19 Април, 2024
0.0299

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во Ковид центарот во Тетово нема надворешни лица, германските експерти стигнуваат деновиве

Објавено во: Македонија 14 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

ДСЗИ СООПШТИ КАКВА СОСТОЈБА ЗАТЕКНАЛЕ ВО ТЕТОВО

Неколку дена по големата трагедија во Тетово во која при избувнување на пожар во модуларната болница загинаа 14 лица, од кои 12 се пациенти, а две се надворешни лица, јавноста е разбранувана со информации дека во Ковид-центарот во Тетово блиски роднини се грижат за пациентите, по што инспекторите направија вонреден надзор во неделата.

-Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) на 12.09. 2021 година (недела), при допрен глас дека во Ковид центарот при Клиничката болница во Тетово има цивили, членови на заболени од Ковид 19, изврши вонреден инспекциски надзор во Клиничката болница. Во моментот на инспекцискиот надзор, инспекторите не затекнаа надворешни лица и не констатираa повреда на законот, тоа најверојатно се должи на реалните промени во функционирањето на болницата, под притисок на јавноста по трагичниот настан. ДСЗИ ќе продолжи со вонредни надзори и врз оваа болница, но и врз сите останати Ковид центри, секогаш кога ќе добие пријава или по допрен глас.

ДСЗИ може да постапи само ако во моментот на надзорот најде присутни цивили во Ковид-центарот каде е забранета посета, соопштуваат од Инспекторатот. 

ЗА 24 ЧАСА ИМА 30 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД

Во последните 24 часа се направени 4.511 тестирања, а регистрирани се 572 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 287, Куманово – 58, Кавадарци – 24, Тетово и Кичево – по 21, Велес - 19, Гостивар – 15, Прилеп - 14, Битола, Кочани и Радовиш - по 11, Струмица – 10, Охрид и Струга – по 9, Штип и Свети Николе – по 8, Гевгелија – 7, Неготино, Берово и Валандово – по 4, Ресен и Пробиштип – по 3, Виница и Кратово – по 2, Крива Паланка, Делчево, Богданци, Македонски Брод, Демир Хисар, Пехчево и Македонска Каменица – по 1.

Регистрирани сe 694 оздравени пациенти од: Скопје – 340, Куманово – 63, Струмица – 49, Гостивар – 45, Тетово – 44, Дебар – 21, Штип  - 19, Радовиш – 18, Кавадарци и Велес – по 14, Гевгелија и Крива Паланка – по 11, Неготино – 9, Делчево – 7, Кочани и Виница – по 5, Кратово – 4, Свети Николе и Валандово – по 3, Кичево и Берово – по 2, Прилеп, Струга, Пробиштип, Богданци и Македонска Каменица - по 1.

Пријавени се 30 починати лица: 10 починати лица од Скопје (88г, 76г, 74г, 74г, 70г, 67г, 67г, 63г, 59г, 43г), 4 починати лица од Гостивар (77г, 71г, 57г и 51г), по две починати лица од Куманово (82г и 78г), Тетово (75г, 58г) и  Кавадарци (69г, 66г), по едно починато лице од Велес (77г), Струмица (82г), Штип (83г), Неготино (98г), Свети Николе (66г), Радовиш (68г), Берово (69г), Виница (77г), Демир Капија (25г) и Пехчево (78г).

РУСКОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ДОКУМЕНТАЦИЈАТА ЗА МОДУЛАРНИТЕ БОЛНИЦИ Е ОБЕМНА

Вилма Русковска, шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОК), вели дека документацијата за тендерот за изградба на модуларните ковид-болници низ Македонија со кредит од Светска банка е обемна и дека треба да се истражува детално.

„Станува збор за обемна документација од околу 5.000 страници“, открива обвинителката за Дојче Веле, по пожарот во Тетово, каде згаснаа 14 животи. Таа очекува во наредните денови да ја добијат севкупната документација, како и комуникацијата со Светска банка.

Во моментов Основното јавно обвинителство - Тетово е тоа кое се занимава за прашања како техничкиот прием, приклучоци за вода, електрична енергија, довод на кислород, стандарди за противпожарна заштита, материјали од кои е изградена модуларната болница и слични аспекти.

ГЕРМАНСКИ КРИМ ТЕХНИЧАРИ СТИГНУВААТ ДЕНОВИВЕ

Душко Арсовски, гласноговорникот на Владата, на денешната прес-конференција рече дека најавените германски експерти за испитување на причините за несреќата во тетовската модуларна болница се уште не се пристигнати дека се очекуваат деновиве.

„Германскиот тим од федералната криминалистичка служба кој што треба да пристигне деновиве по првичната претходница, составен е од четворица експерти од кои двајца крим техничари-форензичари за пожари и двајца крим техничари-форензичари за ласерско мерење на простории и за фотографирање.

Во МВР се подготвува план за поддршка во форма на алат, нацрти и планови и други информации кои ќе можат да помогнат. Ќе работат заедно со крим-техничарите на МВР како поддршка за Обвинителството“, изјави Арсовски како одговор на новинарско прашање.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Рестрикциите за патување во странство се менуваат често, зависно од епидемиолошката состојба кај нас и во останатите земји, и тоа придонесе многу македонски граѓани иако сакале и планирале, воопшто да не заминат на работа во странство.

Инвестициите од странски кредитирања за подобрување на македонската патна инфраструктура се преполовиле во 2020, покажува извештајот за работата на Јавното претпријатие за државни патишта.

Колку е дигитален процесот на учење во основните улчилишта во четвртите одделенија каде требаше да се применува од годинава? Додека учебната година го троши првиот месец, во повеќето училишта нема паметни табли, учениците немаат уреди преку кои можат да имаат пристап до учебниците во училниците, а немаат ниту печатени учебници.

По пет години од отворањето на предметот во предистражна постапка, надлежниот скопски обвинител стигна до фазата да ги повика на распит лицата од „Таргет груп“. Централен регистар и МВР против оваа фирма поднеле кривична пријава за упад во компјутерскиот систем и неовластено превземање и препродавање податоци на ЦР преку нивната веб апликација „Бизнис мрежа“.

На нецели три недели до први октомври, денот кога треба да стартува недела неработен ден, како огромен и сериозен проблем се наметнува фактот што се уште не се изгласани потребните закони за таа новина.

Причините за пожарот во модуларната болница во Тетово за кој и Обвинителството отвори предмет и сите околности околу настанот кој заврши трагично отвораат прашања кои ја мачат јавноста. 

До средината на октомври треба да има расплет во однос на аферата со мазутот за која во јули Регулаторната комисија за енергетика почна постапка кон четири трговци на големо со сурова нафта и нафтени деривати.

Од ССМ бараат Исмаили во најкус можен рок да закаже седница на Комисијата за труд и социјална политика, на која ќе се разгледуваат предлог законските измени на Законот за работни односи во второ читање. 

Можеби ќе ве интересира

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите