19 Април, 2024
0.0265

Фени на пат повторно да стане еден од најважните капацитети за македонската економија

Објавено во: Мои пари 23 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Првите количини на никел од еден од нашите најголеми индустриски капацитети, Фени индустри излегоа на почетокот на март и во овие два месеци се произведени 1500 тони никел, со што компанијата на која, поради огромните долгови, и се закануваше затворање и отпуштање на вработените, е на добар пат повторно да стане успешна компанија. Благодарение на начинот на кој се спроведува стечајната постапка во која во декември се распиша јавен повик за склучување договор за соработка, Фени индустри денес е една од ретките компании каде стечајот не значеше престанок на производството и отпуштање на вработените. Швајцарскиот фонд ГСОЛ кој беше избран и склучи договор за соработка на период од шест месеци, успешно го рестартираше производството на никел во Фени.

Моментално во фабриката работат околу 800 лица кои редовно земаат плата, а ангажирани се уште 200 надворешни добавувачи. За организирање на производството ГСОЛ вложи околу 70 милиони евра кои се искористени за набавка на руда, резервни делови, ангажирање кооперанти, исплата на плати на вработените и друго. Досега се набавени 200.000 тони руда од Африка, а како што велат од ГСОЛ се разгледува можноста таа во иднина да се набавува од Индонезија и од земји од Латинска Америка.

„Фени е модерна компанија и е еден од подобрите капацитети за преработка на никелова руда во светот. Но нејзина вредност не се зградите, туку  вработените и производниот процес и затоа има одлична перспектива. Фени индустри е на добар пат да стане успешна компанија која ќе придонесува за македонската економија и секако за локалната заедница“, вели Герасим Кујунџиев, директор на ЕуроНикел, компанијата која ГСОЛ ја регистрираше во Македонија.

Независно од стечајната постапка и договорот за соработка, ГСОЛ има откупено речиси 80 отсто од побарувањата на доверителите во Фени - од банки, транспортери, вработени, добавувачи и стана најголем доверител во комбинатот. Претходниот сопственик Кунико ресурсис го остави Фени индустри со долгови од 67 милиони евра, а вработените со неисплатени плати и никаква иднина. Денес вработените се повторно ангажирани и редовно добиваат плати кои, ако пред стечајот, заедно со бонусите, просечно изнесуваа 23.000 денари, денес се 27.000 денари. Стечајната постапка во Фени е инаку една од ретките во земјава каде вработените не останаа без работа.

Плановите на ЕуроНикел, односно ГСОЛ, предвидуваат по усвојување на планот за реорганизација од страна на доверителите, што се очекува да се случи до крајот на август, да се почне со постапка за рестартирање и на втората производна линија за која е потребна реставрација и нови вложувања. Со нејзина работа ќе се отвори простор за нови вработувања и Фени индустри тогаш ќе има 1000 вработени и годишно производство од 20.000 тони никел.

Фени е инаку еден најголеми индустриски капацитети во земјава, еден од најголемите извозници и кога работи придонесува со 1 отсто во БДП на Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година