20 Април, 2024
0.0283

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во Брисел нема оптимизам дека ќе ги почнеме преговорите, во Македонија се протестира

Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

МАКЕДОНИЈА НАЈВЕРОЈАТНО НЕМА ДА ГИ ПОЧНЕ ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ

Песимизам има во Брисел за почетокот на преговорите со Македонија.

Речиси воопшто нема надеж за преговори годинава поради бугарското вето. 

Повеќе високи дипломати од земји членки на ЕУ за МИА потврдија дека Северна Македонија речиси сигурно ќе биде блокирана од страна на Бугарија на следниот министерски совет на Унијата, на кој требаше конечно да биде усвоена преговарачката рамка, јави дописничката на МИА од Брисел.

Амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Брисел се состанаа денеска да ги разгледуваат заклучоците што треба да бидат усвоени на 8 декември од страна на министрите за европски работи.

Бугарија на денешниот амбасадорски состанок повторила дека нема да даде зелено светло за Северна Македонија на идниот министерски состанок на 8 декември.

ВО ЗЕМЈАВА ПРОТЕСТИ И БАРАЊЕ ЗА ОСТАВКА

ВМРО-ДПМНЕ вечерва протестираше во 11 града низ Македонија. 

Тие се револтирани од ставовите на премиерот Зоран Заев изнесени во неговото интервју за БГНЕС. Бараат да каже  што ветил на Бугарија.

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска, за време на протестот „Оставка на Заев, слобода на народот“, порача дека темелите на државноста на Република Македонија се илинденците и народноослободителната борба на партизанското движење АСНОМ и дека никој нема право да ги негира овие историски факти, а најмалку оној кој треба да го води македонскиот народ кон подобра иднина.

Изјавите на Заев ги нарекоа скандалозни. 

ИЗЈАВИТЕ НА ЗАЕВ НЕМА ДА ВЛИЈААТ НА ИСТОРИЧАРИТЕ

Драги Ѓоргиев, предводникот на македонските историчари во мешовитата комисија со Бугарија, вели дека позициите на премиерот Зоран Заев нема да им наштетат и дека историските факти се над индивидуалните ставови на политичарите.

„Ставовите на премиерот нема да ни ги врзат рацете и да не стават во подредена положба“, изјави тој за телевизија Алфа.

Евроинтеграциите на македонската нација не смее да се условуваат со ултимативно прифаќање на „историски вистини“ од други национални историографии. 

ПОВЕЌЕ ПАРТИИ ПРОТИВ ГЛАСАЊЕ ОНЛАЈН ВО СОБРАНИЕТО

Опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Алијанса за Албанците и Алтернатива поднесоа 3.000 амандмани во Собранието за да ја блокираат промената на Деловникот со која заболените пратеници од Ковид-19 и оние кои се во изолација треба да гласаат и да учествуваат онлајн на седниците.

На овој начин опозицијата сака да ја затрупа собраниската Комисија за деловнички и мандатно имунитетни прашања, која треба да расправа за онлајн работата на Собранието.

 ВМРО ДПМНЕ ќе поднесе 1350, Алијанса и Алтернатива околу 300, а Левица околу 1400 амандмани, бидејќи како што гласи нивното објаснување, сметаат дека тоа може да доведе до злоупотреба на системот во време кога пред пратениците можат да се најдат клучни Закони или документи за гласање.

ПЛЕВНЕЛИЕВ ГО КАЖА СТАВОТ ЗА БУГАРСКОТО ВЕТО

И поранешниот претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев, во својата анализа за 24 Часа за македонско-бугарските односи смета дека Македонија треба да се откаже од наследството и идеологијата на „комунистичкиот диктатор Тито“

„Големата драма на Владата на Република Северна Македонија не е Бугарија, туку прво - наследството и идеологијата на комунистичкиот диктатор Тито, поддржана од силно српско-руско влијание, и второ – идејата за „Голема Албанија“, која е фиксирана во сознанието на Албанците во Северна Македонија. Второто е навистина големиот проблем и тој може да биде решен само ако Република Северна Македонија и Република Албанија преговаарат и се присоединат во ЕУ заедно“, пишува Плевнелиев.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Промени во Надзорниот одбор на Триглав пензиско друштво. Оставка од одборот поднел Никола Танасоски. На негово место како независен член на Надзорниот одбор бил Мирослав Вујиќ. 

Друштвата кои ги спроведуваат теоретските и практичните испити за идни возачи имаат профитни маргини на кои можат да им позавидат многу компании. 

Законското решение со кое ранливи категории граѓани ќе добиваат по 6.000 денари на трансакциска сметка и ќе можат да ги користат со нивната дебитна картичка ќе биде изгласано во Собранието наскоро, уверуваше заменик министерот за финансии Димитар Ковачевски. 

Д-р. Ирина Бухова, директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, во интервју за Фактор открива дека во голем број институции има вработени кои со месеци наназад користат боледувања, а при тоа на секои две недели менуваат дијагнози.

Објектот на поранешната болница „Мала Богородица“ е во финална фаза на опремување и адаптирање во ковид-центар и секој момент очекува да ги прими првите пациенти. Ваков чекор беше преземен по прогласувањето на кризната состојба, а на иницијатива на Министерството за здравство и министерот Венко Филипче по што беше одржана средба со претставници на трите приватни клиники во земјава.

До почетокот на оваа недела требаше да бидат завршени сите правни работи за да може поранешната болница „Мала Богородица“ да почне да ги прима првите пациенти болни од ковид кои се со средна тешка клиничка слика, а на кои им е неопходно болничко лекување.

Посредниците за добивање на бугарски пасоши, велат дека мала е веројатноста дел од Македонците да се откажат од бугарските пасоши, откако Бугарија ја блокираше Македонија за почеток на преговори со Европската Унија.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан