ФАКТОР НА ДЕНОТ: ВМРО-ДПМНЕ поднесува интерпелација за Џафери, Левица ќе даде поддршка

Објавено во: Македонија 26 Мај, 2022
ОПОЗИЦИЈАТА СО ИНТЕРПЕЛАЦИЈА ЗА СПИКЕРОТ ЏАФЕРИ
Пратеничката група на ВМРо-ДПМНЕ денеска поднесе интерпелација против претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој вчера нареди да се заклучи пленарната сала заради пребројување.
Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРо-ДПМНе, пред медиумите го повика и СДСМ заедно да изгласаат разрешување на спикерот.
- Правото на движење и мисла на пратениците не може и не смее да да се ограничи. Салата се заклучува единствено, според член 97, кога се гласа за поименично изјаснување. Вратите се затвораат и не се дозволува излегување се додека трае поединечното изјаснување на барање на некој пратеник, рече Мицевски.
Претходно од Левица исто така соопштија дека Џафери направил кривично дело и дека ќе поддржат интерпелација.БРИТАНЦИТЕ КОИ НАПРАВИЈА СЕРИЈА ИНЦИДЕНТИ НЕМА ДА ОДГОВАРААТ
Британските војници, чиј контигент е дел од последната воена вежба на НАТО на полигонот Криволак, по серијата инциденти кои ги предизвикаа во земјата, според одговорот од Министерството за одбрана, нема да одговараат кривично во нашата земја.
Министерството за одбрана вели дека поведувањето постапки и евентуално санкционирање на странските војници е во надлежност на државите и институциите на земјите од каде што доаѓаат војниците.КОВАЧЕВСКИ ВЕЛИ ДЕКА НЕ ГО ПРЕЧЕКОРИЛ ПРОТОКОЛОТ СО ТОА ШТО ЈА НОСЕЛ И ЌЕРКА МУ КАЈ ПАПАТА
Премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на пратенички прашања во Собранието рече дека поведувањето на ќерката Тамара Ковачевска на аудиенција кај Папата Франциск во Ватикан не пречекорување на протоколот.
„Беше најавено дека ќе бидам придружуван од мојата ќерка и тоа е во согласност со протоколи за посета на Папа. Не е надвор од протокол да присуствува член на семејство. Историјата познава такви многу случаи на аудиенција во Ватикан. Дали ќе оди сопружник, сопружничка или друг член на семејство, зависи од изборот на државникот. Со тоа се искажува чест и почит кон домаќинот.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Можеби ќе ве интересира
ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕАТ НАД 110.000 ЛИЦА СО МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО - но многу помалку зборуваат македонски по дома, над 55 илјади

МЕТАЛНАТА ВРАТА ПАДНА ВРЗ ГРБОТ НА МОЈОТ СИН, ИМА СКРШЕНИЦА НА Р’БЕТОТ: Игралиштето во Аеродром е опасно подолго време, мајката на повреденото дете сведочи за Фактор

Запален автомобилот на прилепски функционер, градоначалникот побара оставка од полицискиот командир

Дафина Стојаноска: Талат Џафери даде па одзеде новогодишни пакетчиња, а сапун немаше со месеци
(ФОТО) Градоначалникот на Гази Баба не се одвои од Ламбе Алабаковски

Место за живот кое има сè! Вистински дом - Не само стан

УПОЗ: Наместо да се „тепаат“ во Собрание да не одат во пензија, имаме многу кадри кои чекаат да станат судии и обвинители

КОРОНА БРОЈКИТЕ РАСТАТ, НЕ ОЧЕКУВА ЛИ СКОРО ВРАЌАЊЕ НА МЕРКИТЕ: Вирусот не мирува, но клиничката форма на заразените е полесна

Мицевски: Ова законско решение се носи да се продолжи мандатот на петнаесетина судии и десетина обвинители кои носат партиски oдлуки
