27 Септември, 2024
0.0410

ФАКТОР НА ДЕНОТ: „Тој доаѓа“ - нова кампања на ДУИ, дали станува збор за премиер Албанец?

Објавено во: Македонија 16 Март, 2023

Добивај вести на Viber

НОВА КАМПАЊА НА ДУИ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во најавеното интервју за Канал 5 рече дека во деновите што следат ќе биде обелоденето што значи новата кампања на ДУИ со име „Тој доаѓа“.

Османи демантираше дека ова мото значи дека наскоро Македонија ќе го има првиот премиер Албанец и предвреме ќе се оди на парламентарни избори.

- Предвремени парламентарни избори нема да има, има стабилна Влада со зголемено мнозинство за следните предизвици. Избори ќе има во април или мај 2024, рече министерот.

Долгогодишниот претседател на НСДП и екс претседател на Собранието, Тито Петковски го искоментира предлогот за премиер Албанец. 

Тој се надева дека вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи ќе биде на таа позиција. 

АЧКОСКА ПОВИКАНА ВО ПОЛИЦИЈА

Професорката Виолета Ачкоска немала официјална информација дека гимназијалец бил отруен од друга која наводно му била подметната во пијалок во кафуле, туку такви муабети слушнала од деца.

Откако таа вчера го објави статусот со ова тврдење, и се јавиле новинари да им даде повеќе детали, но таа тогаш сфатила дека направила грешка, и затоа го избриша статусот.

А, денеска и Полицијата ја повикала да ги објасни овие наводи од статусот.

ЗГАСНУВА ИМЕТО „ИВАН МИХАЈЛОВ“

Новиот министер за правда Кренар Лога денеска  го потпиша решението со кое се одбива употребата на името Иван Михајлов за истоименото здружение од Битола, откако Комисијата за употреба на имиња на личности даде негативно мислење за употребата на името Иван Михајлов. 

- Министерот Лога го потпиша решението имајќи го предвид негативното мислење на Комисијата за употреба на имиња на личности која денеска одржа седница и во образложението за негативното мислење наведе дека именувањето на какво било здружение на граѓани со името Иван (Ванчо) Михајлов претставува навреда и провокација на националните чувства на македонскиот народ со оглед на неговото јавно и постојано негирање на македонскиот идентитет, јазик и култура. Величењето и славењето на неговиот лик и дело предизвикуваат нетрпеливост, нетолеранција и омраза во македонското општество, соопшти Министерството за правда.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Силниот ветер што денес го зафати Скопје, може да предизвика материјална штета на граѓаните, посебно доколку врз нивните возила паднат гранки од дрвја. Во минатото имаше повеќе случаи во кои дрвја и гранки паѓаа врз паркираните возила на граѓаните.

Бизнисменот Емил Угриновски станува инвеститор во градежниот сектор со новоотворената компанија Форб Инвестмент, заедно со својот син Кристијан Угриновски, кој е управител на претпријатието чија дејност е изградба на станбени и нестанбени згради.

„Комерцијална банка“ лани за сите свои вработени исплати 1,1 милијарда денари (17,8 милиони евра). Тројцата врвни директори (членови на Управен одборо) за својата работа поделија 1,34 милиони евра, а менаџерскиот тим што брои 51 лице за својот ангажман наплати 2,66 милиони евра. 

Граѓаните велат дека генерално за сите луѓе во нашето општество наоѓањето работа е тешко, но според нив, жените кои живеат на село ги немаат истите можности како жените кои живеат во урбана средина.

Банкарите, ако после светската криза од 2008 и 2009 година малку беа подзаборавени, сега повторно стануваат ултра актуелни. Пропаста на американската СВБ Банка води до потреси низ целиот финансиски свет, иако речиси сите авторитети уверуваат дека финансиски земјотрес со таква силина како пред петнаесетина години, нема да се случи. Односно, дека токму таа криза ги натерала банките да ги постават сите можни бафери, па сега тие се далеку позаштитени од претходно.

