ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уставен суд ја одложи одлуката за јазиците, ДУИ го тргна шаторот
Објавено во: Македонија 11 Декември, 2024
УСТАВЕН ЈА ОДЛОЖИ ОДЛУКАТА
Уставниот суд на Северна Македонија денеска одлучи да одржи подготвителна седница за расправата по иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците.
ДУИ ги повлече „стражите за јазикот“.
Шаторот пред Уставниот суд, веќе го нема. Сепак, велат дека шаторот повторно ќе го постават за три месеци во март, за кога Уставниот суд ја најави подготвителната седница.
Според потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, закажувањето на подготвителни седници е само продолжување на процесот на укинување на Законот за употреба на јазиците.
Партискиот претседател, Али Ахмети, изјави дека Уставниот суд треба да ги отфри иницијативите.
Од „Вреди“ пак велат дека денес е само обичен ден и нема да дозволат деградација на албанскиот јазик. Од „Вреди“ пак велат дека денес е само обичен ден и нема да дозволат деградација на албанскиот јазик.СВЕДОКОТ ГОЦЕ ТРАЈКОВСКИ ИЗБЕГАЛ ОД МАКЕДОНИЈА
Сведок во случајот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес е во бегство.
Станува збор за Гоце Трајковски, кој воедно институциите го бараат затоа што подметнал пожар. Трајковски кој треба да даде исказ на рочиштето закажано за понеделник идната недела, недостапен е за полицијата. Тој избегал поради сторено кривично дело.
Од Јавното обвинителство брифираат дека на 13 ноември оваа година, Трајковски со уште две лица, намерно опожарил угостителски објект – кафуле на улицата Христо Татарчев во Кисела Вода.ПРИТВОРИ ВО СЛУЧАЈОТ „АДИТИВИ“
Судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за обезбедување присуство и мерки на претпазливост против 23 лица кои утрово беа спроведени во судот, а поврзани со акцијата од обвинителството означена како „Адитив“, донесоа решенија со кои:
По произнесување на Јавниот обвинител и приведените осомничени лица, во присуство на нивни бранители, како и ценење на фактите и доказите приложени во предлозите за определување мерки, за осомничените : В.С., П.С., М.С., М.Ј., Д.С., Н.С., Р.С. и П.М. го прифати предлогот на Основниот јавен обвинител и им определи мерки притвор во траење од 30 дена, заради постоење на основите од член 165. ст.1, т.1., 2. И 3. од ЗКП, односно Опасност од бегство, Влијание врз сведоци и Околности дека може да го повтори делото, за осомничениот М.С. , имајќи ја предвид неговата возраст и преземените дејствија, судот му определи мерка куќен притвор.ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОТВОРИ ПРЕДМЕТИ ЗА ГРУБИ И БЕЏЕТИ
Основното јавно обвинителство оформи предмет по допрен глас за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и апелациониот судија Енвер Беџети.
Ова на денешниот брифинг го информираше јавниот обвинител Љупчо Коцевски, откако Груби и Беџети се најдоа на „црната листа“ на Стејт Департментот.
Двајцата се поврзани, како што беше објаснето од САД, со случај со мито за нарушување на судските процеси во корист на поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков, кој од порано е на истата листа.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Прославата на Новата година и овој декември започна прерано. Секоја вечер, се почесто се слушаат силни експлозии од петарди и огномети, создавајќи вознемиреност и страв кај луѓето, децата, и животните. Воздухот мириса на изгорен барут, а одекот на експлозиите не остава никого рамнодушен. Иако ваквите „забави“ веќе стануваат дел од новогодишните традиции, последиците се далеку од празнични.Фотоапаратот марка Никон модел Z8 чини 3.780 евра, а објективот за фотоапаратот е Никон Никкор Z 27-70mm чини 1.880 евра. Вкупно за фотоапарат и објектив кабинетот на Африм Гаши, собранискиот спикер потроши 5.660 евра. За тие пари просечен Македонец работи 8 месеци. Во септември годинава од Кабинетот на Гаши за „Фактор“ потврдија дека фотоапаратот е наменет за фотографирање на претседателот на Собранието
Фирмите на Никола Ковачевски, синот на екс-директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, кој во моментов се бара од органите на прогонот и се верува дека е пребеган во странство, работеле турбо откако тој поднел оставка во април 2023 од челната функција на државните електрани.
Наоѓаат работа веднаш, чекаат со месеци или со години додека да го научат македонскиот јазик. Странците од различни земји кои по основ на брак дошле да живеат во земјава, имаат различни приказни како успеале да најдат работа и како гледаат на пазарот на труд кај нас.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.