Фејсбук објави детали за криптовалутата Либра
Објавено во: Економија 18 Јуни, 2019
Фејсбук конечно ги откри деталите за неговата криптовалута Либра, која ќе ви овозможи да купувате работи или да испраќате пари на луѓе со речиси нула данок.
Фејсбук се здружи со 28 партнери во проектот Libra Association што ќе управува со новата дигитална валута. Според информацвиите , планираат да ја лансираат на почетокот на 2020 година.
Партнери во проектот се моќни компаниуи како Mastercard, Visа, Spotify Technology, Paypal, eBay, Uber Technologies, Vodafone Group, како и инвестициски компании од типот на Andreessen Horowitz .
Се надеваат дека со стартот на Либра ќе се соберат околу 100 компании . Секоја членка добива по еден глас во носење на клучните одлуки за мрежата за тргување со либра , а компаниите мора да вложат најмалку 10 милиони долари , за да бидат дел од групацијата.
По првата година, Фејсбук нема намера да го задржи водечкото место меѓу членките.
Компанијата основа и филијала наречена Калибра, која ќе нуди дигитални паричници за потребите на штедење, праќање пари и потошувачка на либра.
Kалибра ќе биде поврзана со платформите на фејсбук за праќање пораки како Messenger и WhatsApp, кои веќе имаат над милијарда корисници.