Финансискиот свет се тресе над судбината на банкарскиот гигант Кредит Свис, поставувајќи си бројни прашања како овие проблеми ќе се одразат врз глобалниот банкарски свет. Од Кредит Свис утрово доаѓа информација дека оваа мултинационална банка ќе позајми до 50 милијарди франци, односно 54 милијарди долари од швајцарската Централна банка, со цел да ги зајакне своите финансии.

На третата по ред електронска лицитација за продажба на зградата на Еуростандард Банка понудата на компанијата Пантелеон ГС беше избрана за најдобра. 

Цените во големите синџири маркети се променети. Утринската посета на дел од поголеми ланци маркети во главниот град покажува дека основните продукти кои беа опфатени со владината одлука имаат нови пониски цени.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Силјановска Давкова употреби „Северна Македонија“ во говорот

(ВИДЕО) Силјановска Давкова употреби „Северна Македонија“ во говорот

Возач загина во скопската населба Даме Груев откако излета од патот

Возач загина во скопската населба Даме Груев откако излета од патот

ОСУДЕНИЦИ СЛОБОДНО СЕ ШЕТАЛЕ ПО НАРЕДБА НА ДИРЕКТОРОТ - кривична пријава за злоупотреба на службена должност

ОСУДЕНИЦИ СЛОБОДНО СЕ ШЕТАЛЕ ПО НАРЕДБА НА ДИРЕКТОРОТ - кривична пријава за злоупотреба на службена должност

Стоилковиќ постави македонско знаме пред Министерството за политички систем

Стоилковиќ постави македонско знаме пред Министерството за политички систем

СО ЦИТАТ ОД МАРГАРЕТ ТАЧЕР И СО СРДЕЧНИ ПРЕГРАТКИ СО ВРАБОТЕНИТЕ - Марија Бошковска си замина од директорската позиција во ЦР

СО ЦИТАТ ОД МАРГАРЕТ ТАЧЕР И СО СРДЕЧНИ ПРЕГРАТКИ СО ВРАБОТЕНИТЕ - Марија Бошковска си замина од директорската позиција во ЦР

„СЕРИОЗЕН ЗДРАВСТВЕН РИЗИК“: предупредување до жителите на Гостивар, откриени се бактерии во јавниот водовод

„СЕРИОЗЕН ЗДРАВСТВЕН РИЗИК“: предупредување до жителите на Гостивар, откриени се бактерии во јавниот водовод

МАКЕДОНЦИТЕ ГО МИСЛАТ ИСТОТО ШТО И ПРЕМИЕРОТ, ВЛАДАТА ЌЕ ЗАЧУВА ОБРАЗ И НЕМА ДА ВИТКА КИЧМА: Адвокатот Митровски со став околу понижувачкта политика од Бугарија

МАКЕДОНЦИТЕ ГО МИСЛАТ ИСТОТО ШТО И ПРЕМИЕРОТ, ВЛАДАТА ЌЕ ЗАЧУВА ОБРАЗ И НЕМА ДА ВИТКА КИЧМА: Адвокатот Митровски со став околу понижувачкта политика од Бугарија

ЕВЕ ШТО ЌЕ ПРАВИ ОРБАН ДЕНЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Прво ќе има средба со Мицкоски во „Инекс Олгица“

ЕВЕ ШТО ЌЕ ПРАВИ ОРБАН ДЕНЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Прво ќе има средба со Мицкоски во „Инекс Олгица“

БУГАРИЈА ЕМ ЛУТА, ЕМ САКА ДА СЛАВИ ПРАЗНИЦИ СО НАС: Изгласана декларација со која бара заедничко чествување на празници

БУГАРИЈА ЕМ ЛУТА, ЕМ САКА ДА СЛАВИ ПРАЗНИЦИ СО НАС: Изгласана декларација со која бара заедничко чествување на празници