ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсени четири лица поврзани со тероризам
Објавено во: Македонија 15 Декември, 2024
РАЗБИЕНА ТЕРОРИСТИЧКА ГРУПА
Полицијата утрово уапси четири лица во Струга и Гостивар, и тие се осомничени дека планираат настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста на Македонија.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека се постапувало по наредба од страна на Обвинителството за гонење организиран криминал и висока корупција. Постапено е, и по наредба на судија на претходна постапка и извршени се претреси на повеќе локации. Според него, постојат основани сомненија и полицијата поднела кривична пријава.БОКИ 13 СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД НАГРАДНАТА ИГРА
Јутуберот Стефан Лазаров се обрати до јавноста за наградната игра што ја реализираа со Бојан Јовановски-Боки 13.
„Знаете кој сум и што правам сиве овие години. Сум поминал и потешки моменти и поголеми притисоци. Јас само знам дека сум чист пред себе и Бог и дека не правам лошо дело, напротив ширам позитивна енергија и се борам да успеам самостојно. Проектот ќе продолжи поради вас, ќе продолжи затоа што знам дека не правам ништо погрешно. Ќе продолжи во друга форма и сите подароци ќе се онлајн. Ќе бидете известени за сите промени“, напиша јутуберот.
ВАНДАЛИЗАМ ВО КАПИШТЕЦОпштина Центар поднесе иницијатива до ЗЕЛС со која бара под итно да се донесат законски измени со цел да се спречи понатамошна ескалација на вандализмот.
Во истата иницијатива бараат од ЗЕЛС да ја достави иницијативата до сите надлежни институции, Влада, МВР, Министерство за труд и социјална политика, Центрите за социјална работа, Министерство за правда, МОН, Служби за пробација, надлежните судови, НВО за да се формира работна група од која ќе произлезат законски измени за оваа негативна општествена појава.
СИНОТ НА ВЕЛИЈА РАМКОВСКИ Е ЕКСТРАДИРАН ВО МАКЕДОНИЈА
По повеќе од една деценија бегство, пред половина година во Македонија бил екстрадиран Хеди Рамковски, син на Велија Рамковски сопственик на поранешната влијателна телевизија А1.
Рамковски бил екстрадиран уште во јули. Директорот на затворот „Скопје“ во Шутка за „Слободен печат“ потврди дека Рамковски е во затвор и дека уште е во тек повторениот судски процес за него.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.