29 Март, 2024
0.0280

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Власта порачува дека нема причина за загриженост, а опозицијата стравува дека ќе има рестрикции на струја

Објавено во: Македонија 26 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

МОЖНО ЛИ Е ДА ИМАМЕ НЕДОСТИГ  НА СТРУЈА?

Според првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од сега е јасно дека оваа зима ќе имаме рестрикции на струја. 

Објаснува дека енергетската криза ќе доведе до финансиска криза затоа што овие трошоци некој мора да ги плати, а тоа ќе биде народот.

Вели дека состојбата е алармантна и дека со почетокот на грејната сезона електро – енергетскиот систем  ќе биде оптоварен поради потребите на граѓаните и стопанството, а ние нема да обезбедиме евтин ресурс. 

„Мислам дека многу скоро од денеска ќе се вратиме 40-50 години наназад кога за жал домаќинствата се соочуваа со недостаток на електрична енергија, недостаток на струја и се воведуваа рестрикции“, изјави Мицкоски.

Крешник Бектеши, министер за економија, на денешната пресконференција изјави дека нема да има големи ценовни шокови со цента на струјата, ниту по први јануари.

„Големи ценовни шокови нема да има и за тоа сум убеден согласно законот и работата на РКЕ. Секои шест месеци ние ја утврдуваме цента на струјата преку ЕСМ, која таа ја продава до ЕВН. Има времe до први јануари и ќе интервенираме секаде каде ќе има потреба. Не верувам дека ќе се доведеме во ситуација за да ја зголемиме цената на струјата од први јануари“, кажа Бектеши.

Претходно Бектеши нагласи дека Владата детално разговарала со сите чинители во енергетскиот сектор во државата и согласно сите анализи и информации кои биле изнесени од страна на енергетските компании и другите институции, не е прогласена кризна состојба во нашата држава.

НОВИ ПРАВИЛА ЗА ВЛЕЗ ВО УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ

Дозволено организирање настани во затворен простор до 50 проценти исполнетост, а од 15 ноември за влез ќе бидат потребни две дози вакцини или потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, соопшти Владата . 

Владата  на денешната редовна 115-та седница, согласно моменталната епидемиолошка состојба во државата, на предлог на Комисијата за заразни болести ги донесе следните заклучоци:

- Се дозволува организирање и одржување на семинари, обуки, курсеви, состаноци, работилници, конференции и слично, во затворениот дел на објектите до 50% исполнетост од капацитетот на просторот.

ЌЕ ВАЖАТ И ГЛАСАЧКИТЕ ЛИВЧИЊА БЕЗ ПЕЧАТ

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска едногласно го усвоија и Предлог-упатството за измените и дополнувањата на упатството за важечки и неважечки гласачки ливчиња.

ДИК со мнозинство гласови одлучиле во вториот изборен круг,  да важат и да се бројат и гласачките ливчиња на кои ќе нема печат од избирачкиот одбор. На 31-ви се одржува вториот круг од седмите локални избори во земјава. 

ДЕНЕС ИМА НАД 500 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа биле направен 3.622 тестирањe, а регистрирани се 511 нови случаи на КОВИД-19: и тоа Скопје – 247, Куманово – 54, Велес - 29, Кочани – 21, Битола – 20, Тетово, Прилеп, Кавадарци и Штип – по 15, Крива Паланка – 10, Делчево – 9, Гевгелија – 8, Кичево – 7, Неготино и Свети Николе – по 6, Виница – 5, Охрид и Богданци – по 4, Струмица, Радовиш, Валандово и Кратово – по 3, Ресен и Демир Хисар – по 2, Гостивар, Берово, Пробиштип, Крушево и Македонкса Каменица – по 1.

Регистрирани сe 497 оздравени пациент од: Скопје – 255, Куманово – 65, Велес и Штип – 21, Прилеп – 17, Тетово – 14, Струмица – 13, Битола – 12, Охрид – 10, Кавадарци и Гевгелија – по 8, Кичево и Пробиштип – по 7, Струга и Кочани – по 6, Радовиш и Македонска Каменица – по 5, Крива Паланка и Виница – по 3, Ресен, Кратово, Богданци и Дојран – 2, Демир Хисар, Свети Николе и Дебар – по 1.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Од чевларскиот и текстилниот сектор, реагираат по најавата на премиерот Зоран Заев дека од 1 јануари минималецот ќе се зголеми на 18.000 денари, и велат дека тоа не е изводливо, односно ќе доведе до отпуштање на работници или затворање на фирми.

Дел се веќе избрани и седнаа на новите градоначалнички фотељи, дел во недела одат на соочување со своите противкандидати во вториот изборен круг и се надеваат на победа, но факт е дека новите градоначалници кои ќе бидат избрани на овие локални избори имаат уште една причина повеќе за задоволство, а тоа е дека од идната година ќе им се слеваат повеќе пари од даноци во нивните општински каси.

Посетата на популарните излетнички места завршува со огромни купишта ѓубре. Посетителите најчесто мислат дека ќе „има кој да го собере“ тоа што го оставаат зад себе, но всушност придонесуваат во создавање на огромни депонии.

„Раде Кончар Апаратна техника“ регистрирана е како холдинг за управување. Има одличен поврат од вложувања на кој може позавидат и портфолио менаџери на инвестициски фондови. 

Можеби ќе ве интересира

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани