одговор на ова прашање. 

По огромниот скок на новозразени граѓани со корона вирусот, Комисијата за заразни болести сериозно ќе ја разгледува епидемиолошката состојба во земјава. На утрешниот состанок, кој го свика претседателот на Комисијата, д-р Жарко Караџовски, членовите пред се ќе разговараат за деновите за изолација, односно за решенијата кои ги издава Државниот санитарен и здравствен инспекторат за лицата кои се позитивни на Ковид-19.

Можеби ќе ве интересира

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО