06 Февруари, 2023
0.0696

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата се откажа од прогресивниот данок, има само проширување на даночната база

Објавено во: Економија 01 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

ВЛАДАТА СЕ ОТКАЖА ОД ПРОГРЕСИВНИОТ ДАНОК

Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција објави дека на владината седница е одлучено да се укине воведувањето на прогресивното оданочување, кое беше одложено и требаше да започне од 1 јануари 2023. Ваквата одлука е донесена по состаноците со деловната заедница.

Ковачевски рече дека нема да има зголемување на персоналниот данок, данокот на добивка и ДДВ, но дека ќе се зголеми даночната ефикасност. Ковачевски потврди дека штедните влогови и депозити нема да се оданочуваат и понатаму.

„Оданочувањето ќе се воведува во повеќе етапи во интерес на прилагодување на повеќе страни. Со овој нов концепт не се предвидуваат нови даноци и нивно зголемување“, објави Ковачевски.

Фатмир Бесими, министерот за финансии, на денешната прес-конференција по владината седница соопшти дека како дел од даночната реформа што ќе следува следниот пеирод со законски измени ќе се укине повластената даночна стапка од 5 отсто за ДДВ на егзотичната храна.

Во рамки на мерките за даночни реформи, како и за праведност на даночниот систем во земајва, премиерот Димитар Ковачевски на денешната пресконференција, меѓу другото најави и намалување на даночното оптоварување на производите за менструална хигиена за жените.

НОВИ ДОЈАВИ ЗА БОМБИ

Попладнево е прекината наставата во повеќе скопски гимназии. Нови дојави за бомби пристигнале во „Никола Карев“, „Раде Јовчевски Корчагин“, „Орце Николов“...

Учениците и наставниците кои ја доставија информацијата до редакцијата на Фактор велат дека веќе се безбедно евакуирани и дека пристигнале екипите на МВР кои прават детална проверка во објектите.

СПАСОВСКИ ВЕЛИ ЗА СИНОТ НА БУШИ СЕ РАБОТЕЛО ЗА ШПЕКУЛЦИЈА

Првиот човек на Министерството за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва во Само интервју на Канал 5 изјави дека беше креирана вест врз основа на шпекулации дека синот на заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши не застанал на полициски службеници. 

Имало јавување од граѓанин дека одредено возило се движи со поголема брзина. Тој материјал е евидентиран, вели дека разговорот е снимен. Но, вели не станува збор за службено возило. 

„Воопшто возилото не е стопирано од полиција, не е точно дека не застанал на полициска патрола“, рече Спасовски. 

НЕДЕЛА ОСТАНУВА НЕРАБОТЕН ДЕН

Недела останува неработен ден за најголем дел од работниците во земјава.

Вака одлучиле мнозинството судии од Уставниот суд. 

Портпаролката на највисоката судска инстанца во земјава Кристина Беловска на пресконференција соопшти дека Уставниот суд на својата денешна седница одлучил да не поведе постапка за преиспитување на законското решение со кое недела беше прогласено за неработен ден за најголем дел од работниците.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Високата инфлација во земјава длабоко го нагриза џебот и на матичните лекари, а од најавата дека ќе има покачување на капитациониот бод, нешто за што матичните лекари протестираа пред извесен период нема ништо.

Намалувањето на работниците во индустријата ќе продолжи и во наредниот период, што особено ќе се чувствува кај помалку платените, но и потешки дејности. Недостиг на стручен кадар одамна има, а дополнително има и недостиг на работници во голем број дејности.

Владата ќе му даде на ЕСМ сума од 13 милиони евра за снабдување со топлинска енергија. Оваа одлука е објавена во Службен весник, каде е наведено дека била донесена на владина седница на 29 ноември, односно завчера.

Споредбата на годишните набавки за храна (2022 и 2023 година) во затворот „Идризово“ покажува дека актуелната управа сега набави пола тон повеќе путер во споредба со последната годишна набавка.

АД ЕСМ го одвои имотот на фирмата-ќерка ЕЛЕМ Турс со формирање на две нови претпријатија, од кои едното ќе го носи името Ски центар Попова Шапка Дооел Тетово, кое понатаму ќе треба да биде превземено од стратешкиот инвеститор ТехноАлпин, најавен изминатите денови од Владата.

Можеби ќе ве интересира

Битиќи: Работници од Индија доаѓаат во автомобилската и ИТ-индустријата

Битиќи: Работници од Индија доаѓаат во автомобилската и ИТ-индустријата

РЕГУЛАТОРНА ГИ НАМАЛИ ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА, по полноќ ќе се точи поевтин бензин и дизел

РЕГУЛАТОРНА ГИ НАМАЛИ ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА, по полноќ ќе се точи поевтин бензин и дизел

ДАЛИ ЦЕНИТЕ ВО РЕСТОРАНИТЕ ГО ДОСТИГНАА МАКСИМУМОТ? - ново поскапување на угостителските услуги

ДАЛИ ЦЕНИТЕ ВО РЕСТОРАНИТЕ ГО ДОСТИГНАА МАКСИМУМОТ? - ново поскапување на угостителските услуги

DELL ГО НАМАЛУВА БРОЈОТ НА РАБОТНИ МЕСТА: Ќе елиминира илјадници работници

DELL ГО НАМАЛУВА БРОЈОТ НА РАБОТНИ МЕСТА: Ќе елиминира илјадници работници

КОЈ СЕ ЌЕ ДОБИЕ ПАРИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА - проверете дали ве има на листата

КОЈ СЕ ЌЕ ДОБИЕ ПАРИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА - проверете дали ве има на листата

НАФТАТА НА НАЈНИСКО НИВО ВО ПОСЛЕДНИТЕ ТРИ НЕДЕЛИ - Цената падна за речиси 8 отсто

НАФТАТА НА НАЈНИСКО НИВО ВО ПОСЛЕДНИТЕ ТРИ НЕДЕЛИ - Цената падна за речиси 8 отсто

ШЕСТ ФИРМИ ЈА САКААТ КУЛАТА ГЕНЕКС - денеска конечна одлука, цената падна од 17 на 7 милиони евра

ШЕСТ ФИРМИ ЈА САКААТ КУЛАТА ГЕНЕКС - денеска конечна одлука, цената падна од 17 на 7 милиони евра

Кунгуловски излегува од бизнисот со лабораторија во „Жан Митрев“, но соработката продолжува

Кунгуловски излегува од бизнисот со лабораторија во „Жан Митрев“, но соработката продолжува

РОМАНЦИТЕ И БУГАРИТЕ НАЈМНОГУ ТРОШАТ НА ХРАНА - колкави се нашите трошоци и кој троши најмалку во ЕУ на основни потреби?

РОМАНЦИТЕ И БУГАРИТЕ НАЈМНОГУ ТРОШАТ НА ХРАНА - колкави се нашите трошоци и кој троши најмалку во ЕУ на основни потреби?