ФАКТОР НА ДЕНОТ: Заев вели дека пораката е примена, добиле жолт картон, но ќе се поправат
Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2021
ЗАЕВ ВЕТИ ДЕКА ЌЕ ГО СЛУШААТ ГЛАСОТ НА НАРОДОТ
Maкедонскиот премиер Зоран Заев денеска изјави дека добиле „жолт“ картон од граѓаните и дека СДСМ се менува од овој момент.
Вели дека од нив зависи дали тој картон ќе биде црвен. Заев нагласи дека се свесни дека повеќе нема толеранција за повторување на истите грешки. Премиерот кажа дека Владата не може напред, ако Скопје влече назад.
„Ние сме партија која ги слуша луѓето, а не гази врз нив. СДСМ учи, се менува, и ги поправа сопствените грешки за да обезбеди брз напредок на државата и подобар живот за граѓаните. СДСМ од понеделникот е влезена во процес на редефинирање и унапредување на каналите за интеракција и комуникација со граѓаните. Од овој момент СДСМ постапува по насоката која ја даде народот и СДСМ се менува“, кажа на СДСМ.
На седмите локални избори кое се одржаа во неделата, СДСМ изгуби голем број гласови. Независните листи влегоа во многу општински совети.Вчера беше објавено писмо на Заев во кое тој вели дека режимот влегол во некои општини.
ДЕНЕС ИМА НАД 480 ЗАРАЗЕНИ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 3.491 тестирањe, а регистрирани се 487 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 230, Куманово – 50, Штип – 28, Прилеп – 25, Кочани –20, Велес – 18, Битола – 13, Струмица – 10, Гевгелија – 9, Кавадарци, Охрид и Кратово – по 8, Тетово, Неготино, Свети Николе и Ресен - по 6, Кичево и Крива Паланка – по 5, Струга и Пробиштип – по 4, Радовиш и Виница – по 3, Валандово, Богданци, Крушево, Македонска Каменица и Пехчево – по 2, Берово и Демир Хисар – по 1.ПАРТИИТЕ СО КАЛКУЛАЦИИ ЗА ВТОРИОТ КРУГ
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Од општина до општина и на овие локални избори варира бројката на неважечки гласачки ливчиња.