Фатен е човекот кој ставал игли во јагоди
Објавено во: Свет 19 Септември, 2018
Австралиската полиција денеска уапсила момче, кое признало дека ставало игли во јагоди кои се продавале во супермаркетите.
Се работи за малолетник. Рекол дека ставал игли во јагодите низ супермаркетите зашто тоа му било забавно. Инаку поради неговата ,,забава “ илјадници фармери мораа да го фрлат овошјето, а рафтовите во супермаркетите со денови беа празни.
Полицијата распиша награда од 100 000 долари за оној што ќе понуди информација за лицето кое става игли, но денеска не соопштија дали момчето само се предало или некој го открил и ја зел наградата.
Премиерот на Австралија, Скот Морисон по повод овој случај што го потесе континентот изјави дека ќе се зголемат казните за оние кои намерно контаминираат храна. Така сегашните 10 години ќе се зголемат на 15 години затвор.
За премиерот труење на јагоди со игли за шиење е рамно на тероризам и затоа ќе побара да се зголемат казните.
Се проверуваат 100 случаи на контингенти јагоди во кои имало игли низ целата земја, а биле произведени во Квинсленд. Игли се пронајдени не само во јагоди туку и во банани и во јаболка.