ФАКТОР НА ДЕНОТ: Законот за бранители ја „тресе“ владината коалиција
Објавено во: Македонија 24 Септември, 2024
ЗАКОНОТ ЗА БРАНИТЕЛИ ВНЕСЕ РАЗДОР ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
Пораки за среќа им испрати премиерот Христијан Мицкоски на коалиционите партнери од „Вреди“ и на опозициската ДУИ, откако едните се заканија дека ќе ја напуштат Владата ако се донесе Законот за бранителите, а другите најавија протести за укинувањето на балансерот. Пратеникот Халил Снопче во телевизиска емисија ја најави можноста да излезат од владејачката коалиција ако се укине Законот за употреба на јазиците и ако се донесе Законот за бранителите.
Премиерот беше со идентичен одговор и на прашањето за вчерашната изјава на Ахмети, дека ќе протестираат доколку се укине балансерот.НИКОЛА МЕМОВ Е НОВ ДИРЕКТОР НА ПИОМ
Портпаролот на ЗНАМ – За наша Македонија, Никола Мемов, е именуван за директор на ПИОМ.
Мемов е дипломиран инженер-технолог во петрохемиско инженерство на Технолошко-Металуршки факултет во Скопје.
Тој во својата работна кариера бил генерален директор на компаниите „Фабрика Карпош АД Скопје“, „Maкeдонијапроект АД“, бил извршен директор во „SIFEXS TRADE“, а во повеќе наврати бил ангажиран и на проекти од страна на министерствата за економија и правда.ОД ДЕНЕСКА 73 ПРОИЗВОДИ СО ПОНИСКИ ЦЕНИ
Од денеска стапува на сила владината одлука за ограничување на маржите до 10 отсто на над 70 производи во трговијата на големо и во трговијата на мало.
Одлуката официјално стапува на сила со датум 24 септември, а ќе трае до 31 октомври. На рафтовите и фрижидерите каде стојат овие производи, трговците мора да стават етикети со натпис „помалку трошоци, повеќе за тебе“.
Ова е листата на 73 основни прехранбени производи за кои надлежните очекуваат од денеска да поевтинат за околу 10 отсто.Владата денеска на редовна седница ги забрани онлајн игрите на среќа.Ова следи по собраниското толкување дека лиценца за тоа има само АД Државна лотарија.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Директорот на „Аутомакедонија“, Игор Илиевски, купил 400 акции од компанијата со која раководи.
Пропадна обидот за преземање на Стопанска банка Битола од страна на Комерцијална банка.
Чуварот на заштедите на граѓаните кои се наоѓаат во банките, а тоа е Фондот за осигурување на депозити, оваа година ќе биде побогат за осум и пол милиони евра од тоа што било планирано пред да започне оваа 2024 година.фото Фејсбук/Христијан Мицкоски
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.