28 Март, 2024
0.0300

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Власта го претстави планот за борба против корупција, а за попишувањето има забелешки

Објавено во: Македонија 02 Март, 2021

Добивај вести на Viber

ВЛАДАТА ГО ПРЕТСТАВИ ПЛАНОТ ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА

Премиерот Зоран Заев денеска претставувајќи го антикорупцискиот план со вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски, најави дека ќе се укине вадењето на матичните изводи.

Ова Заев го потенцираше најавувајќи ја дигитализација на матичните книги и издавање на електронски изводи од матичните книги, како и укинување на процедурата за вадење на различни изводи и документи

„Наскоро следува и укинување на вадењето на изводи. Граѓаните ќе може да ги добијат на истиот начин на кој што ќе аплицираат.“, рече премиерот.

Тој додаде дека ова се прави во рамки на антикорупцискиот план кој е направен со тимот на вицепремиерот Николовски, како и во консултација со министерствата, агенциите, невладините организации и други институции.

ИМА ЗАБЕЛЕШКИ ЗА САМОПОПИШУВАЊЕТО

Во врска со внесувањето на податоци преку VPN, односно прикриена IP адреса, самото користење на таква алатка за внес на податоци во Пописот се смета за спротивно на Законот за Попис и Методологијата за подготовка, организирање и спроведување на Пописот 2021, и може да подлежи на санкции, од причина што претставува лажно претставување и лажно давање податоци, соопштуваат денеска од Државниот завод за статистика.

Посочуваат и дека со самиот внес на податоците на таков начин, не значи дека тие автоматски влегуваат во резултатите од Пописот, напротив, сите податоци внесени преку апликацијата подлежат на проверка и споредување со претпописната база на податоци, со податоците што ќе се приберат со  попишувањето на терен на целата територија на Република Северна Македонија, а сè со цел утврдување на вистинитоста на податоците.

Програмерката која вчера откри сериозни пропусти во системот за самопопишување, денеска има нова објава на ФБ во групата Сојузен комитет на Програмери на Република Македонија во која посочува дека самата регистрацијата има многу пропусти, односно дека има само еден степен на заштита. Вели дека ниту и стигнала порака на мобилен, ниту и било побарано да ја впише адресата во странство. 


ЕКОНОМИЈАТА Е ВО РЕЦЕСИЈА

Продолжува рецесијата во македонската економија. 

И во чертвртиот квартал бруто домашниот производ бил во негативната зона, остварувајќи сепак поблаг пад од 0,7 отсто.

За цела 2020 година, пак, економијата на земјава паднала за 4,5 проценти. 

Ова значи дека Владата, во својата последна проекција за економијата, односно во октомври кога го донесе ребалансот на буџетот, ептен ја погодила проекцијата, бидејќи таа тогаш предвиде дека БДП минатата година ќе падфне за 4,4 отсто.

ПЕНДАРОВСКИ МУ ОДГОВОРИ НА РАДЕВ

Претседателот на државата, Стево Пендаровски смета реагира дека е крајно невообичаено и секако надвор од внатрешите процедури на Алијансата,  претседател на една земја-членка на НАТО да ги повикува своите служби за безбедност да реагираат за наводно кршење на правата на граѓаните во друга-земја членка на НАТО. Реакцијата следи откако неговиот бугарски колега Румен Радев побара заштита за бугарското малцинство во Македонија, кое според него е малтретирано. 

„Крајно невообичаено и секако надвор од внатрешните процедури на Алијансата е претседател на една земја-членка на НАТО да ги повикува своите служби за безбедност да реагираат за наводно кршење на правата на граѓани во друга земја-членка на НАТО. Реакцијата на бугарскиот претседател е спротивна и на основниот принцип во меѓународната политика за немешање во внатрешните работи на друга држава“, се вели во реакцијата.

Од Кабинетот појаснуваат дека досега Пендаровски нема добиено ниту една информација од надлежните институции за кршење на човековите слободи и права на македонски граѓани само затоа што ја декларирале својата етничка припадност.

ДЕНЕС НАД 700 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 3.144 тестирања, а регистрирани се 726 нови случаи на ковид-19 во:

Скопје – 367, Прилеп – 53, Куманово – 34, Неготино – 29, Кавадарци – 26, Битола – 25, Охрид – 23, Крива Паланка – 21, Велес – 18, Тетово – 17, Гевгелија – 14, Гостивар – 12, Кочани -10, Штип и Струга – по 9, Пробиштип – 8, Демир Капија – 7, Струмица, Берово, Крушево, Кратово и Демир Хисар – по 5, Кичево – 4, Свети Николе и Ресен – по 3, Делчево, Виница, Валандово и Богданци – по 2, Македонски Брод – 1.

Регистрирани се 368 оздравени пациенти од:

Скопје – 154, Прилеп – 61, Охрид – 25, Битола – 17, Велес и Струга – по 14, Куманово – 12, Тетово и Гевгелија – по 9, Штип – 7, Гостивар и Струмица – по 6, Делчево – 5, Дебар – 4, Кочани, Кичево, Ресен и Радовиш – по 3, Крива Паланка, Пробиштип, Кратово и Валандово – по 2, Неготино, Крушево, Свети Николе, Богданци и Дојран – по 1.

Пријавени се вкупно 7 починати лица.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Владата не отстапува. Овој месец планира на своја седница да ги донесе измените на Законот за игри на среќа, со кои спортските обложувалници, казината и автомат клубовите, ќе мора да бидат оддалечлени најмалку 500 метри од училишта, факултети и верски објекти. 

И втората од големите три банки лани во главен фокус ги ставила државните обврзници. Во нив вложила речиси 100 милиони евра наспрема 70 милиони евра во кредитни пласмани во фирми и домаќинства. Во корона година големите банки одеа на сигурно

Парите се важни, но исто така треба да знаете и како да ги искористите. Марвин Лиао мудро зборува, но тој не е само празен говорник. Повеќе од една деценија беше извршен директор на Yahoo!

Во Македонија околу 1.000 стечајци кои 15 години се без денар чекаат обештетување, вели Лилјана Георгиевска од Здружението на стечајни работници УНИТ.

Фирмите за државните субвенции за плати од петтиот сет мерки ќе можат да аплицираат се до крајот на март, со цел да успеат да ја земат државната помош за исплата на плати.

Државниот пазарен инспекторат во текот на минатата година издал 2.074 казнени налози во постапка за порамнување во вкупна вредност од повеќе од 11 милиони евра.

Нема зима за препознатливите пијалоци на „Прилепска пиварница“. Во корона услови со бројни рестрикции компанијата бележи пад на приходи од само 15 отсто дома, но со успешна стратегија на менаџментот друштвото заврши со профит од 1,34 милиони евра. Воедно и обврските се намалени за 15 отсто во споредба со 2019 година

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“