ФАЛСИФИКУВАНИ ПАСОШИ: Ги продавале за цена до 8000 евра
Објавено во: Балкан 09 Август, 2018
Kриминална група се занимавала со изработка и продажба на фалсификувани пасоши и други патни исправи на мигранти.
Oва го соопшти грчката полиција која ја разби групата.
Во полициското соопштение стои дека фалсификаторите ги продавале патните исправи за цена од 5.000 до 8.000 евра.
Полициската акција се спроведе во атинското предградие Агиос Пантелејмон, каде се сместени илјадници мигранти. Ова место важи за главен центар за илегален мигрантски транспорт кон Западна Европа.
Во изминативе неколку месеци во Грција, но и во Германија, се уапсени стотици мигранти кои имале фалсификувани документи.