28 Септември, 2024
0.0290

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата ги замрзна цените на 11 продукти, Апелација ја укина пресудата за затворската казна за организаторите на настаните од 27 април

Објавено во: Македонија 03 Април, 2023

Добивај вести на Viber

ЗАМРЗНАТИ ЦЕНИТЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ПРОДУКТИ

Владата донесе одлука за определување на цени на највисоки цени на некои овошја и зеленчук, при што се утвредни највисоки цени за 11 производи кои ќе важат до крај на април. Ова го посочи министерот за економија Крешник Бектеши на денешната пресконференција. 

Тој посочи дека се опфатени 11 производи, свежи домати, краставици, кромид, карфиол, пиперки, грав, леќа, банани, портокали, мандарини и лимони кои ќе важат до крајот на април.

- Домат не може да се продава повеќе од 70 денари, краставиците над 75 денари, кромидот повеќе од 60 денари, карфиолот 70 денари, пиперки 90 денари, грав 75 денари, леќа повеќе од 110 денари, бананите не повеќе од 70 денари, портокали не повеќе од 55 денари, мандарините 60 денари и лимоните не повеќе од 55 денари.

ЌЕ ИМА ПОВТОРНО СУДЕЊЕ ЗА ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА НАСТАНИТЕ ОД 27 АПРИЛ

Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-121/21, во јавноста познат како „Собрание“, донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите Т.В., С.Р., М.Ј., сите од С. и В.А од Д., со привремено престојувалиште во С., ја укина првостепената пресуда КОК.бр.2/20 од 26.07.2021 година и предметот го врати на повторно судење пред Основниот кривичен сид Скопје, Специјализирано судско одделение надлежно за судење на дела од областа на организираниот криминал и корупција. 

Жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Скопје во оваа фаза на постапката одлучи дека е беспредметна. Мерките за претпазливост спрема обвинетите Т.В од С. и В.А од Д. со привремено престојувалиште во С., остануваат во сила.

СТРУЧНАТА КОМИСИЈА ЗА ПРОИЗНЕСЕ ЗА СМРТТА НА МАЛАТА ЈАНА

Според анамнезата, клиничкиот преглед и работната дијагноза, Комисијата за стручен надзор за случајот со лекувањето на 6-годишната пациентка Ј.Х. во Клиничка болница Битола, констатираше дека биле преземени соодветни чекори во однос на анализи, третман и опсервација на пациентката. 

-Од анамнезата има податок за прележан ковид пред шест месеци. По направените лабораториски анализи наодите укажувале на мускулно-воспалителна реакција со покачени вредности на креатин киназа и креатин киназа MB, во рамки на вирусен инфект кој го зафатил и срцевиот мускул со покачена вредност на срцевиот ензим-тропонин. По влошување на состојбата, заклучок на Комисијата е дека се преземени потребните чекори, согласно медицина базирана на докази и клиничката слика на пациентката. Комплетниот извештај од Комисијата за стручен надзор ќе биде проследен до Јавното обвинителство, се наведува во соопштението на стручната Комисија.

ДИРЕКТОРОТ НА АРХИВ СЕ КАРАШЕ СО ГРАЃАНИ НА ФЕЈСБУК

Откако вчера директорот на Државниот архив, Емил Крстески, на официјалниот Фејсбук профил на оваа државна институција, објави дека се реализира хајка против Државниот Архив на Република Северна Македонија, за што „Фактор“ навремено извести, сега постот е повлечен од официјалната страна на архивот. 

„Фактор“ го контактираше директорот, кој не сакаше да го коментира случајот, само нагласи дека случајот е пријавен во полиција.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

За тоа колку вреди акцијата на Мермерен комбинат досега сме се увериле од дивидендите што ги плаќа, а тие достигнуваат и до 40% од книговодствената вредност на акцијата. Според наши неофицијални сознанија новиот сопственик е спремен да плати 5 милиони евра за сите акциите на малите акционери, а тоа би било 2,4 пати повеќе од последната пазарна цена на таа акција

Кои котирани компании на Берзата биле најпрофитабилни во минатата година, и тоа во година што важеше за проблематична од многу аспекти. Почна војната во Украина, политичката нестабилност во светски рамни беше голема како што не била многу одамна, а цените на енергенсите отидоа до небо, што, пак, ги разгоре и другите цени и ја вивна инфлацијата.

Несоница, анксиозност, депресија и други проблеми ги мачат луѓето. Поради пандемијата на коронавирусот многу граѓани  чувствуваат последици по психичкото здравје. Велат дека нивните навики и начинот на живот денес не се исти како пред појавата на коронавирусот. Психологот Билјана Атанасовска објаснува дека секој човек различно се носи со овие психолошки состојби.

Можеби ќе ве интересира

Македонката која исчезна во Германија e пронајдена мртва

Македонката која исчезна во Германија e пронајдена мртва

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Орбан се нуди да посредува меѓу Македонија и Бугарија, но Бугарите одбија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Орбан се нуди да посредува меѓу Македонија и Бугарија, но Бугарите одбија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

СОСТОЈБАТА СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ: Колку граѓаните ги користат овие здравствени услуги во Македонија?

СОСТОЈБАТА СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ: Колку граѓаните ги користат овие здравствени услуги во Македонија?