31 Август, 2024
0.0270

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ЗЕЛС бара оставка од Данела Арсовска, таа преку отворено писмо бара помош од Мицкоски

Објавено во: Македонија 30 Август, 2024

Добивај вести на Viber

ЗЕЛС БАРА ОСТАВКА ОД ДАНЕЛА АРСОВСКА

Заедницата на единиците на локалната самоуправа(ЗЕЛС) бара оставка од градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. 

Градот има проблеми со хигиената, но и јавниот превоз.

„ЗЕЛС е подготвенa да предложи и измени на законски решенија за да може да се одземат ингеренциите на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, доколку таа не поднесе оставка на функцијата“, изјави денеска претседателот на ЗЕЛС Орце Георгиевски.

Додаде дека барањата на градоначалничката Данела Арсовска во пракса нема ништо да променат.

AРСОВСКА БАРА ПОМОШ ОД МИЦКОСКИ

Скопската градоначалничка Данела Арсовска денеска упати отворено писмо до премиерот Христијан Мицкоски. 

„Како претседател на Владата на Република Македонија и лидер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Ве повикувам и Ве замолувам да внесете разум во делувањето на советниците од ВМРО-ДПМНЕ и Вашата коалиција во Советот на Град Скопје. Крајно неодговорно и неразумно е граѓаните на главниот град да бидат жртви на самоволието на 23 лица чие единствено политичко делување е преку деструкција, блокади и политички манипулации. Граѓаните на градот Скопје не смеат да бидат жртви на политичките амбиции на поединци од Советот на Град Скопје.

СЕ ПОЈАВИ ЛАЖНА ВЕСТ ЗА КАЛИОПИ, ТАА БАРА ПОЛИЦИЈАТА ДА РЕАГИРА

Се појави лажна вест на интернет дека поп пејачката Калиопи починала, а таа случајот го пријавила во полиција. 

„Секогаш велев дека нема добри и лоши луѓе, но има луѓе и нелуѓе. За сторителите на овој нечовечки чин е поведена постапка до надлежните органи“, пишува таа. 

РЕГИСТРИРАН Е ТРЕТ СЛУЧАЈ НА ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА

Регистриран е трет случај на заболен од западнонилска треска во државата. 

Трет случај на заразен со вирусот западнонилска треска во Македонија регистрираше Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Станува збор за 60-годишна жена од Тетово, која негира дека била на патувања надвор од земјава, како и надвор од местото на живеење во период на инкубација.

Заразената забележала каснувања на комарци 15 денови пред почетокот на првите симптоми. Од ИЈЗ велат дека пријавата била на 22 месецов. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Огнен Димитров, синот на професорот од Машинскиот факултет - Скопје, Константин Димитров, инаку еден од најголемите критичари на енергетската политика на минатата власт, стана еден од директорите  „Номагас“, акционерското друштво во државна сопственост за одржување на системот за пренос на природен гас и за гасификација.

Поранешниот македонски кошаркар Перо Антиќ вели дека полесно е да се игра во НБА, отколку во Евролигата. Во НБА, како што рече тој, потпишуваш договор и никој не ти прави притисок како играш, додека во Европа се бараат резултати и може „да добиеш само една плата и да се збогуваш од клубот доколку не прикажуваш добри партии“.

АД Електрани на Македонија дури 60 отсто од предвидените пари за јавни набавки во 2023 ги дал кај шест „омилени“ фирми-тендерџии. Ова го покажува објавениот извештај „црвени знамиња“ на Бирото за јавни набавки. 

Комерцијална банка објави многу значајна информација во врска со понудата за преземање на Стопанска банка Битола, а која се однесува на акционерите на таа банка, кои ќе сакаат да ги продадат своите акции и со тоа да заработат по 3.200 денари од акција. 

Читањето на книги носи многу бенефити за менталното здравје.

Можеби ќе ве интересира

БУГАРСКОТО МНР РЕАГИРА ЗА ИЗЈАВАТА НА НИКОЛОСКИ: Ја повикале македонската амбасадорка

БУГАРСКОТО МНР РЕАГИРА ЗА ИЗЈАВАТА НА НИКОЛОСКИ: Ја повикале македонската амбасадорка

ЗАРАЗЕНА Е ЖЕНА ОД ТЕTOВО: Регистриран е трет случај на западнонилска треска во Македонија

ЗАРАЗЕНА Е ЖЕНА ОД ТЕTOВО: Регистриран е трет случај на западнонилска треска во Македонија

ИНЦИДЕНТ: Во Желино e прободено лице кое му се зaканувало на градоначалникот

ИНЦИДЕНТ: Во Желино e прободено лице кое му се зaканувало на градоначалникот

БЕШЕ РЕГИСТРИРАН ПРЕД ДВЕ ГОДИНИ: Грција го укина Центарот за македонски јазик во Лерин

БЕШЕ РЕГИСТРИРАН ПРЕД ДВЕ ГОДИНИ: Грција го укина Центарот за македонски јазик во Лерин

СЕ ПОЈАВИ ЛАЖНА ВЕСТ ДЕКА КАЛИОПИ ПОЧИНАЛА: Пејачката бара полицијата да го расчисти случајот

СЕ ПОЈАВИ ЛАЖНА ВЕСТ ДЕКА КАЛИОПИ ПОЧИНАЛА: Пејачката бара полицијата да го расчисти случајот

ЗЕЛС: За Скопје спас во моментов е доколку Арсовска си поднесе неотповиклива оставка

ЗЕЛС: За Скопје спас во моментов е доколку Арсовска си поднесе неотповиклива оставка

СИНЏИАНГ-„РОДЕН ГРАД НА ПЕСНАТА И ТАНЦОТ“: Кинескиот автономен регион е колоритен мозаик на етнички диверзитет

СИНЏИАНГ-„РОДЕН ГРАД НА ПЕСНАТА И ТАНЦОТ“: Кинескиот автономен регион е колоритен мозаик на етнички диверзитет

Претставена онлајн платформа за борба против корупција во процесот на урбанистичко планирање

Претставена онлајн платформа за борба против корупција во процесот на урбанистичко планирање

АРСОВСКА СО ОТВОРЕНО ПИСМО ДО МИЦКОСКИ: Набавете автобуси за главниот град

АРСОВСКА СО ОТВОРЕНО ПИСМО ДО МИЦКОСКИ: Набавете автобуси за главниот град