20 Април, 2024
0.0300

Фантастични 4 години на забава и шопинг во Капитол мол

Објавено во: Мои пари 07 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Веќе 4 години Капитол мол цели кон креирање на атмосфера која го претвора шопингот во забава и среќа. Овој мол со секој чекор кој го презема го претвора својот топол амбиент во идеално место за сите кои сакаат добри модни парчиња, книга, забава, фитнес, шопинг, куглање, кафе и добра храна.

Оваа година 4-от роденден Капитол мол ќе го слави 5 дена кои ќе бидат исполнети со забава, музика, детски игри, попусти и подароци. Посетителите ќе можат да го искористат ова уникатно шопинг искуство во незаборавна атмосфера и одлични попусти. Прославата е надополнета со фантастична музичка програма. Во петок, 08.12.2017, посетителите ќе можат да уживаат во музиката на ContruDJ и настапот на Beatrix Crew, аво сабота, 09.12.2017, неизбежни ќе бидат настапите на Brass Brothers и DJ Branchez.

Покрај одличната музичка програма оваа година во фокусот е и богатата семејна и детска програма која никој нема да остави рамнодушен. Во петок, 08.12.2017, целото семејство може да учествува во семејните игри додека малите во текот на денот ќе може да цртаат роденденски честитки со уметниците Тоциновски. Природата на оваа програма и нејзината цел е да создаде среќа и насмевки кај најмалите во текот на целата роденденска прослава на Капитол мол. Во сабота, 09.12.2017, ќе се одржи годишното финале на ЛЕГО турнири со КРШ и ќе има роденденско караоке во игротеката Kids Park со „Поточиња“ и со многу подарочиња. Во недела, 10.12.2017, детска салса ќе играат танчерите од академија „Рекреатива“, ќе се забавуваме со пантомимичари и ќе се одржи куклено шоу. Забавата ќе продолжи и во понеделник и вторник, 11 – 12.12.2017, со читање поезија, хуманитарна претстава „Од децата за децата“, музички концерт на училиштето „Кредо“. Во текот на роденденот атмосферата ќе биде надополнета со аниматори, штулари и магионичари и ќе следат бројни изненадувања за сите.

Искуствата кои ги пренесоа посетителите во последните 4 години му покажаа на Капитол мол дека центарот прерасна во заедница и место каде најзначајна е топлата и семејна атмосфера и забавниот шопинг исполнет со музика.

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга