23 Април, 2024
0.1521

ФАКТОР СО СВЕДОШТВА ОД КИЕВ: Наши пријатели за стравот, емоциите, животот во очајот

Објавено во: Македонија 25 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

Фактор стапи во контакт со неколкумина граѓани на Украина. Сите со свои сведоштва. Како од вчера се живее во оваа земја, дали се чувствуваат безбедни, колку се плашат, што им е во мислите? И има страв, многу емоции, многу живот во очајот кој сега ги снајде. Контактот со нив ни го обезбеди Иван Ивановски, кој долги години работел таму, а моментно е овде.

Панченко Александар Валентинович , од градот Лвов, работи во компанија Сика Украина во Киев. Голем пријател е на Македонија и има другари од нашата земја.

-Утрото по 05 часот ме разбуди силна детонација. Излегов на тераса и со свои очи видов неколку ракети кои беа наменети за воениот аеродром во Василкив, град на 30 километри од Киев, во страната на Одеса. Бев изненаден, не очекував дека тоа ќе се случи. Со своето семејство живеам многу блиску до Василков и констатиравме дека тоа е реалната ситуација. Стигнаа вести дека се ракетирани повеќе воени цели во Украина. Сметаме дека Лвов е побезбедно место и е подалеку од Киев (550 километри) решивме да го напуштиме Василкив. На пат од Киев, во страна на Житомир, имаше огромна колона возила. Сите го напуштаа градот. На бензиските станици имаше големи колони возила, чекаа да купат гориво. Полнењето гориво беше ограничено - 20 литри по возило. Уште сме на пат кон Лвов и неизвесно је кога ќе стигнеме. Целта ни е да стигнеме до својот стан и да ја следиме ситуацијата. Но, слушаме дека ситуацијата се менува од минута во минута и тоа на полошо.

Сидоренко Иван Володимирович, роден во близината на Киев во местото Гогољив, а работи и живее во Киев. Има многу соработници од Македонија кои се занимаваат со градежништво во Киев.

-Не разбудија рано околу 5. 30 минути неколку детонаци. Не верувавме дека е напад од Руска страна, но набргу стигнаа вести дека се ракетирани неколку воени цели во околината на Киев. Со сопругата и синот се договоривме веднаш да заминавме во селото Гогољив, оддалечено околу 45 км од Киев каде што живеат моите родители. Големи колони возила го напуштаа Киев. Големи колони возила имаше и по бензиските станици, а купувањето на гориво е ограничено. Постапуваме во моментов по инструкции. Ги блокираме со даски сите прозори, а во подрумските простории ги обзидуваме со зидање. Селото се наоѓа блиску до воена база на Украина, која е веќе ракетирана и се плашиме од дополнителни дејствија чии детонации можат да влијаат на објектите. Селото не е стратешко и нема никакви воени капацитети и цели.Сметма дека е безбедно, а родителите се категорични дека нема да го напуштат домот.Ќе чекаме да видеме како ќе се разбудиме утре.

Татјана Кузнецова, работи во Гранит Украина во Киев, бегалец од Донецка област при прогласувањето на Независна донецка Република во 2014 година.

-Сабајле после 05 часот силни детонации ги разбудија сите станари во зградата. Сите преседавме во ходник. Пристигнуваа разни информации. Мајка ми која постојано живее на територијата на Незвисна Донецка република пред неколку дена беше евакуирана и дојде во Киев.

Во текот на денот бевме во набавка на продукти. По маркетите има се како и нормално. Но, видно е зголемно купување на продукти и редици по маркетите. По улиците на Киев е се нормално, но видно е дека населението живее во страв и само една тема е на разговор. Ситуацијата во Киев е спокојна, но вестите што стигаат по медиумите се загрижувачки. Во неизвесност го чекаме следниот ден.

Наталија Ивановна од село Верба, Ровинска област. Во околината со оглед на тоа што е нестратешко место, не почувствувале детонации.

- Но, вестите на рекетираните места е страшно. Продукти по продавниците има нормално, по бензиските станици е невозможно да се дојде на ред. Огласите за целосна мобилизација, го загрижуваат секое семејство. Но, голем е бројот на млади луѓе кои се пријавуваат како доброволци. Стигнаа вести дека Руските сили ја зазеле атомската централа Чернобиљ. Зазеле воен аеродром во Гостемињ, тоа е во непосредна близина на Киев, во страна на Житомирска област. Главниот меѓународен пат Киев - Чоп поминува низ средината на селото. Цел ден имаше колона возила кои го напуштаат Киев и одат на разни страни. Жално е да се гледа оваа евакуација. Има семејства кои знаат кај одат, но има и такви кои одат во неизвесност. Многумина заминуваат за Полска преку Волинска област, но со оглед на целосна мобилизација сите способни мажи од 18 до 60 години не ги пропуштаат, а за пропуштените се организирани прифатилишта. Во нашиот регион прогласија небезбедни подрачја за живеење. Тоа се реони во чија близина има воени складишта на гориво и воена опрема. Луѓето ги напуштаат овие делови и се снаоѓаат како што знаат и умеат.

Сведоштво на Македонец

Гигоски Спасе од Гостивар кој повеќе од 30 години има своја фирма во градот Хуст, Закарпатска област

-Се е нормално кај нас, но слушаме дека многу воени бази на територијата на Украина се ракетирани. Утрото бев во канцеларија, потоа отидов во банка и до бензиска станица. Ограничено е работењето на банките. Не дозволуваат користење на банкарска сметка на фирма, можеш да подигнеш ограничена сума на гривни, а од лична сметка може само од банкомат што е исто така ограничено. Утрината давале неограничено количество на гориво, но откако се создале големи редици, дозволено било само 20 литри. Попладнето редиците се намалиле и приквечер давале исто така неограничено. Хуст е мало место во кое има седум бензиски станици и задоволуваат нормално снабдување. Во Хуст сум со синот снаата и внукот. Жена ми и ќерките ми се во Македонија. Се обидов, но не можам да стапам во контакт со македонската амбасада во Киев. Со години сум тука, но и на релација Гостивар - Хуст и не чувствувам потреба да мислам на евакуација. Работните обврски не ми дозволуваат.

 Соња Алексоска Неделковска 


Можеби ќе ве интересира

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор